Автобус од Романија, излета од пат во Словенија, најмалку тројца мртви


Тешка сообраќајна несреќа во која учествувал автобус со странски регистарски таблички се случила на автопатот кон Марибор кај клучката Липовци, јавува словенечки 24ur.com.

Три лица загинаа, а повеќе се повредени, соопшти полициското одделение Мурска Собота.

Според словенечките медиуми, автобусот е со романски регистарски таблички.

Истрагата се уште е во тек.