Косовски Албанец осуден на 15 години затвор за воени злосторства врз Албанци во 1999 година


Основниот суд во Приштина го прогласи косовскиот Албанец Мухамет Алидемај за виновен и го осуди на 15 години затвор за воени злосторства во војната од 1999 година во селото Избица, општина Србица (Скендерај) во северозападно Косово, јави дописникот на МИА од Приштина. Според обвинението, Алидемај учествувал, заедно со припадниците на српските полициски и воени сили, …

Косовски Албанец осуден на 15 години затвор за воени злосторства врз Албанци во 1999 година Read More »

Бабата на момчето убиец од Рибникар одбила да сведочи против нејзината ќерка


Мајката на обвинетата Миљана Кецмановиќ денеска беше повикана да сведочи на судењето на родителите на момчето убиец од „Рибникар“, јавија српските медиуми. Како што дознава Курир, таа го искористила законското право да не сведочи против нејзината ќерка, односно одбила да сведочи на суд. Како сведок требаше да се појави и дадилката која работеше во семејството …

Бабата на момчето убиец од Рибникар одбила да сведочи против нејзината ќерка Read More »

Црна Гора: Судот ги ослободи обвинетите во случајот „државен удар“


  Сите обвинети во случајот „државен удар“ во Црна Гора денеска се ослободени со одлука на Вишиот суд, јавуваат црногорските медиуми. Одлуката ја донесе тричлениот судски совет предводен од судијата Зоран Радовиќ. Ослободените, меѓу кои се и лидерите на поранешниот Демократски фронт Андрија Мандиќ и Милан Кнежевиќ, претходно беа обвинети за обид за насилно соборување …

Црна Гора: Судот ги ослободи обвинетите во случајот „државен удар“ Read More »

Грција нема да испрати во Украина Ф-16 или противракетни системи


Можноста Грција да испрати во Украина Ф-16 или противракетни системи Патриот или системи С-300, целосно ја отфрли грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на прес конференцијата во Вашингтон по завршувањето на НАТО Самитот, јави дописничката на МИА од Атина. – Сакам да бидам јасен, Грција не отстапи Ф-16 во иницијативата Ф-16. Постојат други земји што …

Грција нема да испрати во Украина Ф-16 или противракетни системи Read More »

Уставниот суд на Србија официјално ја укина одлуката на Владата за забрана за ископ на литиум


 Уставниот суд на Србија денеска ја соопшти официјалната одлука со која ја укина владината уредба и ја стави вон сила забраната за истражување и ископ на литиум во долината Јадар кај Лозница, со што повторно се отвори патот на компанијата „Рио Тинто“ во Србија за реализација на проектот за експлоатација на минералот јадарит „Јадар“, јави …

Уставниот суд на Србија официјално ја укина одлуката на Владата за забрана за ископ на литиум Read More »

Главната пречка на Албанија на патот кон ЕУ е корупцијата, вели евроамбасадорот Гонзато


Тирана – Амбасадорот на ЕУ во Тирана, Силвио Гонзато, од северниот албански град Скадар, порача дека борбата против корупцијата е приоритет за интеграцијата во ЕУ, оценувајќи дека Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција, СПАК, добро ја врши работата на овој план.  – Проблемот што сите го знаеме, а што е главната пречка на Албанија …

Главната пречка на Албанија на патот кон ЕУ е корупцијата, вели евроамбасадорот Гонзато Read More »

Борел и Вархеи: Геноцидот во Сребреница е еден од најмрачните моменти во модерната европска историја


Геноцидот во Сребреница од пред 29 години е еден од најмрачните моменти во модерната европска историја и наша должност е да го почитуваме споменот на над 8.300 момчиња и мажи кои беа систематски убиени на ридовите околу овој босански град, порачаа високиот претставник на Европската комисија за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел и еврокомесарот …

Борел и Вархеи: Геноцидот во Сребреница е еден од најмрачните моменти во модерната европска историја Read More »

РЗС: Просечната возраст на населението во Србија е 43,9 години


Просечната возраст на населението во Србија е 43,9 години, притоа просечна возраст на жените изнесува 45,3 и на мажите 42,5, години, покажуваат денеска објавените податоци на Републичкиот завод за статистика, јави дописникот на МИА од Белград. Најголем број жители, 63,3 отсто, се граѓаните на возраст од 15 до 64 години, потоа следат граѓаните на возраст …

РЗС: Просечната возраст на населението во Србија е 43,9 години Read More »

Пресврт во случајот со Данка Илиќ. И второосомничениот го смени исказот – вели не е виновен


Дејан Драгијевиќ, еден од осомничените за убиството на девојчето Данка Илиќ во Бањско Поле, на денешното рочиште во Вишото јавно обвинителство во Зајечар го негираше убиството, неофицијално дознава Нова.рс. Драгијевиќ истакнал дека на 26 март, кога била пријавена за исчезната, не ја ни видел Данка. Драгијевиќ беше донесен во обвинителството нешто пред 10 часот бидејќи …

Пресврт во случајот со Данка Илиќ. И второосомничениот го смени исказот – вели не е виновен Read More »

Односите меѓу Грција и Албанија неповратно се влошуваат


  Прашањето е загадочно, а одговорот уште позагадочен – што сака да постигне албанскиот премиер Еди Рама со каскадното влошување на односите со Грција и при тоа драматично да го загрози патот на пристапувањето на неговата земја во ЕУ. Случајот „Белерис“ (уапсениот градоначалник на Химара) е во жижата на односите меѓу двете земји веќе 14 …

Односите меѓу Грција и Албанија неповратно се влошуваат Read More »

Атина денеска без такси превоз


Таксистите во Атина, организирани од нивниот Синдикат утрово започнаа 24-часовен штрајк поради амандман од Министерството за туризам што се однесува нивниот сектор, јави дописничката на МИА од Атина. Грчката метропола од 6 часот до утре наутро ќе биде без такси превоз. Од Синдикатот, паралелно закажаа и протест на кој ги повикаа на учество таксистите заедно …

Атина денеска без такси превоз Read More »

„Се работи да се преживее“: Атина се бори со екстремните жештини


  Дрвја, центри за ладење, станици за вода. Тие три работи се во умот на Харис Дукас додека седи во неговата канцеларија, претворена во контролен центар на горниот кат од градското собрание. По едвај шест месеци од работата, главниот приоритет на градоначалникот на Атина е едноставен: да се осигура дека жителите на главниот град на …

„Се работи да се преживее“: Атина се бори со екстремните жештини Read More »

Од полноќ поскапуваат патарините во Србија


Од вечерва на полноќ патарините во Србија ќе поскапат за 10 отсто. „Патишта на Србија“ има нов ценовник според кој цените ќе бидат поскапени. Српскиот министер за транспорт, градежништво и инфраструктура Горан Весиќ го соопшти новиот ценовник и додаде дека ќе се формира комисија за наплата.   Од Белград до Ниш ќе биде 1.130 динари, а од …

Од полноќ поскапуваат патарините во Србија Read More »

Зачестија средбите на Вјоса Османи со бугарските функционери


Косовските аспирации за членство во НАТО и поддршката за Косово од страна на Бугарија биле темите на средбата на претседателката на Косово, Вјоса Османи со бугарскиот премиер, Димитар Главчев на маргините на Самитот на НАТО во Вашингтон. Како што соопшти косовското Претседателство, Османи на средбата со Главчев истакнала дека Бугарија е непоколеблив поддржувач на Косово …

Зачестија средбите на Вјоса Османи со бугарските функционери Read More »

Бугарскиот премиер разговарал со Бајден, го уверил во лојалноста на Софија


  Службениот бугарски премиер Димитар Главчев го уверил американскиот претседател Џо Бајден дека Бугарија е лојален и сигурен сојузник во НАТО, јави БНР. Двајцата разговараа во рамките на самитот посветен на 75-годишнината од НАТО во Вашингтон. Од своја страна, шефот на американската држава високо ја ценел улогата на Бугарија на источното крило на Алијансата, додава …

Бугарскиот премиер разговарал со Бајден, го уверил во лојалноста на Софија Read More »

Балканот денеска е најтоплиот дел од Европа


Во земјите од регионот денеска се активирани црвени или портокалови метео аларми кои предупредуваат на многу високи температури, а метеоролозите повикуваат на почитување на правилата во дадените временски услови. Температурата синоќа беше 30 степени во Дубровник, 29 степени во Сплит, а 28 степени во Риека. Врвот на топлотниот бран во Хрватска е најавен за денеска. …

Балканот денеска е најтоплиот дел од Европа Read More »

Црна Гора забрани руски медиуми – Захарова најави мерки


Русија ќе преземе соодветни мерки против Црна Гора, која од 10 јули забрани емитување на голем број руски медиуми, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, пренесува агенцијата Тасс. „Уште еден напад од црногорската влада го сметаме за непријателски чин на отворена цензура, со цел да се даде изглед на легитимитет на …

Црна Гора забрани руски медиуми – Захарова најави мерки Read More »

Денеска средба Мицотакис – Ердоган во Вашингтон


Атина– Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган вечерва ќе се сретнат на маргините на Самитот на НАТО Самитот во Вашингтон, јави дописничката на МИА од Атина.  Според грчките медиуми, средбата е закажана за 16 часот по локално време.  За време на дискусијата со поранешниот амбасадор на САД во Грција Даниел Спекхард …

Денеска средба Мицотакис – Ердоган во Вашингтон Read More »

Пленковиќ се откажа од мандатот во Европскиот парламент и останува премиер на Хрватска


 Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ се откажа од мандатот што го освои на изборите за Европскиот парламент, а се очекува тоа да го стори и потпретседателката на Европската комисија за демографија и демократија, Дубравка Шуица. Тоа значи дека хрватскиот премиер ќе остане во Загреб, а Шуица повторно ќе биде предложена за хрватски претставник во новиот состав …

Пленковиќ се откажа од мандатот во Европскиот парламент и останува премиер на Хрватска Read More »

Пожар во Патра: Евакуирани детска болница, старечки дом и жители на неколку населби


Противпожарната служба евакуираше јавен дом за стари лица и болница во западниот пристанишен град Патра, бидејќи шумскиот пожар ги зафати објектите. Поттикнат од силните ветрови, пожарот, кој започна на периферијата на Арои, гори низ шумите и грмушките и се шири кон Пагона, соседното предградие кое ги вклучува општинскиот старечки дом Патра и болницата Карамандеио. Претходно …

Пожар во Патра: Евакуирани детска болница, старечки дом и жители на неколку населби Read More »