Брнабиќ очекува дека владата ќе биде формирана во септември


Мандатарката за состав на новата влада Ана Брнабиќ денеска изјави дека верува оти владата ќе биде формирана во септември.
 
Брнабиќ за телевизијата Прва изјави дека Синиша Мали, Милош Вучевиќ и Ивица Дачиќ сигурно ќе бидат во владата, но дека се уште не е време да се зборува за кадрите.
 

„Од моментот кога ќе ја добиете довербата и ќе бидете назначени за мандатар до моментот кога ќе бидете премиер, има многу работа и многу предизвици. Треба да се завршат и преговорите со коалициските партнери“, рече Брнабиќ.

Според неа, најважно во иднина е Србија да има единство, посветеност и сила.