Во чад и хаос, албанскиот парламент ја изгласа новата регулатива за исклучување на пратениците


Во веќе видена атмосфера на хаос,  удирање на столчиња и пуштање димни бомби, предизвикана од опозициските демократски пратеници приврзаници на Сали Бериша и Газменд Барди, мина и денешната пленарна седница, на која експресно, без дискусија, за десетина минути владејачкото мнозинство усвои повеќе точки од дневниот ред. Една од нив се и измените и дополнувањата на […]

Вучиќ: Ако пораката на ЕУ е дека мора да ја прифатиме независноста на Косово, тоа нема да се случи


Претседателот Александар Вучиќ изјави денеска дека ако пораката од Брисел на крајот на изборната кампања била дека ќе мора да се признае независноста на Косово, тоа нема да се случи. -Ако сакаа да кажат дека Србија ќе мора да ја прифати независноста на Косово, јас им велам дека нема, а сега можеби ќе најдат некој […]

Брнабиќ стави резерва на декларацијата на ЕУ „штитејќи ги интересите на Србија“


Белград– Премиерката Ана Брнабиќ стави резерва на декларацијата на ЕУ Самитот „ЕУ-Западен Балкан“, со која се заштитуваат интересите на Република Србија, а во резервата јасно е ставено до знаење дека Косово останува составен дел од Република Србија согласно Резолуцијата 1244 на ООН, соопшти Владата на Србија. Како што јави дописникот на МИА од Белград, во […]

Вучиќ: Фатена е мрежата на оние кои испраќаат дојави за бомби


Во текот на денот во Србија и во странство ќе бидат уапсени повеќе лица поврзани со упатување дојави за бомби. Тоа синоќа го најави српскиот претседател Александар Вучиќ кој нагласи дека властите во Србија во соработка со европски партнери ја „уловиле мрежата“ на оние кои испраќале дојави за бомби. „Утре или задутре ќе биде објавено… […]

Пожар во Дом за стари лица во предградие на Белград, две лица загинаа


Две лица загинаа во пожарот што избувна вечерва во домот за стари лица во Мали Мокри Луг, предграието на Белград. Повредените се пренесени во ВМА. Евакуирани се 73 корисници на домот и осум вработени, јави дописникот на МИА од Белград. Припадници на Одделението за вонредни состојби на МВР го локализирале пожарот кој избувнал на улицата […]

Грција се закани со 37 вета на Албанија во ЕУ


На Самитот на ЕУ утре и задутре во Брисел не се очекува да има опсежна дискусија за проширување надвор од новите земји кандидати Украина, Молдавија, Босна и Херцеговина, туку од грчка страна, доколку се испровоцира дискусија, ќе биде истакната цврстата позиција за блокирање на Албанија. Албанскиот премиер Еди Рама избра погрешен „противник“ за да ја […]

Дачиќ: Без ЗСО нема дискусија за француско-германскиот план


 Претседателот на Социјалистичката партија на Србија (СПС) и министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, изјави денеска дека нема да има дискусија за спроведување на француско-германскиот план додека не се формира Заедницата на српските општини на Косово.  Дачиќ, кој е носител на изборната листа „Ивица Дачиќ-премиер“, во интервју за агенцијата Бета изјави дека Србија никогаш нема […]

Силна експлозија пред зграда со канцеларии во атинското предградие Пиреја


Силна експлозија се случи во текот на ноќта пред деловна зграда во атинското предградија Пиреја, откако пред објектот била поставена бомба што предизвикала голема материјална штета, јави дописничката на МИА од Атина. Од експлозија нема повредени, а полицијата трага по лицето или лицата кои го поставиле експлозивниот механизам. Во зградата има канцеларии на бродски компании, […]

Во Белград завршна предизборна конвенција и протестно шетање на проевропската опозиција „Србија против насилството“


Во Белград, на Плоштадот на Републиката се одржа голем изборен митинг и завршна предизборна конвенција на проевропската коалиција „Србија против насилството“ која заврши со протестно шетање до Републичката изборна комисија (РИК), јави дописникот на МИА од Белград. Кандидатот за градоначалник на Белград од листата „Србија против насилството“, Владимир Обрадовиќ, вечерва изјави дека „промените веќе почнаа-промени […]

Пленковиќ го смени министерот за економија Давор Филиповиќ


 Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска го смени министерот за економија Давор Филиповиќ oткако неговиот специјален советник на локалната телевизија Мрежа ТВ нудел закуп на огласен простор од голем број државни фирми и институции во замена за пари. Транскриптот од разговорот на специјалниот советник Јурица Ловринчевиќ со новинар од Мрежа ТВ го објави во најновиот број […]

Родители во Љубљана го пријавиле сопственото дете поради петарди. Полицијата ги пофали


Како што пренесува словенечкиот N1, родителите од Љубљана кај нивното дете пронашле пиротехнички средства, кои тоа ги купило без нивно знаење, а тие самите ја повикале љубљанската полиција. „Со своето одговорно однесување дефинитивно му дадоа пример на детето и спречија евентуални повреди“, ги пофали љубљанската полиција и додаде дека се работи за речиси 400 парчиња […]

Во Валона запленети 500 кг марихуана, чија крајна дестинација требало да биде Турција


Албанската полиција во приморскиот град Валона заплени 500 килограми марихуана, која по морски пат требало да пристигне во Турција. Директорот на регионалниот комесаријат на Валона, Ермал Мучај, на прес-конференција изнесе детали за акцијата за борба против трговија со дрога под шифра „РЕСЕТ“, во рамките на која е разбиена криминална група која произведувала и тргувала наркотици. […]

Повторно дојави за поставени бомби во училишта во Белград


Училишта во Белград денеска повторно добиле дојави за подметнати бомби, јавија белградските медиуми. Полицијата е на тие локации и е во процес на проверка на тврдењата за поставени бомби. Децата и вработените се евакуирани од училиштата.  Во изминатите денови зачестија анонимните дојави за бомби во белградските училишта, а МВР на Србија во петокот соопшти дека […]

Во Србија ќе стапат на сила новите услови за пензионирање на жените


Белград- Од 1 јануари идната година во Србија ќе стапат на сила новите услови за пензионирање на жените, бидејќи старосната граница за пензионирање на жените се поместува за два месеци, па условот за пензионирање ќе биде полни 63 години и 8 месеци живот и најмалку 15 години стаж на осигурување, соопшти Републичкиот фонд за пензиско […]

Лица од Србија и едно од странство стојат зад дојавите за бомби, информирана Брнабиќ


Припадниците на Министерството за внатрешни работи ја информирале претседателката на Владата на Република Србија, Ана Брнабиќ, дека во тек е темелна истрага за откривање на испраќачот на дојавата за бомби во белградските училишта, и дека се идентификувани неколку државјани на Република Србија, како и лице од странство. Во соопштенеито на српската Влада се наведува дека […]

Албанија: По хаосот во Парламентот, ќе се менува Деловникот за работа и ќе се заоструваат казните


По хаосот што го предизвикува опозицијата во албанскиот Парламент, владејачките социјалисти побараа под итно донесување измени и дополнувањата на Деловникот за работа и заострување на казнените мерки. Во овој контекст, на денешната средба на парламентарната група со партискиот лидер и актуелен премиер, Еди Рама, социјалистите се договориле измените да бидат на дневен ред на седницата […]

Албанија, целата планина мерки на ЕУ, ќе ги воведе преку ChatGPT


Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека имал разговор со главниот технолошки директор на стартап компанијата OpenAI, Албанката Мира Мурати, за да се забрза пристапот на Албанија во ЕУ, објави ТВ Топ чанел. Рама ова го изјави за време на годишниот конгрес на Социјалистичката партија на Албанија во Тирана пред неколку дена. Компанијата „Отворена вештачка интелигенција“ […]

Хрватска: Најголем број заболени од голема кашлица во изминатите 40 години


 Во Хрватска се зголемува бројот на заболени од голема кашлица (Pertussis), повеќето се меѓу децата, па затоа се организираат пунктови за тестирање на инфекции, додека епидемиолозите се уште препорачуваат вакцинација како најдобра заштита. Според евиденцијата на ХЗЈЗ, во Хрватска досега од голема кашлица се разболеле 2.312 лица, најмногу во Загреб, а потоа и во Сплитско-далматинската […]

Утрово повторно дојави за бомби во училиштата во Белград


Дојави за поставени бомба утрово повторно стигна и до основните училишта низ Белград. Родителите во групите на Вибер добиваат пораки дека училиштата добиле известување од МВР дека вакви закани стигнале до сите белградски училишта. „Почитувани родители, Министерството за внатрешни работи на Србија повторно доби дојава дека во сите училишта во Белград се поставени бомби. Децата […]

По поплавите, по неколку месеци, повторно сообраќа воз меѓу Атина и Солун


По неколку месечен прекин поради штетата предизвикана од поплавите, се обновува железничката врска меѓу Солун и Атина, првично за товарните возови, а од сабота и за патничките, јави дописничката на МИА од Атина. Од Министерството за инфраструктура и транспорт на Грција соопштија дека доцна синоќа бил пуштен во сообраќај првиот товарен воз, а од 16 […]