Уште еден земјотрес со јачина од 7,8 степени во истото подрачје во Турција


Нов силен потрес ја погоди Турција на истото подрачје, магнитудата е 7,8 степени според Рихтер.

Вториот силен земјотрес се случи во 13.24 часот по локално време или 11.24 часот кај нас, на 59 км од Караманмарас, на длабочина од 10 км.

 

Претходно Турција ја погоди силен земјотрес од 7,8 степени, пришто загинаа над 650 лица,а  илјадници се повредени.