Албанија се вооружува


 
Турските беспилотни летала „бајрактар“ се испорачани во Албанија, изјави денеска албанскиот министер за одбрана Нико Пелеши.
 
Тој на Фејсбук изјави дека е започната монтажата на беспилотните летала, како и паралелно поставување на потпорната инфраструктура за нивно работење и контрола.
 
Според него, овој развој „не само што ги зголемува одбранбените способности на Албанија, туку служи и како доказ за посветеноста на земјата да ја гарантира националната безбедност“ и „за исполнување на највисоките одбранбени стандарди“.
 
„Ова достигнување е симбол на нашата посветеност на модернизација и иновација за нашите вооружени сили“, рече Пелеси, пренесе Албанската пошта.