Пукање во Бар, убиен член на криминална група
Полицијата го блокираше градот и трага по еден или повеќе сторители
Припадник на организирана криминална група е убиен утрово во престрелка во Бар, за „Вијести.ме“ неофицијално потврдија од полициската управа. Според полицијата убиен е Еднод Мустафа.
Полицијата го блокираше градот и трага по еден или повеќе сторители.
Локалните медиуми јавија дека напаѓачот побегнал со мотор, откако пукал во млад маж пред деловна зграда.
Службите за итна помош и полицијата се на терен. Истрагата е во тек.