Во Хрватска се апсат осомничени за перење пари на штета на компанијата ИНА


Фото: Борна Филиќ

Хрватската полиција и Одделот за сузбивање корупција и организиран криминал (УСКОК) денеска спроведуваат голема акција во која се уапсени повеќе лица за, како што се сомничат, злоупотреба и перење пари на штета на компанијата ИНА, а меѓу уапсените е и еден од директорите на компанијата.

Како што објави Јутарњи лист, станува збор за кривични дела злоупотреба и перење пари на штета на ИНА, а се уапсени во Загреб и сплитско-далматинската област. Според сомнежите на истражителите, во тие незаконски дејствија е оштетена ИНА за огромна сума – повеќе од 13 милиони евра.

Според дел од хрватските медиуми, еден од директорите на ИНА договорил поевтина набавка на гас во Хрватска со цел истиот гас да се препродава во странство по многу висока цена, при што дел од разликата добил како награда.