Дојави за бомби во неколку училишта во Подгорица


Наставата во неколку основни училишта во Подгорица денеска е во прекин поради дојава за поставени бомби, јави РТЦГ. Според медиумот, наставата е прекината, а учениците се евакуирани. Се очекува пристигнување на специјална единица на Полициската управа. Дојава за бомба има во седум основни училишта и две средни.  Ова е втор бран закани со бомби во […]

Северниот дел од Косово и понатаму блокиран


Во текот на ноќта во северниот дел од Косово немаше инциденти, но тој дел е и понатаму блокиран, од граѓани од српска националност и од страна на полицијата на Косово. Иако на блокадите е мирно тензиите се високи, јавија српските и косовските медиуми. Премините Јариње и Брњак на северот на Косово се уште се затворени […]

Радев на средба со кандидатот за премиер Николај Габровски


Бугарија –   Претседателот на Бугарија, Румен Радев претпладнево ќе има средба со кандидатот на ГЕРБ-СДС за премиер Николај Габровски кој мора да предложи состав на Влада или да го врати мандатот. -Тимот е речиси подготвен со луѓе кои до еден се високи професионалци, рече во петокот Габровски, додавајќи дека тој самиот ги избрал сите министри […]

Не се споменува признавање и членство во ОН: Што содржи првата верзија на француско-германскиот предлог


Чешка – Еднакви права за Србија и Косово, почитување на територијалниот интегритет и неповредливост на границите, признавање на државните симболи и посебен аранжман за српската заедница на Косово се клучните елементи на предлогот што е на маса во Белград  и во Приштина, јави Радио Слободна Европа. Можноста за меѓусебно признавање или членство на Косово во […]

САД загрижени за ситуацијата на северот на Косово, повикуваат на воздржаност


Американските власти изразија длабока загриженост за актуелната ситуација на северот на Косово вечерва и повикаа на максимална воздржаност и активности за намалување на тензиите. „САД изразуваат длабока загриженост за моменталната ситуација на северот на Косово. Ги повикуваме сите да покажат максимална воздржаност, да преземат итна акција со цел да се постигне деескалација на ситуацијата и […]

Вучиќ за вечерва свика седница на Советот за безбедност и на граѓаните ќе им се обрати на РТС


Србија– Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, свика седница на Советот за национална безбедност за 19 часот, а потоа ќе и се обрати на јавноста на Дневникот на РТС, јави дописникот на МИА од Белград. По последните изјави на претседателот на Српската листа, Горан Ракиќ, кој најави дека премиерот на Косово Албин Курти, според информациите со […]

Портпаролката на НАТО го осуди нападот врз ЕУЛЕКС на Косово


Србија – Портпаролката на НАТО Оана Лунгеску денеска изјави дека Алијансата им се придружува на своите сојузници и на Европската унија во острата осуда за нападот врз извидничката патрола на ЕУЛЕКС во Косово. „Секој таков напад е неприфатлив и одговорните мора да бидат повикани на одговорност“, напиша Лунгеску на Твитер. Таа наведува дека мисијата на НАТО […]

Ветингот ги „испразни“ судовите и обвинителствата во Албанија


Aлбанија– Во Албанија речиси 70 отсто од судиите и обвинителите досега биле опфатени со процесот на ветинг, односно проверка на нивните квалификации, нивниот имот, интегритетот и поврзаноста со организираниот криминал. Од нив, само помалку од половина се потврдени на функцијата од страна на Независната комисија за квалификации (КПК), јавија албанските медиуми. Според овие податоци, комисијата […]

ЕУ нема да толерира напади врз ЕУЛЕКС


Србија – Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, во врска со последните тензии на северот на Косово, истакна дека ЕУ нема да толерира напади врз ЕУЛЕКС на Косово, ниту насилство и криминални дејствија на северот. Тој додаде дека барикадите на косовските Срби на северот мора веднаш да бидат отстранети, јави дописникот […]

Вучиќ им порача на Србите на Косово дека нема предавање се додека не се формира ЗСО


Србија– Претседателот на Србија, Александар Вучиќ им порача на Србите на Косово дека „повторно се принудени да ги бранат своите огништа на барикадите“ и дека „нема предавање и нема да има“, јави дописникот на МИА од Белград. – Пораката до сите останати е да се формира ЗСО, да се почитуваат правата и слободите на Србите […]

Поранешен главен советник на канцеларката Меркел, стана советник на премиерот Рама за економија и финансии


  Главниот советник на поранешната германска канцеларка Ангела Меркел, Ларс-Хендрик Ролер стана советник на албанскиот премиер Еди Рама, за економија и финансии. Информацијата ја соопшти премиерот Еди Рама, кој на социјалните мрежи сподели и фотографија со Ларс-Хендрик Ролер. Тој пишува дека „посебно задоволство и привилегија е што на нашиот пат ни се придружува Ларс-Хендрик Ролер, […]

На Косово се уште затворени премините Брњак и Јариње


Србија –  Главните патишта на северот на Косово се уште се блокирани, а административните премини Брњак и Јариње се затворени и за возила и за пешаци, јави агенцијата Бета.   Блокади на патиштата организираа Србите од северот на Косово по апсењето на поранешниот припадник на косовската полиција Дејан Пантиќ, а косовската полиција соопшти дека Брњак […]

Србија ќе поднесе барање до КФОР за распоредување свои сили на Косово


Србија– Српскиот претседател Александар Вучиќ во обраќањето до јавноста, поради неможноста за постигнување компромис со Косово најави формално-правна борба и повеќе мерки на Србија, меѓу кои се скорешно објавување на нотите на земјите кои го подвлекле признавањето на Косово, барање до петте земји на ЕУ кои не го признале Косово да не ја поддржат најавената […]

Србија бара од КФОР да распореди војска на северот на Косово


Србија ќе испрати барање до командантот на КФОР да дозволи распоредување на српската војска и полиција на Косово. Ова денеска го изјави српскиот претседател Александар Вучиќ во своето обраќање до јавноста, кога претставниците на Србите на северот на Косово поставија барикади, протестирајќи против апсењето на поранешниот косовски полицаец Дејан Пантиќ. Претходните денови беа забележани голем […]

САД ќе ги „ловат“ корумпираните и во Албанија


Американската амбасадорка во Тирана, Јури Ким, испрати јасна порака дека САД ќе продолжат да ги интензивираат напорите за соочување со корупцијата и да бараат одговорност од корумпираните актери во Албанија, јави агенцијата Балкан веб. Според неа, тоа е порафи фактот што „сакаат Албанија, како пријател и сојузник во НАТО, да ја видат посилна и побогата“. […]

Сирените повторно се огласија во Косовска Митровица, Србите се собираат во Звечан


Во северниот дел на Косовска Митровица повторно се огласиле сирените, а како што јавуваат локалните медиуми причина за новата тревога е апсењето на Србин, поранешен припадник на косовската полиција.   Како што јави агенцијата Бета, во тек е собир на вработени во институциите во Звечан. Телевизијата Н1 јави дека неколку патни правци се блокирани на […]

Дачиќ: Можни се промени во српската позиција кон меѓународната заедница поради Косово


Ќе има одредени промени во нашиот став во ситуацијата кога станува збор за односите со претставниците на меѓународната заедница на Косово. Нема проблем КФОР да си го изврши својот дел од работата како што треба, но сведоци сме дека тоа е не е така, изјави српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ за ТВ Прва, […]

Треба да запре испораката на вакцини во ЕУ земјите, сè додека не се најде решение за вишокот  


Грција– На проблемот со кој се соочуваат земјите членки на ЕУ со вишокот вакцини против Ковид-19, кои не можат да се искористат и се уништуваат, како прашање за кое потребно е да се најде решение, се осврнал министерот за здравство на Грција Танос Плеврис за време на состанокот на со неговите колеги од Унијата, јави […]

Холандија бара од ЕУ да се вратат визите за Србија ако не воведе санкции за Русија


  На 8 декември, Претставничкиот дом на Холандија усвои резолуција со која се повикува нејзината влада да се заложи во Брисел за привремено суспендирање на безвизниот режим за Србија доколку Белград не се усогласи со визната и надворешната политика на Европската унија. Како што пренесува European Western Balkans, предлогот имал поддршка и од владејачката коалиција […]

Бугарија: Пратеник од БСП зборуваше против Русија, партијата веднаш го исклучи


  Бугарската социјалистичка партија (БСП) го исклучи пратеникот Јавор Божанков од својата пратеничка група поради неговиот различен став по прашањето за испраќање воена помош за Украина. Тој во денешната дебата на таа тема ја бранеше тезата дека Русија е агресор и дека нема да победи во оваа војна. По неговиот говор, лидерката на партијата Корнелија […]