Одземен пратеничкиот имунитет на Бериша, се отвора патот за притвор


Албанскиот парламент со 75 гласови „за“, оние на владејачкото мнозинство, на денешната пленарна седница му го одзеде пратеничкиот мандат на поранешниот албански претседател и лидер на побројното крило на опозициските демократи, Сали Бериша(79). Со ова одлука на законодавниот дом се отвора патот, Специјалното обвинителство и судот против организиран криминал и корупција да одредат мерка затворски […]

Новинари на „Фикс фаре“ купиле потврда за бугарско потекло за 10.000 леки


Најпопуларната истражувачка програма „Фикс фаре“ на Топ чанел во вечерашната емисија со глас и слика покажува колку е лесно да се купи потврда за бугарско потекло во Острени, област Голо Брдо, општина Булќиза, независно од вистинското потекло. За 100.000 леки новинарите купиле две такви потврди потпишани и заверени со печат, од Љуан Мјештри, администратор на […]

Грција избрана за земја на годината од Економист


Пред неколку години, кој ќе очекуваше дека Грција ќе биде прогласена за земја на годината од Економист, коментира грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на Х, откако британскиот магазин ја одбра Грција за земја на 2023 година. Мицотакис истакнува дека изборот претставува признание за напорите на грчкиот народ, за нивните континуирани реформи и за напредокот на земјата. […]

Прогласена тревога во Сараево заради загадениот воздух


И денес, трет ден по ред, Сараево, БиХ, е еден од градовите со највисоко ниво на загаденост на воздухот во светот, а на рангирањето на веб-страницата AirVisual наутро беше трет, зад пакистанскиот Лахоре и индиски Њу Делхи. Индексот на загаденоста на воздухот во главниот град на Босна и Херцеговина изнесуваше 295 и беше на ниво […]

Почна изградбата на 400 kv далековод меѓу Албанија и Северна Македонија


 Денеска беше означен официјалниот почеток на изградбата на 400 киловолтниот далековод  меѓу Албанија и Северна Македонија.  – Ова е многу значаен проект и  ќе биде прва енергетска врска меѓу двете земји, која ќе овозможи директна размена на електрична енергија. Со изградбата за 1500 мегаватчасови ќе се зголеми преносниот капацитет во нашата држава. Голема благодарност за […]

Земјотресите во февруари ќе ја чинат Турција 110 милијарди долари


Анкара – Вредноста на штетите предизвикани од земјотресите во Турција во февруари се проценува на 110 милијарди долари, објави турскиот министер за животна средина, урбанистичко планирање и климатски промени, Мехмет Јожасеки. Според министерот, земјотресите на 6 февруари годинава во јужна Турција директно погодени 14 милиони луѓе во 18 градови и нивната околина. -Во регионот каде што […]

Бизнис со новогодишни елки: Прекупецот може да заработи за автомобил за една недела


Кој мисли дека летната сезонска работа е најисплатлива затоа што за најкратко време заработува најмногу, тој е во погрешен спорт. Продажбата на новогодишни елки во Хрватска вреди најмалку десет милиони евра, а трае само една недела, пишува денеска „Јутарњи лист“. Во овој период, паметен прекупувач на божиќни дрвца може да заработи доволно за нов автомобил, […]

Украл автомобил со дете во Загреб, таткото трчал по него


Драматичен настан се случил вчера околу 17 часот  во Загреб, Хрватска, а предизвика шок кај минувачите. Еден маж, видно вознемирен, истрчал по патот извикувајќи „Застани, застани!“, додека една жена трчала по него, молејќи ги минувачите да повикаат полиција. Што се случило раскажал соговорникот на Danas.hr, кој бил сведок на овој настан. „Сите се исплашивме кога […]

Сараево денеска повторно град со најзагаден воздух во светот


Сараево денеска повторно го достигна врвот на листата на градови со најголема загаденост на воздухот, покажуваат податоците на порталот AirVisual, кој собира информации од мерните станици од земјите низ светот. Концентрацијата на загадувачки материи во утринските часови е означена со индекс 235 и е во категоријата што укажува на „многу нездрав воздух“. Но, концентрацијата на […]

Бугарија од март ќе престане да увезува руска сурова нафта


 Бугарија ќе престане да увезува сурова нафта од Русија од 1 март следната година, иако има посебна дозвола од Брисел да продолжи со тоа до 1 октомври. Вчерашната одлука на Парламентот беше протуркана од прозападното владејачко мнозинство и со неа се става крај на извозот на производи од руска сурова нафта од 1 јануари. Новите […]

Тахири: Партијата на Курти е во паника од уставноста, подобро ѝ е да се откаже од корупцијата


Шефот на пратеничката група на најголемата парламентарна опозициска партија во Косово, Демократската партија на Косово, Абељард Тахири, одговарајќи на владејачката партија Движење самопределување (ВВ) за денешните обвинувања на сметка на опозицијата за испраќањето на законите во Уставниот суд, рече дека „власта е во паника од уставноста и законитоста“, јави дописникот на МИА од Приштина. Преку […]

Борел и Вархеи бараат „истрага“ за наводите за изборните нерегуларности во Србија


  Од течно спроведување на изборите, до остри критики за целиот изборен процес , па дури и обвинувања дека на опозицијата ѝ е украдена побеада во Белград.  Вакви изјави вчера и денеска даваа набљудувачите од Советот на Европа и Европскиот парламент за изборите во Србија на кои уште една убедлива победа однесе Српската напредна партија […]

Шенах: Вистината за изборите во Србија е малку шокантна


Штефан Шенах, шеф на делегацијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа која ги набљудуваше изборите во Србија, рече дека вистината за државата е донекаде шокантна, дека изборите не биле фер, дека гласовите биле манипулирани и дека се тоа е проблем за земја која сака да оди по демократски пат.  „Она што го видовме беше […]

Грција ќе им даде на мигрантите тригодишни дозволи заради недостигот на работници


Грчките пратеници се подготвуваат да гласаат  за нацрт-законот со кој им се дозволува на мигрантите да добијат дозвола за престој и работа за три години, чекор за справување со недостигот на работна сила во клучните сектори на економијата што се опоравува од должничката криза. Грција беше порта кон Европската унија за илјадници мигранти и баратели […]

Тројца избодени во прифатилиште за бездомници во Вараждин


Утрово околу 10 часот и 10 минути во прифатилиште за бездомници во Вараждин, Хрватска, во просторот на кујната, 37-годишна жена со нож повредила три лица на возраст од 31, 42 и 52 години, нанесувајќи им убодни рани, соопшти Полициската управа. На повредените им била укажана лекарска помош во Општата болница во Вараждин, а нивните повреди […]

Алексиќ очекува да се повторат изборите за Белград и најави нов протест вечерва


Еден од носителите на изборната листа „Србија против насилство“, Мирослав Алексиќ, изјави дека очекува да се повторат изборите за главниот град во Србија и оцени дека во Белград имало изборна кражба, што претставува врв на сите нерегуларности на изборниот процес. Заедно со Мариника Тепиќ, која е и носител на таа изборна листа, штрајкуваше со глад […]

Стејт департмент: Ја цениме можноста да се продолжи со работа со идната влада на Србија


Стејт департментот ги коментираше предвремените избори во Србија на кои според прелиминарните резултати убедлива победа извојува Српската народна пртија на претседателот Александар Вучиќ.  -САД ја ценат можноста да продолжат да работат со идната влада на Србија да се засили демократското владеење и владеењето на правото, да се изврши напредок во регионалната стабилност и да се […]

Ердоган во Унгарија, Орбан му подари коњ


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека сака да ги продлабочи односите со унгарскиот премиер Виктор Орбан, за време на неговата втора посета на Будимпешта во последните четири месеци. Унгарија и Турција се единствените членки на НАТО кои не го ратификуваа пристапувањето на Шведска во Северноатлантскиот договор. Унгарскиот парламент допрва треба да гласа за […]

Во Црна Гора пријавени 129 случаи на голема кашлица, меѓу кои и шест бебиња


Од почетокот на ноември во Црна Гора се пријавени 129 случаи на голема кашлица, меѓу кои и шест бебиња. „Помеѓу пријавените случаи (129), најголем дел од заболените има во возрасната група од 11-15 години (71), во групата од 26-64 години (20), во групата од 6-10 години (15 ), 1-5 години (9), до една година (6), […]

Протест во Србија, бараат поништување на изборите во Белград


На повик на коалицијата „Србија против насилството“, пред градското собрание во Белград се собраа граѓани кои тврдат дека имало изборна кражба на вчерашното гласање. Кандидатот за градоначалник на таа коалиција Владимир Обрадовиќ изјави дека сите биле сведоци на нерегуларностите што се случија вчера и дека нема да ги прифатат резултатите од изборите во Белград. – […]