Србија и Косово постигнаа договор за личните документи

„Србите од Косово, како и сите други граѓани, ќе можат да патуваат од Косово во Србија и обратно со лични карти. ЕУ штотуку доби гаранции од премиерот Албин Курти за ова прашање. Ова е европско решение. Им честитаме и на двајцата лидери за оваа одлука и за нивното раководство“, напиша Борел на Твитер.

Борел во својата објава не го спомена прашањето за регистарските таблички, што е исто така спорно во односите меѓу Србија и Косово

Србија и Косово постигнаа договор за спорното прашање за личните документи, напиша попладнево на Твитер комесарот за надворешна политика и безбедност на Европската Унија, Жозеп Борел, посочувајќи дека договорот е постигнат со посредство на ЕУ, јави РСЕ.

Борел објави дека Србија се согласила да ги укине документите за лицата со лични карти од Косово, додека Косово да не ги воведува за лицата со лични карти од Србија.