Српската полиција соопшти за 38 приведени во синоќешните протести


Белград – Началникот на полициската управа на српската полиција, Ивица Ивковиќ денеска изјави дека при синоќешните инциденти и обидот за насилен влез на бунтовници во просториите на Градското собрание, припадници на Министерството за внатрешни работи кривично гонат 38 лица, прибирањето докази продолжува и дека оваа бројка сигурно ќе се зголемува во текот на денот. Тие се […]

Вучиќ јаде јаболка пред полициската акција: „Моменти на одмор“


  Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на социјалните мрежи сподели фотографија како јаде јаболка непосредно пред акцијата за разбивање на протестот во Белград. „Моменти на одмор во претседателсството. Важно е да се зачува мирот, да се уапсат насилниците и да се обезбеди иднината на нашите деца. Сакам, драги пријатели, да знаете дека секогаш сум на […]

Вучиќ: Драматично е, но „револуцијата“ нема и нема да успее!


  Српскиот претседател, Александар Вучиќ вели дека сцените се драматични пред Градското собрание, но ги повика граѓаните да не се грижат бидејќи, како што рече, ниту една револуција не е во тек и ништо нема да успее.   „Ќе се обидеме да не повредиме никого со нежна и смирена реакција“, рече претседателот, додавајќи дека на […]

Напнато пред Градското собрание во Белград, летаат стакла и солзавец


  Официјални лица и поддржувачи на листата „Србија против насилството“ вечерва го нападнаа  Градското собрание на Белград. Додека тие ги кршеа стаклата на вратат од сoбранието, полицијата ги прскаше со солзавец. Граѓаните запалија неколку факели, фрлаа јајца и извикуваа „Излези надвор“.  Потпретседателот на Демократската партија, Срѓан Миливојевиќ, ја повика полицијата која ја држи вратата со […]

Хрватска го дочекува својот најскап Божик досега


Овогодинешната празнична кошничка е најскапа во Хрватска досега, според хрватските синдикати, пренесува ХРТ. Според хрватските синдикати, најобилната празнична корпа во Хрватска чини 417 евра, а најскромната 98 евра. – Само најбогатата кошничка е вистинската кошничка во духот на традициите, забележува претседателот на Независните хрватски синдикати, Крешимир Север. Тој додава дека во најевтината можна потрошувачка кошничка […]

Вучиќ: Тешко дека Ана Брнабиќ повторно ќе биде премиерка


Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека е „тешко“ Ана Брнабиќ повторно да биде премиер на Србија, но дека во иднина ќе извршува „значајни функции“. Во обраќањето до граѓаните од Претседателството на Србија, Вучиќ рече дека пред изборите и рекол на премиерката дека ова е нејзиниот последен мандат. „Ана израсна во голем борец. Горд сум […]

Потона сплавот „Картел“ кај Белградскиот саем, евакуирани 114 лица


Ноќеска потона сплавот „Картел“ во близина на Белградскиот саем. Евакуирани се 114 лица, соопштија од Итната помош за агенцијата Бета.  „Нашите екипи се погрижија за околу 30 млади луѓе кои беа на сплавот. Тие не беа повредени, но мораа да пливаат во ладна вода и доживеаја голем стрес“, велат од белградската Итна помош.    Белградскиот […]

МАЕИ бара проширување на истрагите за лажните потврди за „бугарско потекло“, но и за влијание врз пописот


Единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), по обелоденувањето на скандалот со давањето лажни потврди за бугарско потекло во Острени, Голо Брдо, од лица вработени во албански институции, бара „проширување на полициската акција и во други општини и региони во Албанија, каде што се одвиваат слични незаконски активности“. Претседателот Васил Стерјовски, […]

Акропол ќе може да се посети и по работното време, но по цена од 5.000 евра


Грција планира да понуди ексклузивни тури до познатиот Акропол за помал број богати посетители надвор од работното време, почнувајќи од 1 април следната година, но по цена од 5.000 евра. Оваа мерка е дел од ревизијата на политиката за посети на археолошки локалитети и музеи, која ќе се прошири и на други места од април […]

Во автомобилот во кој било семејството на шефицата на албансиот специјален суд удрило друго возило


Автомобилот на Националната гарда во кое било семејството на судијката на Специјалниот антикорупциски суд, Ирена Ѓока, синоќа доживеало сообраќајна несреќа во месноста Селита во Тирана, во која за среќа нема повредени, објавија медиумите. Во него според првичните истражни дејствија удрил автомобил на припадник на полицијата од градот Елбасан, кој изјавил дека изгубил контрола поради дождот […]

Пет грчки банки и банкарската асоцијација казнети со 41,7 милиони евра, ги договарале провизиите


Комисијата за конкурентност на Грција изрекла казни во висина од 41,7 милиони евра на пет банки и Асоцијацијата на банки поради усогласени практики и размена на информации, јави дописничката на МИА од Атина. Според грчките медиуми, банките се казнети затоа што имале усогласена провизија за подигнување готовина од банкомати со картици од странство или од […]

Хрватската редакција Index изработи Регистар на афери – со ова го честитаат Божик


„Среќен Божиќ, крадци! Регистар на афери, ни еден арамилук да не замине во заборав“, со овој наслов, вечерва, хрватската редакција на порталот Index.hr, им го честита големиот христијански празник Божик на своите читатели и ги објавува сите афери во историјата на Хрватска. – Корумпирани политичари и крадци од параприватниот сектор можат мирно да спијат со […]

Европратеникот Андреас Шидер: Ана Брнабиќ зборува бесмислици


  Андреас Шидер, лидерот на делегацијата на Социјалдемократската партија на Австрија во Европскиот парламент, кој беше набљудувач на изборите во Србија, го нарече бесмислен нападот на премиерката на Србија, Ана Брнабиќ дека како набљудувач на изборниот ден немал забелешки за штотуку завршените избори. „Мојата реакција на бесмислениот напад на српската премиерка Ана Брнабиќ и дезинформациите […]

Нова серија закани со бомби во училиштата во Подгорица


Во неколку основни училишта во Подгорица утринава пристигнале пријави за наводно поставени бомби, поради што наставата била прекината, јавува Вијести.  Согласно препораките на Министерството за образование, наука и иновации, наставата во тие училишта денеска најверојатно ќе се одржува онлајн.  Во неколку основни училишта во Подгорица вчера наставата беше откажана поради дојава за бомби кои беа […]

Србија: Заплашување на граѓаните со Мајдан – власта ги гледа протестите на опозицијата како вовед во граѓанска војна


Поради бројни нерегуларности, опозицијата инсистира на протести до поништување на изборите во Белград. А, власта ги гледа овие протести како увертира за граѓанска војна. Професорот на Факултетот за политички науки Душан Спасојевиќ објаснува дека тоа што СНС ги прикажува настаните пред РИК како нешто радикално и револуционерно и ги споредува со Киевскиот Мајдан, всушност значи […]

ЕК одвои 1,2 милијарди евра за зелена и енергетска транзиција на три региони во Бугарија


Европската комисија и додели на Бугарија 1,2 милијарди евра од Фондот за праведна транзиција (ЈТФ), како поддршка за отворање на нови работни места и економски активности во регионите на Стара Загора, Ќустендил и Перник, кои се соочуваат со најголеми социо-економски предизвици во процесот на исфрлање на јагленот од употреба и намалување на емисиите на јаглерод […]

Радев од утре во дводневна посета на Косово


Во дводневна посета на Косов утре ќе пристигне бугарскиот претседател Румен Радев, соопштија од кабинетот на претседателката на Косово, Вјоса Османи, пренесе Бета. Османи, ќе го прими претседателот Радев со државна свеченост со почеток во 10:00 часот на плоштадот „Ибрахим Ругова“, се наведува во соопштението. По средбата Османи и Радев ќе одржат заедничка прес-конференција. Засега […]

Уапсени три лица за издавање лажни потврди за бугарско потекло во Голо Брдо


 Албанската полиција од Булќиза, каде територијално припаѓа областа Голо Брдо, приведе три лица вработени во административната единица Острени, под сомнение за издавање лажни потврди за бугарско потекло. Апсењето следува по синоќешната истражувачка сторија „Сакаш бугарски пасош, оди во Острени, Голо Брдо“ во која со глас и слика се покажува колку е лесно да се купи […]

Повторно зголемен број на починати, хоспитализирани и заразени со Ковид-19 во Грција


Во периодот од 11 до 17 декември во Грција е регистриран зголемен број заразени со Ковид-19, во споредба со една седмица претходно, а зголемување бележат и хоспитализираните, приклучените на апарати, но и на починатите, согласно неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина. Во конкретниот период регистрирани се […]

Провладините медиуми ја обвинија Германија дека се вмешала во изборите во Србија


  Германската медиумска куќа Дојче веле  во реакција за порталот „Јуропијан вестерн балканс“ ги демантираше наводите на српските провладини медиуми дека е вмешана во актуелните антивладини протести. „ДВ не застапува ниту една политичка гледна точка во Србија и затоа зазема неутрална позиција за постизборните протести“, се наведува во писмената реакција од овој медиум. Со барање […]