Угледниот лекар и теоријата за вонземјаните: Кој е Бранимир Несторовиќ, „победникот“ на изборите во Србија


  Најголемото изненадување на изборите на 17 декември во Србија несомнено е успехот на листата „Ние – глас од народот“, чиј лидер е познатиот лекар Бранимир Несторовиќ. Оваа листа освои 13 мандати во парламентот на републичко ниво и може да одлучува за формирање влада во Белград, каде што е неизвесна трката меѓу „Србија против насилството“ […]

Партијата на Вучиќ има предност од 45.000 гласови во Белград


  Српскиот Центар за истражување, транспарентност и одговорност – ЦРТА, граѓанска организација која имаше набљудувачка мисија на изборите, излезе со проекција на резултатите од изборите во Белград. Според таа проекција, листата на Александар Вучиќ и Српската народна партија „Србија не смее да запре“ има околу 370.000 гласови, а опозициската листа „Србија против насилство“ околу 325.000, […]

Хрватите доаѓаат по сперма и јајни ќелии во Македонија


Во Хрватска нема банка за сперма и јајни ќелии, па затоа двојките кои не можат да станат родители по природен пат, мора да одат во други земји меѓу кои и во Македонија, пишува Индекс. Имено, во Хрватска уште во 2000-тите една болница откупувала сперма по цена од 400 куни по доза, но денеска тоа веќе […]

Истражување: Корупцијата го јаде здравствениот систем на Бугарија


  Бугарската држава троши најнизок процент од својот бруто домашен производ за здравствена заштита меѓу земјите на ЕУ, што доведува до огромни приватни партиципации за лекување на бугарските граѓани и конфликти во здравствениот систем, според истражувањето на „Еурактив“. Според податоците на Бугарското здружение за заштита на пациентите, земјите од ЕУ трошат во просек 9% од […]

Во Србија ништо ново: Продолжува неконтролираната моќ на СНС


Изборите се и не се завршени. Тие се затоа што гласањето заврши, гласовите главно се преброени, а резултатот – освен во Белград – е сосема јасен. Но, не се, бидејќи најголемата опозициска сила „Србија против насилство“ ги нарекува изборите недемократски и најавува борба за нивно оспорување со сите легитимни средства. Извори на Дојче Веле и […]

Сојуз за Србија: Не ги прифаќаме изборните резултати што Вучиќ ги соопшти


На последната прес конференција на коалицијата Србија против насилството“ соопштено е дека оваа каолиција не може да ги прифати изборните резултати и на државно ниво и во градот Белград „онака како што ги соопшти претседателот на Србија, Александар Вучиќ“ и ќе бараат од РИК да им се достават „физичките записници од лице место“, обвинувајќи притоа […]

Уште еден изборен триумф на Александар Вучиќ


  Владејачка Српска народна партија објави убедлива победа во неделата на парламентарните избори во земјата, кои беа нарушени со извештаи за големи нерегуларности и за време на тензичната кампања и на денот на гласањето. Српската напредна партија освоила 46,5 отсто од гласовите и очекува да има околу 130 места во 250-членото собрание, што е за […]

Во Србија до 10 часот гласале 9,94 запишани гласачи, според РИК гласањето се одвива без проблеми


Белград – Граѓаните на Србија денеска гласаат на паламентарни, покраинаски избори, за советници на Собранието на Град Белград и 64 други локални собранија. На конференцијата на Републичката изборна комисија беше соопштено дека излезноста до 10 часот е 9,94 отсто, и дека гласањето се одвива непречено, јави допсиникот на МИА од Белград. -На републичко ниво до […]

Тројца загинати во нелегална трка на автомобили на автопат во Косово


Приштина – Три лица загинаа доцна синоќа кога автомобил што учествувал во нелегална трка на автопат во Косово ја загубил контролата и завршил во публиката, јави дописникот на МИА  од Приштина. Покрај тројцата загинати, во несреќата на автопатот „Ибрахим Ругова“ во близина на Призрен повредени се уште тројца од гледачите на трката меѓу две возила […]

Пазарот на недвижности во Турција во хаос: Ѝ создадоа проблем и на гувернерката на банката


Пазарот за изнајмување на недвижности во Турција, особено во Истанбул, се соочува со исклучително голема побарувачка, па поради тоа проблем со наоѓање имот има и гувернерката на Централната банка на Турција, Хафизе Гаје Еркан. И покрај нејзината истакната позиција, 44-годишната гувернерка рече дека не може да најде соодветен стан во Истанбул. „Не најдовме сместување во […]

Унгарија ќе ја блокира Бугарија за Шенген доколку не ја укине таксата за транзит на руски гас


 Унгарија ќе го блокира влезот на Бугарија во Шенген зоната се додека е во сила данокот за транзит на руски гас, соопшти денеска унгарското Министерство за надворешни работи. Унгарија јасно и стави до знаење на Бугарија дека ќе стави вето на влезот на земјата во зоната на слободно движење доколку остане на сила данокот на […]

Во Белград протест на родителите чии деца беа убиени во ОУ „Рибникар“


Родителите на децата кои беа убиени во масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград на 3 мај, како и оние чии деца го посетуваат тоа училиште, денеска напладне се собраа на протест барајќи правда за сите жртви во мајските трагедии. Родителите, но и други граѓани, оставија цвеќе и запалија свеќи пред училиштето, јави Нова […]

Во Србија системот „Пронајди ме“ досега не е активиран ниту еднаш


Откако почна да работи системот „Пронајди ме“ за итно известување до јавноста во Србија во случај на исчезнување малолетник, тој не е активиран ниту еднаш. Претставничката на Центарот за исчезнати и малтретирани деца, Олгица Чекиќ, за ТВ Н1 објасни дека не се огласил бидејќи не биле исполнети критериумите за негово покренување. Таа потсети дека системот […]

Утре, вонредни парламентарни избори во Србија


 Во Србија утре се одржуваат вонредни парламентарни избори на кои граѓаните ќе избираат 250 пратеници во српскиот парламент. Покрај парламентарните, граѓаните ќе гласаат и на покраински избори во Војводина, како и на локални избори во 65 градови и општини, меѓу кои и Белград, јави Бета. Републичката изборна комисија синоќа соопшти дека вкупниот број на гласачи […]

Како што најави Вучиќ: Уапсени три лица во Србија и еден 15-годишник во Чешка за лажни дојави за бомби


Три лица се уапсени во Србија во опсежна акција на полицијата и Обвинителството за високотехнолошки криминал за лажни пријави за бомби, како и едно лице во Чешка кое има само 15 години, јави дописникот на МИА од Белград. -Тројца мажи се уапсени на поширокото подрачје на општина Зрењанин: во Банатски Деспотовац и местото Дероње. Осомничените […]

Северот на Косово од утре ќе остане без српски регистарски таблички


 Денеска истекува дополнителниот рок на Владата на Косово за пререгистрација на возилата со српски регистарски таблички во градовите во Косово на таблички РКС, а досега 3.300 сопственици на автомобили ги замениле српските косовски таблички, пренесе Бета.  „Пререгистрирани се 3.300 автомобили, а можно е денеска да стигнеме и до 3.400 возила… Нема причина полицијата да смета […]

Урсула фон дер Лајен: Италијанско-албанскиот договор за имигранти да послужи како модел за другите земји


Договорот меѓу Албанија и Италија за ииигрантите е добар пример за решавање на имиграциските прашања, оценува претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во писмото упатено до членовите на унијата нагласувајќи дека договорот меѓу двете земји е „модел“ кој ги почитува меѓународните права, јави abcnews.al. -Во последните месеци бевме сведоци на важни иницијативи промовирани […]

Во Грција зголемен бројот на починати, хоспитализирани и заразени со Ковид-19


Атина – Бројот на заразени, на хоспитализирани, на приклучени на апарати, но и на починати од Ковид-19 во Грција, бележи зголемување во периодот од 4 до 10 декември, согласно неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина. Во конкретниот период регистрирани биле 48 смртни случаи на возраст од 58 […]

Грчка компанија казнета со два милиони евра поради нејасни попусти на одредени производи


Грчката компанија „Коцоволос“, една од најголемите мрежи на продавници за бела техника во земјата е казнета со два милиони евра поради тоа што за одредени производи на попуст, не била јасно наведена цената пред и по намалувањето, соопштија од Министерството за развоја на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Казната е изречена по спроведената […]

„Краш“ ги покачува платите


Управата на „Краш“ и Синдикатот на вработените во земјоделството, прехранбената и тутунската индустрија и водостопанството на Хрватска (ППДИВ) потпишаа нов колективен договор во кој е договорено зголемување на платите и другите бенефиции на работниците, соопштија од „Краш“. Новиот колективен договор стапува на сила од Нова година, кога се зголемува основицата за пресметување на платата, од […]