Како Рама го пречека Зеленски во Тирана? (ВИДЕО)


Како лидер на херојски отпор го дочека денес албанскиот премиер Еди Рама претседателот на Украина, Володомир Зеленски, кој учествува на вториот самит на Југоисточна Европа и Западен Балкан со Украина. Албаљнија на некој начин последните месеци стана центар на случувањата во регионот, пред се поради гостопримството што го покажува албанскиот лидер кон политичарите од САД, Европа и пошироко. Неодамна таму беше државниот секретар на САД Ентони Блинкен,  во Тирана се одржа и првиот самит од Берлинскиот процес  во регионот, а ова е прва посета на украинскиот претседател во овој дел на Европа откако почна војната во Украина.

Зеленски, кој синоќа допатува во Тирана, преку порака на Платформата „Х“ албанскиот премиер Еди Рама го нарече „бескомпромисен пријател на Украина“.Во објавата пред средбата со Рама тој наведува дека ќе разговараат за одбранбената и политичката соработка, поддршката на Формулата за мир и безбедносните договори и додава дека „Албанија е една од земјите што ја потпишаа Декларацијата на Г7 од Вилнус, што ние многу го цениме“.

„Денеска работам во Тирана. Ќе се сретнам со цврстиот пријател на Украина, албанскиот премиер Еди Рама, и ќе учествувам на самитот Украина-Југоисточна Европа. На самитот Украина-Југоисточна Европа ќе разговараме за нашиот заеднички пат кон евроатлантската цел.Ќе предложам поддршка на напорите на Украина за постигнување праведен и траен мир, како и организирање на Глобалниот самит за мир во Швајцарија. Ќе имам билатерални разговори и со учесниците на самитот“, пишува Зеленски. Посочува дека Албанија е една од земјите што ја потпишаа Декларацијата на Г7 од Вилнус, што неговата земја високо ја цени.