Албанија: Пописот во октомври нема да се одржи


 

Албанија по вторпат го одложи пописот, кој според новиот термин требаше да почне на 1 октомври оваа година. Како официјална причина е наведено дека не се обезбедени неопходните алатки за собирање информации на терен. Албанија за идната година го одложи пописот на населението и становите планиран за октомври годинава, соопшти доцна попладнево Институтот за статистика (ИНСТАТ) доцна попладнево соопшти дека пописот ќе се одржи идната година.

„Во услови на необезбедување алатки потребни за собирање информации на терен, невозможно е да се спроведе оваа активност. Институтот за статистика останува посветен на својата цел да го спроведе пописот на населението и становите во согласност со стандардите и препораките на Обединетите нации и Статистичката канцеларија на Европската унија (Евростат)“, се наведува во соопштението.

Првиот пат пописот беше одложен поради пандемијата со Ковид-19.