Монд: Политиката на Вучиќ се заканува да ја оддалечи Србија од влез во ЕУ


Брисел – Францускиот весник Монд денеска пишува дека „под закана да ги отстрани шансите на неговата земја за влез во Европската унија, претседателот Александар Вучиќ, кој победи на изборите со сериозни нерегуларности, одбива да ги поддржи санкциите против Русија, а не се ни откажа од амбицијата повторно да го стави Косово под контрола на Србија“. Монд […]

Александар Вулин има нова функција, но во Република Српска


  Претседателот на Република Српска, Милорад Додик го именуваше Александар Вулин за член на Сенатот на овој босанско-херцеговски ентитет, објави РТРС. Во одлуката се наведува дека врз основа на Уставот на Република Српска и Законот за Сенатот, Вулин е именуван за сенатор на Република Српска од 1 декември. Инаку, Сенатот на Република Српска е, како […]

Земјотрес во Далмација: „Го почувствувавме силно, како голема експлозија…“


Утрово земјотрес беше почувствуван во Сплит и централна Далмација. Според сведоци на социјалните мрежи, земјотресот бил краток, но силно почувствуван. Велат, многумина ги разбудил од сон, пренесе Index.hr. Сеизмографиte на Сеизмолошката служба на Република Хрватска во средата во 6 часот и 31 минути забележаа умерен земјотрес со епицентар во близина на островот Чиово, три километри […]

ЕУ чека предлози од Косово за ЗСО, имале 10 години да ги подготват


Европската унија објави дека косовските власти имале десет години да го изготват статутот на Заедницата на општини со српско мнозинство (ЗСО) и дека во сегашната фаза од дијалогот се очекува да понуди коментари и предлози за нацрт-статутот донесен во Белград и Приштина од Западната петорка. Во врска со изјавата на косовскиот премиер Албин Курти дека […]

Заврши протестот во Белград, се бара ослободување на уапсените


Пред седиштето на Републичката изборна комисија (РИК) во Белград започна деветтиот протест на опозициските партии и активисти. Протест на опозициските партии и активисти е организиран поради нерегуларности на изборите одржани на 17 декември. Демонстрантите се собраа пред седиштето на Републичката изборна комисија (РИК) во Белград, а вечерва за првпат протест се одржува и во Краљево. […]

Комитетот за надворешни работи на турскиот Парламент го одобри приемот на Шведска во Алијансата


Комисијата за надворешна политика на турскиот Парламент денеска ја одобри кандидатурата на Шведска за членство во НАТО, што е клучен чекор кон проширување на Алијансата, по 19 месеци одложувања во текот на кои Анкара бараше отстапки од Стокхолм. Следниот чекор ќе биде гласање за кандидатурата на Шведска во Парламентот за неколку недели, кога се очекува […]

Директорката на „Рибникар“ поднесе оставка


Министерката за образование Славица Ѓукиќ Дејановиќ потврди дека В.Д. директорката Олга Митровиќ, на белградското основно училиште „Владислав Рибникар“, поднесе оставка. „Таа поднесе оставка од здравствени причини“, изјави Ѓукиќ Дејановиќ. Пред масовното убиство во „Рибникар“, што се случи на 3 мај, директорка на училиштето беше Снежана Кнежевиќ, а по тој инцидент родителите на учениците од тоа […]

Настаните по изборите уште повеќе го приближија Вучиќ до Москва


  Обвинувањата на рускиот амбасадор во Србија е најнов напор на Москва да ја спречи дипломатската кампања за излегување на Србија од руската орбита, пишува „Њујорк тајмс“. Ловејќи во немирните води на Србија по спорните избори, Русија во понеделникот го обвини Западот дека организира антивладини улични протести во Белград, кои прераснаа во насилни во неделата […]

(Видео) Пожарот во Албанија излезе од контрола, на помош повикана и војската


По повторното активирање на пожарот во 12-катницата во албанскиот град Лушње, ситуацијата  е отежната и пламените јазици излегле од контрола, па војската морала да им помогне на пожарникарите, пренесува „Газета шкиптаре“. Соопштено е дека повторно активираното жариште добило големи размери. Според овој портал, пламените јазици веќе зафатиле два ката од зградата, поточно третиот и четвртиот. […]

Наместо три часа – од Анкара до Истанбул за 80 минути


Патувањето со воз од Анкара до Истанбул ќе трае 80 минути наместо претходните три часа. Станува збор за супербрз воз како предизборно ветување на турската владејачка Партија на правдата и развојот (АКП). Возот ќе сообраќа на пруга долга 344 километри. Од Анкара до истанбулскиот аеродром „Сабија Гокчен“ ќе се движи со брзина од 350 километри […]

Вишиот суд ја одби жалбата на „Србија против насилство“: ГИК не е надлежен да ги поништи изборите


Белград – Вишиот суд во Белград отфрли уште една жалба на коалицијата „Србија против насилство“ и со тоа го потврди ставот на Градската изборна комисија дека не е надлежна да одлучува за поништување и прегласување на изборите за пратеници во Народното собрание, објави ГИК.   „Како што истакна претседателот Зоран Лукиќ, Градската изборна комисија се прогласи […]

Огромен пожар во трговски центар во Албанија, заробени околу 40 лица (видео)


Во градот Лушње во Албанија денеска избувна пожар кој зафати трговски центар и блиска станбена зграда, а ситуацијата изгледа многу сериозна. Спасувачите евакуирале многу луѓе, но се стравува дека десетици од нив останале внатре. Пламените јазици ги зафатија првите катови, но проблемот е што четирите страни на зградата се покриени. Целата противпожарна служба од Тирана […]

Што се гради во Црна Гора? Ова е планот


Црногорскиот премиер Милојко Спајиќ денеска објави план според кој до крајот на 2030 година ќе биде завршена изградбата на два автопати и четири експресни патишта. На средбата со стопанствениците во Стопанската комора на Црна Гора (ПКЦГ), тој рече дека во јануари ќе бидат објавени шест јавни тендери за изработка на идејни решенија за сите преостанати […]

Стејт департмент: Властите во Србија да ги истражат наводите на ОБСЕ за изборите, насилството е неприфатливо


Вашингтон – Американскиот Стејт департмент ги повика властите во Србија да соработуваат со мисијата на ОБСЕ во истрагата за наводите за изборни нерегуларности, нагласувајќи дека насилството врз новинарите, набљудувачите и изборните службеници е „неприфатливо“. „Фокусирани сме на соработката со Србија за зајакнување на демократската власт и владеењето на правото, подобрување на регионалната соработка, продолжување на […]

Српските студенти ги повикуваат вработените во јавните институции да им се придружат во протестот


Активистите и организаторите на денешниот протест во Белград, Иван Бјелиќ и Никола Ристиќ ги повикаа вработените во јавните институции да се приклучат на блокадата. Тие порачаа дека вработените во јавните институции работат до 15 часот и оти на протестот треба да се приклучат сите „чесни луѓе“. Студентите нагласија дека ќе продолжат да ја блокираат крстосницата […]

Аеродромот во Истанбул доби нова писта во должина од 3,5 километри


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска присуствуваше на отворањето на новата писта на меѓународниот аеродром „Сабиха Ѓокчен“ во Истанбул и рече дека Турција има намера дополнително да го развива авијацијата. Во својот говор на отворањето на пистата, Ердоган истакна дека аеродромот „Сабиха Ѓокчен“ има клучна улога во развојот на економијата и туризмот во Турција. Bugün […]

Кои се барањата на студентите кои го блокираат Белград


  Студентите од Белград во 11 часот го започнаа протестениот собир пред Министерството за државна управа и локална самоуправа, а нешто пред 14 часот блокадата се префрли на улицата „Кнез Милош“. На студентите од Универзитетот во Белград им се придружија и колегите од Нови Сад. Блокадите треба да траат до 18 часот кога ќе започне […]

Рускиот амбасадор во Белград тврди дека Западот поттикнува протести во Србија


Српскиот претседател Александар Вучиќ има непобитни информации дека Западот поттикнува протести во земјата, изјави денеска рускиот амбасадор во Србија, Александар Бочан-Харченко, по средбата со Вучиќ, јавуваат српските медиуми. „Опозицијата започна со протести кои се охрабруваат и поддржуваат однадвор. Вучиќ зборуваше за ова, не можам да навлегувам во детали бидејќи тоа е доверлива информација. Но, тој […]

Ѓилас: Полицајците на протестот ги претепала жандармеријата, група хулигани гаѓала со камења


Претседателот на Партијата за слобода и правда (СПП), Драган Ѓилас, денеска изјави дека двајцата повредени полицајци на синоќешниот протест пред градското собрание на Белград биле „претепани од жандармеријата “. Ѓилас за телевизијата N1 изјави дека има видеа кои го докажуваат тоа, а се појавија на социјалните мрежи и медиумите. Тој додаде дека носителот на листата […]

Измина рокот што српските студенти им го дадоа на властите, продолжуваат блокадите во Белград


Белград – Студентите од Белград, со поддршка на нивни колеги кои допатуваа од Нови Сад нешто пред пладне одбројуваа до истекот на рокот што го дадоа на Министерството за државна управа и локална самоуправа за да одговори на нивните барања, меѓу кои и увид во Избирачкиот список. Почнувајќи од 11 часот, властите имаа рок еден час […]