Хрватска и Босна и Херцеговина потресени од слаби земјотреси, но граѓаните исплашени


Утрово, регионалните медими јавуваат за слаби земјотреси во Хрватска и во Босна и Херцеговина, но сведоштвата на граѓаните се вознемирувачки.

Имено, утрово два земјотреси го погодиле Загреб и неговата околина, а беа почувствувани и во Босна и Херцеговина.

Според податоците на EMSC, првиот земјотрес бил во 1.55 часот, а измерената јачина на земјотресот била 1,9 степени според Рихтеровата скала. По три минути земјата повторно имало земјотрес, овојпат со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала.

Земјотресите го разбудија Загреб и околните градови.

„Ах, како потресе! Како силна експлозија под куќата“, „Прво мал удар, по неколку минути силен удар и ја потресе цела куќа“, „Имаше силно тресење, грмежи, а потоа и гласно тресење со постепено намалување – сведочат граѓаните во дел од коментарите на веб-страницата на ЕМСЦ.

Земјотрес со јачина од 3,1 степени според Рихтеровата скала, пак, ја погоди Босна и Херцеговина, јавува ЕМСЦ.

Земјотресот бил на длабочина од девет километри, а регистриран е во 7 часот и 42 минути по локално време.

Епицентарот бил на 29 километри од Мостар.

Зошто олку слаби земјотреси се вознемирувачки за грашаните, па нивни сведоштва се ројат на социјалните мрежи, останува неодговорено. 

Сепак, треба да се знае, дека на неколку дена, овој регион го потресуваат земјотреси. Најчесто слаби, под 4 степени, кои не можат да предизвикаат големи штети или жртви. 

Хрватска беше погодена од посилен земјотрес во околината на Петриња мна крајот ан декември во 2020 година, при што имаше и жртва, а тој земјотрес го почувствува и Загреб, кој пак, неколку години пред тоа беше погоден од посилен земјотрес и имаше големи штети на постарите згради, кои до ден денеска не се рехабилитирани. Изградба на нови домови трае и во Петриња, Сисак и околината, со пари од ЕУ, државни пари и друиги донации, но повеќето од раселените граѓани, уште не можат да се вратат дома.

Дали инертноста на обновата на оштетените домови од страна на надлежните, која трае со години е дополнителна причина за стресот кој го преживуваат граѓаните поради овие реално слаби земјотреси или пак, тоа е резултат на површинските потреси. 

„Тоа беше слаб земјотрес, но граѓаните многу го почувствуваа затоа што беше во текот на ноќта кога се е мирно. Покрај тоа, граѓаните на Загреб се чувствителни на земјотреси поради тоа што се случи пред неколку години, па затоа реагираа вознемирувачки Овој земјотрес навистина не е силен и е класифициран во групата на слаби земјотреси кои не предизвикуваат штета“, рече сеизмологот Крешимир Кук за Хрватската радио телевизија.