Земјотрес од 5,3 степени по Рихтер ја погоди Црна Гора, се почувствува и во Македонија


Во раните утрински часови, во 4 часот и 6 минути, Црна Гора ја погоди земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала, кој беше почувствуван и цела Хрватска и Босна и Херцеговина, но и во Македонија.

Сеизмографите на Хрватската сеизмолошка служба забележаа силен земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтер.

Според првите информации, епицентарот бил веднаш до границата на Црна Гора и БиХ, на 28 километри од Никшиќ.

Проценетата длабочина е околу 10 километри, а е почувствувана во Далмација, Херцеговина и Србија.

Засега нема информации за повредени или за материјална штета.

Недолго по првиот потрес, во 4 часот и 14 минути се случи уште еден земјотрес со малку послаб интензитет од 3,4 степени според Рихтеровата скала, со епицентар недалеку од првиот, на црногорската страна на границата.

Двата земјотреси се случија во областа на општина Никшиќ, во селото Доње Чараѓе, а најблизок град до епицентарот е Гацко.

Земјотресот бил почувствуван низ цела Далмација, особено во областа Дубровник, но информации пристигнале и од Сплит и Шибеник, јавуваат локалните медиуми.

Голем број жители на Црна Гора на социјалните мрежи ја опишаа својата вознемиреност и страв по земјотресот што ги разбуди.

„Добро се тресеше“, „Долго и силно“, „Ме разбуди. Силно и долго“, „Умрев од страв“, „Не разбуди, долго траеше“, „Околу 10 секунди“ и „Добро се тресеше“, се дел од впечатоците што граѓаните побрзаа да ги објават на апликацијата на ЕМСЦ.

И во Македонија, повеќе граѓани кои беа разбудени од тресењето, реагираа на Фејсбук,