„Хрватскиот Бернабеу“ се распаѓа – дали сакале да заштедат пари?


Вкупно 80.000.000 евра биле платени за стадионот во Осиек, кој во соседството го нарекоа „хрватски Бернабеу“.

Сепак, само неколку месеци по отворањето на стадионот – тој почна да се урива.

На натпреварот помеѓу Осиек и Динамо во хрватскиот шампионат (1:1). паднал голем дел од бетонот на источната трибина.

Веднаш по итна постапка е нареден увид на стадионот.

„Веднаш по сознанието за споменатиот настан, извршен е првичен увид на источната трибина при што е утврдено дека има отцепување на заштитниот слој од бетон, а овие работи се извршени во првата фаза од изградбата на стадионот „Опус Арена“, во текот на 2020 година, кога работите ги изведуваше компанијата Еурокамен д.о.о, забележани се оштетувања на неконструктивниот бетониран дел, односно не се забележани видливи конструктивни оштетувања на конструкцијата на самата трибина“, велат од Осиек.

Од компанијата „Еурокамен д.о.о.“ одговорија дека ги известиле при изградбата дека може да има проблеми, но клубот инсистирал на оваа нарачка, која секако била поевтина.

Сепак, тоа не беше истакнато на отворањето, наместо тоа сите се пофалија со специјалната технологија на изработка на површината за играње.

„Не толку одамна завршивме со шиење на вештачката трева со специјална технологија, која го рангира тревникот меѓу врвните тревници во светот, како што се Сантијаго Бернабеу, Маракана и Паркот на принцовите“, изјави главниот инженер Хрвоје Сучиќ.

Изградбата започна во 2018 година, а Осиек почна да игра на него од стартот на тековната сезона.

„Опус Арена“ има капацитет од 13.000 седишта и моментално важи за најмодерна во Хрватска.