Вучиќ тврди дека се планира општ напад на северот на Косово


  Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва изјави дека владата на Косово дала рок за пререгистрација на српските регистарски таблички до крајот на септември, што значи, како што рече, дека планираат генерален напад на северот на Косово најдоцна до 1 октомври. „Ја имаме петтата земја која го повлече признавањето и чекаме да влезат во процедура […]

Во Хрватска се зголемува бројот на новозаразени со Ковид-19


Хрватска– Во Хрватска има зголемување на бројот на новозаразени со Ковид-19, но засега не се планира враќање на епидемиолошките мерки. Националниот штаб за цивилна заштита соопшти дека во изминатите 24 часа се регистрирани 1.197 нови случаи на инфекција, а едно лице починало. Тоа е речиси двојно повеќе новозаразени од минатата недела. Активни се 4.647 случаи, […]

Социјалистите му свртеа грб на Петков, ги прекинаа преговорите за нова влада


  Протерувањето на 70 руски дипломати ја натера Бугарската социјалистичка партија (БСП) да ги прекине разговорите за формирање на нов кабинет со Продолжуваме со промените. Така, само Демократска Бугарија и неколку независни пратеници останаа да ја поддржат партијата на Кирил Петков и Асен Василев. „Ги прекинуваме сите преговори со Продолжуваме со промените за формирање влада. […]

Турција бара екстрадиција на 33 лица од Финска и Шведска


Турција ќе побара од Шведска и Финска да екстрадираат 33 членови на движењето ПКК и ФЕТО, кои ги смета за терористи, соопшти денеска турскиот министер за правда Бекир Боздаг. Барањето доаѓа еден ден по потпишувањето на Меморандумот меѓу трите земји што го отвора патот на Хелсинки и Стокхолм кон членство во НАТО, на што Анкара […]

Уште колку руски дипломати останаа во Бугарија по протерувањето на последните 70


  Бугарија до крајот на неделава ќе протера одеднаш 70 руски дипломати, најави премиерот во оставка Кирил Петков. „Очекуваме целосен авион со 70 седишта да замине за Москва в недела“, рече тој во вторникот. Ова би бил рекорден број на протерани руски дипломати од Бугарија, што ќе ја намали руската мисија во земјата за 2/3 […]

Во Албанија 550 нови случаи со Ковид-19, највисок број во последните три месеци


 Во последното деноноќие во Албанија потврдени се 550 нови случаи со Ковид-19 што е двојно повисока бројка од оние во изминатите денови и е највисока бројка во последните три месеца. – Се зголемува бројот на новозаразени. Во последните 24 часа од направените 1.537 тестови вирусот е потврден кај 550 или 35,8 отсто од тестираните. Регистриран […]

Бугарија протерува 70 руски дипломати од Софија и го затвора рускиот Генерален конзулат во Русе 


Бугарија – Бугарската заменичка министерка за надворешни работи, Ирена Димитрова, денеска ја повика во Министерството амбасадорката на Руската Федерација, Елеонора Митрофанова, соопшти прес-центарот на Министерството. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Митрофанова била информирана за одлуката на бугарските власти да го намалат бројот на вработени во руските дипломатски претставништва во Република Бугарија во границите […]

Брегу: Берлинскиот процес есенва ќе биде реконфигуриран, фондовите треба да бидат поголеми


 Генералната секретарка на Советот за регионална соработка, Мајлинда Брегу, гостувајќи во емисијата „Top Story“ на Топ чанел, најави дека Берлинскиот процес ќе биде реконфигуриран оваа есен. -Ова е последната информација, дека оваа есен очекуваме да имаме поголема јасност. Може да има нов самит на Берлинскиот процес, по заминувањето на канцеларката Меркел, која беше главниот автор […]

Албанија е седма по производство на канабис во светот


Албанија – Во најновиот светски извештај за дрога објавен Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал (UNODC), Албанија се споменува како еден од водечките светски одгледувачи на канабис. -Според извештајот, Албанија е седма во светот меѓу најспомнуваните земји за потекло, тргнување и транзит на канабис за периодот 2016-2019 година, (од вкупно 154 земји) по Мароко, […]

Радев набрзина ги заврши консултациите за нова влада, не разговараше со партијата на Петков


  Претседателот на Бугарија, Румен Радев, ги заврши консултациите со партиите за избор на нова влада, без да разговара со партијата на премиерот во оставка, Продолжуваме со промената и БСП. Радев изјави дека не го прифаќа нивното барање за одложување на разговорите за викендот, по усвојувањето на ребалансот на буџетот и ќе оди на следниот […]

Патријархот Порфириј ги повика Србите на „мир со браќата Албанци“ во Косово


Поглаварот на Српската православна црква (СПЦ), патријархот Порфириј на денешната литургија по повод еден од најголемите празници на српските православни верници, Видовден, ги повика неговите сонародници на „мир со браќата Албанци“, јави дописникот на МИА од Приштина. На литургијата во манастирот во Грачаница во Косово, Порфириј порача дека соживотот со Албанците е неопходен и дека […]

Донесена уредбата за распределба на приходите од ДДВ за општините


Владата а на денешната  седница ја донесе Уредбата за методологијата за распределба на приходите од данокот на додадена вредност по општини за 2023 година.Согласно уредбата, Министерството за финансии подготвува пресметки на распределба на приходите од данокот на додадена вредност наменети за општините, при што средствата од дотацијата се распределува на фиксен дел во износ од […]

Над 20.000 нови случаи на Ковид-19 во Грција


По речиси три месеци, во Грција повторно се регистрирани над 20.000 нови случаи на Ковид-19, односно вкупно 20.084 новозаразени и 3.664 реинфекции, јави дописничката на МИА од Атина. Според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје на Грција, во последното деноноќие починале 16 лица, а 95 пациенти се приклучени на апарати на одделите за […]

Амбасадата на Русија во Софија ги повика Бугарите да даваат помош за руската армија


  Руската амбасада во Бугарија во вторникот објави дека почнува специјална донаторска операција за поддршка на руската армија, која изврши инвазија на Украина. Повикот до Бугарите да донираат пари за „помош на војската која учествува во специјалната операција за заштита на Народните републики Донецк и Луганск“ беше објавен на Фејсбук страницата на дипломатската мисија. Овој […]

Бугарија и Грција планираат изградба на цевковод за водород, ќе поминува и низ Македонија


  Бугарија и Грција планираат да се поврзат со водороден цевковод за да ја унапредат енергетската сигурност, а во план е и цевковод за течен природен гас кој ќе ја поврзе Бугарија, Србија и Македонија со Грција. Цевководот за водород чија изградба се разглеува би ги поврзал Софија и Солун затоа што Бугарија сака независност […]

Минималната пензија во Бугарија 235 евра, а максималната 1000 евра


Народното собрание на Бугарија одобри од 1 јули минималната пензија во земјата да достигне 467 лева (235 евра), а максималната пензија ќе се искачи на 2.000 лева (1.000 евра), јави дописникот на МИА од Софија. Од 1 октомври ќе има уште едно покачување кое ќе стигне до 3.400 лева (1.700 евра), колку што изнесува максималниот приход од […]

Хрватска денес доби 700 милиони евра од ЕУ


  Премиерот Андреј Пленковиќ и потпретседателката на Европската комисија Дубравка Шуица се сретнаа во Бански двори во Загреб по повод исплатата на првата рата од средствата од Европската унија за спроведување на Националниот план за закрепнување и отпорност, јавува ХРТ. На средбата покрај премиерот присуствуваа и вицепремиерот и министер за финансии Здравко Мариќ и министерот […]

Пелеши: Албанија не може да си дозволи да купи и одржува авион за гаснење шумски пожари


Албанија не може да си дозволи да купи и одржува авион за гаснење шумски пожари, изјави албанскиот министер за одбрана Нико Пелеши пред парламентарната комисија за безбедност, објави веб-страницата „Егзит“.   Опозициските пратеници го прашаа Пелеши за способноста на земјата да се бори со пожарите, откако неодамнешниот пожар на островот Сазан ја откри неподготвеноста на […]

Албанија ги набави првите тестови за мајмунски сипаници


Албанија– Поради туристичката сезона, кога е зголемено движењето на граѓаните, а со тоа можноста да се пренесе зараза со мајмунски сипаници и во земјата, Албанија ги набави првите тестови за оваа болест. Според Институтот за јавно здравје, ако сè уште нема потврден случај на мајмунска сипаница, обезбедени се првите 250 тестови, со кои ќе се […]

Тошко Јорданов: Петков е брутален лажго кој се „заљуби“ во власта


Асен Василев не е толку брутален лажго како Кирил Петков. Василев не е добар министер за финансии, но барем си стои на зборот. Ова на БТВ го изјави претседателот на пратеничката група на Има таков народ, Тошко Јорданов.  Тој го оцени како вулгарно однесувањето на владејачката партија Продолжуваме со промената, која не отиде на денешните […]