Уапсен лекар од ВМА, осомничен дека со рачка од пиштол ја претепал сопругата


Србија- Полицијата уапси доктор од ВМА под сомнение дека вчера со пиштол ја претепал сопругата.

Се сомнева дека Н. ЗА. (48) по расправија ја претепал сопругата И. ЗА. (42) со рачката од пиштолот, кој му бил одземен по инцидентот. Како што дознава Танјуг, осомничениот неодамна неколку пати ја тепал и психички ја малтретирал својата сопруга.

Осомничениот утре ќе биде изведен на распит во Третото основно јавно обвинителство во Белград. Осомничено е кривичното дело семејно насилство. Медиумите јавуваат дека кај оштетената и биле констатирани тешки физички повреди, како и дека се здобила со скршеница на четири ребра, надлактица и хематоми.