Опозициските албански демократи се погласни во барањето техничка влада за слободни избори


Генералниот секретар на побројното крило на албанската опозициска демократска партија (Обнова на ДП) и пратеник, Фламур Нока, по седницата на партискиот Национален совет, дека историската мисија на демократите е да го вратат слободниот глас на народот, кој, според него, бил попречен во изминатите 10 години од владеењето на Еди Рама.

За да се надмине ова, според демократите Албанија треба да има техничка влада, како во Северна Македонија, која ќе спроведе слободни избори.

-Нашата историска мисија е Албанците да гласаат слободно. Власта 10 години ги уништува изборите. За да се врати слободното гласање потребна е техничка влада, која ќе спроведе слободни избори. Сега сите сплотени ќе ја посетиме секоја педа на Албанија, да ја обединиме опозицијата за да ја уништиме криминалната власт, изјави Нока.

На седницата на Националниот совет беа изгласани статутарните измени, а беа именувани и двајца потпретседатели.

Претходно и други високи претставници на партијата, меѓу нив и Сали Бериша, побараа три месеци пред парламнетарните избори во 2025 година да се формира техничка влада.