Хаос во Цетиње: Тепачка во Собранието (видео)


Конфликт изби денеска во Парламентот на Црна Гора во Цетиње меѓу пратеници на коалицијата “За иднината на Црна Гора” и пратениците на Демократската партија на социјалистите (ДПС) кој од вербален се превори во тепачка, прелесува „Новости“.

Конфликтот изби откако пратеникот на ДПС, Оскар Хутер, го обвини претседателот на парламентот, Андрија Мандиќ, дека не го почитува Цетиње, и дека и покрај пораките за помирување што ги испраќа, тој не го сменил мислењето за градот.

Мандиќ се обиде да ја смири ситуацијата тврдејќи дека го почитува Цетиње и дека отсекогаш го гледал градот со почитување поради неговото историско значење, но дека смета оти не сите што денеска протестираат на Цетиње се цетињани.

„Тоа што денеска група луѓе ги трошат заслугите на своите предци, тоа е нивен избор и нека продолжат да го прават тоа. Покажувам почит кон секој граѓанин на Цетиње. Мислам дека политиката на помирување што ја промовирам не води напред, а кој сака да биде затвореник на старите црногорски поделби и омраза, нека продолжи да го прави тоа,“ рече Мандиќ.

 

Хутер инсистираше на своите тврдења и обвинувања против Мандиќ, истакнувајќи дека власта во Црна Гора не ја заслужуваат оние што доаѓаат во Цетиње со комбиња, амбулантни возила и со полициски кордони, поради што пратениците од „За иднината на Црна Гора” скокнаа од парламентарните клупи, а пратеникот Славен Радуновиќ фрли нешто кон него

Во вербалниот дуелот се вклучи и Милан Кнежевиќ, кој потоа стана, по што Мандиќ свика пауза, но сепак дојде до судир во собраниската сала. Хутер и Кнежевиќ неколкупати се обидоа и физички да се пресметаат, но беа спречени од останатите пратеници.

Претходно имаше протест пред зградата на Парламентот поради доаѓањето на Мандиќ, при што приврзаниците на ДПС со петарди ги нападнаа пратениците на коалицијата – меѓу кои и Јован Јоле Вучуровиќ, Милун Зоговиќ, Владислав Бојовиќ и Јелена Божовиќ – кои им одговорија со кревање три прста.

Градоначалникот Никола Ѓурашковиќ го окарактеризира присуството на полицијата во Цетиње, како „скандалозна опсада поради најавениот мирен протест“.

„Цетиње отсекогаш знаел да процени кој треба да биде пречекан. Така беше во деведесеттите, така е и денес“, напиша тој во пост на Х.