Хрватска итно набавува ракетен систем за противвоздушна одбрана од Франција


Хрватската Влада на денешната седница донесе одлука за итна набавка на ракетен систем за противвоздушна одбрана со краток дострел од Франција и во врска со тоа ги прераспредели буџетските средства и го овласти Министерството за одбрана да ги преземе обврските за буџетските средства од 2024 до 2026 година.   – Околностите кои се случија со […]

Четири причини кои ја оставија Бугарија надвор од Шенген


  „Не сакам да бидам член на клуб кој би ме прифатил токму мене за свој член“ – легендарната автоиронична исповед на Гручо Маркс би била соодветна како почесна бугарска реакција на шенгенското „не“. Но, за ова „не“ не треба да ја обвинуваме само Бугарија и нејзините власти. Всушност, во овој едносложен збор се сублимирани […]

Бугарија се прекрши – ќе испрати воена помош за Украина


  По долги месеци натегања, стравувања и објаснувања Бугарија конечно одлучи да испрати воена помош за Украина со одлука на парламентот. За оваа одлука гласа 148 пратеници од ГЕРБ, Продолжуваме со промената, ДПС, Демократска Бугарија и „Бугарски подем, против беа 46 пратеници од БСП и Преродба, а еден од Продолжуваме со промената беше воздржан. Не […]

И Албанија сака да продава државјанства за пари


 Албанија треба да се откаже од спроведување на програмата за Златен пасош позната и како „шема за државјанство на инвеститори“ и да ја укине правната основа за таква програма со примена на нови измени во Законот за државјанство. Оваа е препорака од Европската комисија во нејзиниот петти извештај во рамките на механизмот за суспензија на […]

Брнабиќ: Курти не донесе на работ на војна, блиску сме до одлуката да ја вратиме војската на Косово


Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, во врска со настаните на Косово, оцени дека ситуацијата на Косово е на работ на вооружени конфликти и изрази мислење дека Србија има право и намера, според Резолуцијата 1244 на ОН, да врати одреден број на војници во Косово. -Тоа е политиката на 19 век. Исклучително сум загрижена и ми […]

Во Црна Гора уапсен специјалниот обвинител


  По наредба на црногорското Специјално обвинителство, утрово во Подгорица беше уапсен специјалниот државен обвинител Саша Чаѓеновиќ. Во краткото соопштение од Специјалното обвинителство се вели дека Чаѓеновиќ е осомничен за „сторено кривично дело создавање злосторничка организација и повеќе кривични дела на злоупотреба на службената положба“. Како што соопшти портпаролот на државното обвинителство Вукас Радоњиќ, тој […]

Романија поднесе протестна нота поради „непријателскиот гест“ на Австрија за Шенген


Шефот на романската дипломатија, Богдан Ауреска, ја повика австриската амбасадорка во Букурешт, Аделхајде Фоли, за да и врачи протестна нота „поради неправедниот и непријателски однос на Австрија“ во однос на приемот на Романија во Шенген. Од Министерството посочија дека ваквиот гест на Австрија ќе има последици за билатералните односи. Протест имаше и поради неодамнешните изјави […]

Хрватска во ист ден влегува во Шенген и во еврозоната: Пленковиќ се заблагодари за поддршката


Хрваткиот премиер Андреј Пленковиќ синоќа им се заблагодари на сите членки на ЕУ за едногласната поддршка за влезот на Хрватска во Шенген зоната во „годината на испорачување“ во која владата ги постигна сите поставени цели за доброто на граѓаните. На прес-конференцијата по средбата во Брисел на која Хрватска беше потврдена како 27-ма членка на Шенген […]

БСП и „Демократска Бугарија” одбија да му дадат подршка на Габровски, кандидатот за премиер од ГЕРБ


  Бугарската социјалистичка партија и „Демократска Бугарија“ одбија да го поддржат кандидатот за премиер на ГЕРБ-СДС, Николај Габровски, по првите три средби одржани во Народното собрание, јави дописникот на МИА од Софија. Според Габровски, неопходна е промена на тонот во политичкиот говор за време на разговорите со „Демократска Бугарија“, БСП и „Бугарски подем“ на Стефан […]

Во Италија во октомври 105 малолетници Албанци без придружба побарале засолниште


  Според последниот извештај на италијанското министерство за социјална работа и прашања,  само во октомври годинава 105 малолетници од Албанија, без придружба, побарале засолниште во оваа земја.   Албанските малолетници  се рангирани како најбројни по оние од Египет, Тунис, Авганистан, Пакистан и Гвинеја.   Вкупниот број на малолетни имигранти Албанци без родители во Италија годинава […]

Косовската полиција влезе во Северна Митровица, Србија ќе го разгледа враќањето на безбедносните сили на Косово


Околу 300 до 350 припадници на косовската полиција, вклучително и припадници на специјалните единици со долги цевки под целосна воена опрема и со оклопни возила, вечерва влегле од Јужна во Северна Митровица, и се распоредиле низ градот, изјави Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија Петар Петковиќ, реагирајќи на вонредна прес-конференција пред полноќ, и најави […]

Нападната косовската полиција во Звечане, повреден полицаец


Припадник на косовската полиција е ранет во синоќешниот вооружен напад врз полициска патрола во селото Србовац, во општина Звечане, во северно Косово, јави дописникот на МИА од Приштина. Според соопштението на косовското МВР, полициската патрола била нападната од лица вооружени со долги пушки од возило „ауди“ со регистерски таблички КМ – Косовска Митровица, со какви […]

Пленковиќ: Граѓаните и стопанството најмногу ќе имаат корист од членството во Шенген


Откако Хрватска денеска доби едногласна поддршка од Советот на министри за внатрешни работи и за правда во Брисел за влез во Шенген зоната на 1 јануари следната година, хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ изјави дека најголема корист ќе имаат граѓаните и хрватската економија. Хрватскиот министер за внатрешни работи Давор Божиновиќ изјави дека „Хрватска е во Шенген“ […]

Осветлена новогодишната елка во Солун


Грција – Во присуство на голем број граѓани и на солунскиот градоначалник, на свечена манифестација на плоштадот Аристотел во Солун, беше осветлена новогодишната елка, но и украсните светилки во центарот на градот во пресрет на празниците, јави дописничката на МИА од Атина. Елката во Солун пристигна од планинско село од Халкидики, висока е 18 метра и […]

Хрватска влегува во Шенген, Бугарија и Романија не


Белгија– Со едногласна одлука на состанокот на министрите за внатрешни работи на земјите-членки во Брисел, Хрватска станува 27-ма членка на Шенген зоната и за помалку од еден месец ќе се укинат граничните контроли на копнените и поморските гранични премини, а на пролет и на аеродромите. Министрите за внатрешни работи на 22 земји-членки на ЕУ кои се и членки на Шенген, денеска донесоа конечна одлука […]

Хрватска ќе влезе во Шенген зоната, Романија можеби, а Бугарија – нема шанси


Министрите за внатрешни работи на земјите членки на ЕУ кои се и членки на Шенген зоната денеска одлучуваат на проширување на тоа подрачје чиишто одлики се исклучување на засебна внатрешна контрола и слободен проток на луѓе и стоки. На маса пред министрите е проширување на Шенген зоната со три земји – Хрватска, Бугарија и Романија. Предлогот […]

Анархистичка група ја презеде одговорност за запалениот автомобил на италијанската дипломатка во Атина


Грција– Анархистичката група „Јадро на одмазда Карло Џулиани“ ја презеде одговорноста за запалениот автомобил, минатата седмица, на првата советничка во амбасадата на Италија во Грција Сузана Шлајн, јави дописничката на МИА од Атина. Во опширниот и детален текст објавен на анархистички сајт, групата ги објаснува причините за нападот што е во знак на поддршка и […]

Првите попусти за роаминг на податоци од октомври 2023, целосно укинување во 2027


  Декларацијата за роаминг меѓу дел од операторите од ЕУ и операторите од Западен Балкан, која беше потпишана во Тирана во рамки на Самитот ЕУ-Западен Балкан, а со цел да се намалат цените на „сообраќајот на податоци во роаминг“, предвидува дека корисниците ќе ги почувствуваат првите придобивки веќе во октомври 2023 година. Директорот на Телеком […]

Нов земјотрес во Јадранско Море со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала


Нов земјотрес е регистриран во Јадранското Море кај италијанскиот брег. Земјотресот е регистриран на длабочина од 10 километри, а епицентарот е на 65 километри од Римини и 37 километри од градот Пезаро. За потсетување, приближната локација беше погодена од земјотрес од 5,7 степени според Рихтеровата скала на 9 ноември, кој беше почувствуван и во Хрватска. […]

Косово идната есен повторно ќе аплицира за членство во УНЕСКО


Министерот за култура, млади и спорт на Косово, Хајрулах Чеку најави дека неговата држава идната есен ќе аплицира за зачленување во Организацијата на Обединетите нации за образование, наука и култура, УНЕСКО, јави дописникот на МИА од Приштина. Во интервју за телевизијата Теве1, Чеку изјави дека со аплицирањето за зачленување во УНЕСКО и во други меѓународни […]