Украинската амбасадорка за Бугарија му направи на Путин „вуду магија“


Новата украинска амбасадорка во Бугарија, Олесија Илашчук, направи вуду кукла на рускиот претседател Владимир Путин. Тоа го објави самата на својот профил на Телеграм. Олесија Илашчук сподели фотографија од вуду кукла со иглички заглавени во главата и на тој начин направи црна магија. Според неа, со овoj пост  „на моите пријатели ќе им биде малку смешно, а непријателите на Украина ќе бидат многу исплашени“.

„Ми велат дека правам некаква црна магија. Се разбира, тоа се фикции. Но, за да ја олеснам психата вечерва направив вуду кукла. Извинете, морам да ја маскирам фотографијата од главата на куклата. Има слика на нашиот заеднички непријател кој започна војна против Украина. Сите добро знаете кој е таму! Сега одам кај куклата и вметнувам игла во неа. И станува полесно за душата за да не застанете ниту за секунда и да ја завршите работата што е можно поефикасно“,напиша Илашчук во коментарот на фотографијата.

Илашчук беше назначен за нов амбасадор на Украина во Бугарија на крајот на минатата година од претседателот Володимир Зеленски. Сепак, убавата Украинка се уште не пристигнала во Софија за да ја преземе амбасадата. Нејзиното назначување предизвика скандал во Украина бидејќи, според дипломатите, таа го немала потребното образование. Сексолог по обука, Илашчук, исто така, работела во индустријата за дијаманти, управувајќи со бизнисот на еден од најголемите дилери на скапоцени камења во Украина.