БиХ ја погоди земјотрес


Нов земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина,  нешто пред 22 часот, јавува EMSC.

Земјотресот бил со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала.

Епицентарот бил на 16 километри од Бања Лука или на пет километри од Челинац. Беше на длабочина од 10 километри.

Засега нема информации за евентуална материјална штета.

На истото подрачје, според информацијата на ЕМСЦ, земјотрес со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала е почувствуван во 16 часот и 48 минути, а само неколку минути претходно ја погоди областа во Славонски Брод.

Епицентарот на земјотресот во БиХ бил на 23 километри од градот Мркоњиќ и бил со јачина од 2,8 степени.

Жителите на Бања Лука кои живеат на повисоките катови почувствувале благо тресење, додека во Градишка кај некои граѓани поради земјотресот се почувствувало движење на мебелот во становите.

Вчера земјотрес со јачина од 2,5 степени според Рихтеровата скала ја погоди и Црна Гора, а епицентарот бил во близина на Улцињ.