Фото вест: Албанија го слави паганскиот „Летен ден“


Албанија денес го слави национален празник кој потекнува од паганските верувања на илирските предци „Летен ден“. Легендите велат дека летниот ден е прослава за повторното раѓање на природата по завршувањето на зимската сезона и воедно е знак за подмладување на духот на луѓето.

Оваа популарна прослава беше традиција на градот Елбасан, познат по посебните културни традиции. На овој ден семејствата го разменуваат традиционалниот Балокуме, колаче со шеќер и пченкарно брашно. Секое семејство има свој рецепт, кој се смета за извор на гордост.

Пред неколку децении луѓето одеа во Елбасан да го прослават овој ден, но сега ј стана национален фестивал.