Хаос во српското собрание, Вучиќ ја надвикува опозицијата (Галерија)

Обраќањето на српскиот претседател се претвори во напнати сцени и општо надвикување. Некои десничарски пратеници тргна кон Вучиќ


На раб на голема тепачка

 

За време на седницата на српскиот парламент, на која претседателот Александар Вучиќ го образложува француско-германскиот предлог за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина, опозициските пратеници од десничарскиот блок развиорија голем транспарент на кој пишуваше „Не за капитулацијата“. Во еден момент пред клупата каде што седи Вучиќ дојде до туркање и кошкање на пратеници на позицијата и опозицијата.

„Бидејќи веќе го предадовте Косово, сега ќе ви објаснам како ќе се излечиме од болеста што ја предизвикавте на Србија“, извика Вучиќ, на што пратениците од опозицијата одговорија со „Ух“.

Во општата врева пратениците на опозицијата извикуваа „предавство“, додека Вучиќ ги обвини за предавство, а пратениците на владејачката коалиција ракоплескаа.

„Нека го види народот ова хулиганско однесување во кое ќе викате, врескате, праќате бакнежи“, рече Вучиќ.

„Апсолутно се согласувам, неколку пати извршивте предавство и останувате на тоа“, додаде Вучиќ и рече: „Го молам народот да ги слушне овие извици, вие безброј пати ја изневеривте Србија и Србија никогаш повеќе нема да го дозволи тоа“.

Во еден момент, додека Вучиќ зборуваше многу огорчено, обвинувајќи ја поранешната влада дека го ослободила актуелниот премиер на Косово, Албин Курти, од кривично гонење во 2001 година, покажувајќи список од 1.800 ослободени Албанци, пратениците од опозицијата му пристапиле со собранискиот деловникот во рацете.

„За нив деловникот е срцето на Србија“, извика Вучиќ, по што и пратениците од власта и опозицијата станаа од столчињата.

Александар Вучиќ за време на обраќањето
Десничарската опозиција со транспаренти

 

По смирувањето на атмосферата, претседателот на собранието,Владимир Орлиќ, ѝ даде збор на пратеничката од партијата Заветници, Милица Ѓурѓевиќ-Стаменковски, која на сите пратеници им честиташе што конечно се изборија за деловникот на Народното собрание и почитувањето на членот 27.

„Поради двете минути што се обидувате да ме спречите да зборувам, донесовте и го предизвикавте инцидентот, господине Орлиќ, ова е ваша одговорност“, рече Ѓурѓевиќ-Стаменковски.

„Фактот што глутницата се навикна на улогата на волци и завива на оваа нација која зборува – не за капитулацијата, не значи дека сме овци“, додаде таа.

Потоа повторно зборуваше Вучиќ:

„Им се извинувам на граѓаните за насилството и невоспитанието што го предизвикаа кукавиците во Собранието. Претпоставувам дека мислеле дека ќе исплашат некого, замислете да се исплашите од Милош Јовановиќ и Бошко Обрадовиќ, замислете го тој срам. Дали и ти Војо тргнада ме тепаш? Вие тројца да ме тепате, вие јунаци да ме тепате?

Вие тројца ќе ме тепате, срам да ви е. Луѓе, сега ви покажав како изгледа. Упорноста дека не можат да победат, деловникот не може да ја победи Србија, лагите не можат да ја победат вистината, тие денес се надеваа на капитулација на Србија, бидејќи нема капитулација на Србија – сè им пропадна. Сè им пропадна“, изјави Вучиќ.

По 20-ина минути во кои пратениците одбија да седнат, а Александар Вучиќ се обиде да ја надвика опозицијата, ситуацијата во собраниската сала не се смири, но тензијата малку стивна.

Пратениците на мнозинството аплаудираа и се обидоа да ја надгласаат десничарската опозиција, додека Орлиќ се обиде да го покани „говорникот“ кој е во системот на пријавени говорници, Предраг Марсениќ од Новата ДСС, кој имаше забелешки за прекршувањето на деловник за водење на седницата.

Во продолжение на не помалку вжештената атмосфера, Вучиќ рече дека разликата меѓу прогресивците и опозицијата е што ним им е свет деловникот, а не Косово и ги повика пратениците на СНС да се вратат во клупите, бидејќи знае колку се „кукавици“.

Пратениците на СНС скандираа „Ацо Србине“.

Бошко Обрадовиќ, пратеникот на Двери, откако неколкупати беше опоменет да се смири, рече дека го известува Вучиќ за декларацијата на десничарскиот опозициски блок и независните интелектуалци за зачувување на Косово, читајќи поединечно кој потпишал од познатите се споменуваат и режисерот Емир Кустурица и Воислав Коштуница.

За време на неговиот огнен говор, навреди упатија и пратеници од владејачкото мнозинство.

Српскиот претседател Александар Вучиќ пред пратениците во Народното собрание зборуваше околу 80 минути, а наместо деталите за француско-германскиот план за Косово, кој го бара опозицијата, тој презентираше план од 10 точки за Србија.

Коментирајќи ги транспарентите „Не на ултиматумот“ и „Не за капитулација“, Вучиќ праша дали тоа му го кажале оние кои ги ослободиле албанските терористи од притвор, мислејќи на амнестијата за време на владеењето на поранешната ДС и ДСС.

Осврнувајќи се на барикадите во Косово, Вучиќ рече дека дел од присутните во галеријата на Собранието биле и нивни организатори. Во претходните настани, властите во Приштина имаа една намера, „да ја доведат Србија во конфликт со НАТО и со целиот свет. Потоа беа уапсени Пантиќ, Трајковиќ, Софрониевиќ. После тоа Србите застануваат на барикадите. Еве ги, сите овие луѓе беа на барикадите, некои беа и организатори“, рече Вучиќ. (Според агенциите)