Системот на дело: Едно врапче без крилја да избега нема да го фатите


„Во оваа држава едно врапче без крилја да избега нема да може да го фатите“. Оваа лута реакција на мајката на еден од петтемина убиени кај Смилковското Езеро пред седум години, по вчерашното одложување на рочиштето за „Монструм“, со една реченица, го опиша нефункционирањето на системот што ги одолговлекува судењата. На вчерашното рочиште беа повикани […]

Гневот врз премиерот, ДУИ без гребнатинка


Веројатно, свесен за ризикот што го презема, премиерот Зоран Заев реши да се коцка прифаќајќи го во ротација во својот владин состав незаменливиот Садула Дураки, за премиерен министер во новото министерство за политички систем и односи меѓу заедниците. Секако, на предлог на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој како намерно да го турка премиерот на […]

Финансиската полиција спроведува акција во Љуботен поради шверц


Управата за финансиска полиција во координација со Министерството за внатрешни работи спроведува акција во скопското село Љуботен, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела, криумчарење со акцизна стока и царинска измама. Неколку медиуми објавија дека станува збор за акција за сузбивање на шверц на тутун. Од Управата за финансиска полиција наведуваат дека во […]

Јанкулоска се спаси исто како Бучковски?


Пред конечната пресуда за поранешниот премиер Никола Груевски, една од главните претпоставки беше дека во последен момент, Врховниот суд ќе го спаси, но списите на предметот „Тенк“ не стигнаа до највисокиот суд, а поранешниот премиер избега во Будимпешта каде што доби азил. Откако поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска беше правосилно осудена на четири […]

Голема полициска акција во Љуботен – граѓаните исплашени


Во село Љуботен од утрово се спроведува голема полициска акција. Целото село е блокирано, а многу куќи од 5 часот наутро се претресени. Како што информираат граѓаните за „Независен весник“ акцијата се спроведува заради тутунот што го обработуваат. Тие велат дека тоа им е единствена егзистенција и со пот се обидуваат да ги нахранат нивните […]

(ФОТО)/(ВИДЕО) Европскиот шампион, Бесир Алили пречекан од голем број граѓани на плоштадот „Скендербег“


Oпштина Чаир и боречкиот клуб „Лирија“ вечерва во Скопје организираа свечен пречек за европскиот кадетски шампион во борење, Бесир Алили. Алили беше пречекан од голем број граѓани на плоштадот „Скендербег“, а пред насобраните граѓани се обратија и градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу и на град Скопје, Петре Шилегов. Во текот на утрешниот ден Бесир Алили […]

Пендаровски: Потребен ни е политички дијалог и помирување дома


Потребен ни е политички дијалог и потребно ни е помирување дома, без разлика на политичките интереси на различните партии, за големите прашања кои се од стратешки интерес за земјата, на долг рок мораме да имаме консензус доколку сакаме нашето општество да просперира, младите да не се иселуваат и да имаме стабилност и развој. Треба да […]

Бучавата станува сериозен проблем – никој не се справува со неа


Вознемиреност, нарушување на спиењето, кардиоваскуларни болести, пречки во говорната комуникација, а кај децата нарушувања на интелектуалните функции, како што се намалена меморија, намалено внимание, учење. Тоа се последиците што може да ги предизвика зголеменото ниво на бучава. За сите овие наоди постојат силни научни докази, но сепак, во Скопје, Тетово, Куманово и во Битола измерени […]

Јанкулоска засега нема да оди во затвор


Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска на 1 јули нема да оди во затвор на издржување на казната затвор за случајот „Тенк“. Врховниот суд и го уважил барањето да и се одложи затворската казна и решението го испратиле до Кривичниот суд. Издржувањето на затворската казна се одлага додека Врховниот суд одлучи по поднесените барања […]

Петар Атанасов поднесе оставка: Реформите во образование не ги остваруваме


Заменик-министерот за образование и наука Петар Атанасов поднесе оставка од функцијата. Тој во допис до премиерот Зоран Заев образложува дека неговата позиција била неодржлива и неефективна. Писмото ви го пренесуваме во целост: „Почитуван Претседател на Владата г-дин Зоран Заев, Сакам да Ве известам Вас и јавноста дека поднесувам оставка од позиција на заменик министер во […]

Пресуда за „Транспортер“ нема и по речиси две години од почетокот


На 28 септември 2017 година, обвинетите во случајот „Транспортер“ за превозот на учениците во Битола, меѓу кои поранешниот градоначалник, Владимир Талески, за прв пат влегоа во судница. За неколку месеци ќе поминат две години од почетокот на судењето, дел од сметките на училиштата се блокирани, секој секому должи, а превозот на учениците уште не е […]

Монструм: Додека е ДУИ на власт случајот нема да се реши


Двајца сведоци за случајот „Монструм“ не беа спроведени во Кривичниот суд, а полицијата не го известила судот зошто не се спроведени, па рочиштето се одложи. Ова предизвика револт кај родителите на убиените момчиња кои станаа и почнаа да викаат дека судството и полицијата се несериозни и случајот постојано се одолговлекува. Горан Наќевски, татко на убиениот […]

Тамара, Зоки Бејбе и Ивана Драгшиќ меѓу настапувачите на Парадата на гордоста


За првпат во Македонија, на 29 јуни ќе се одржи Парада на гордоста. Организаторите од ЛГБТ-центарот велат дека ја имаат потребната поддршка од институциите за безбедноста во реализацијата. Тие ја најавија целосната програма и сè што ќе се случува тој ден. „Евидентни беа обидите со омраза да се засени пораката за еднаквост и да се […]

Четири нови имиња во тимот на Заев


Шестмина се разрешуваат, а четворица нови министри влегуваат во владиниот кабинет, кој во иднина ќе функционира со еден министер без ресор помалку. Премиерот Зоран Заев ги соопшти вчера своите одлуки за промени во владиниот тим од Валандово, каде што присуствуваше на почетокот на изградбата на  проектот за наводнување на јужната долина на Вардар. Потоа и […]

Заев: Дебатата за повратокот на ДДВ ја отвораат мрчаторите


Премиерот Зоран Заев денеска од Валандово соопшти дека токму тој ќе го замени досегашниот министер за финансии Драган Тевдовски, а од позиција на иден нов министер за финансии нејави дека летово нема да има ребаланс и како приоритет го спомена проектот за повраток на ДДВ. „Секако јас и досега работев со министерот Тевдовски, ги знам […]

Психолози, биотехничари, економисти ќе го решаваат сообраќајот


Додека луѓето гинат по улиците, а бројот на жртвите во летниот период се зголемува, новиот состав на советодавното тело за унапредувањето на безбедноста во сообраќајот уште официјално нема почнато со работа. Одлуката за разрешување на старите членови и именувањето нови беше објавена во „Службен весник“ на 28 мај, пред речиси еден месец. Според последните информации […]

В среда ќе се бираат новите министри


В среда ќе почне седницата на парламентот за избор на новите министри во владата, на предлог на премиерот Зоран Заев. Владата, пак, во вторник ќе ја одржи последната седница во досегашниот состав. Со оглед на тоа што не се сменети повеќе од една третина од министрите, според најавите, можно е  собраниската расправа за реконструкцијата да […]

Официјално е доставен до Собранието Предлогот за новите министри


Премиерот Зоран Засев го доставил предлогот за избор на нови министри во Владата до претседателот на Собранието Талат Џафери, информираат од Кабинетот на претседателот на Собранието. -Претседателот на Собраноето го прими Предлогот и веднаш ќе го достави до сите пратеници, наведуваат од неговиот кабинет. Дополнително ќе биде соопштен датумот за одржување на седницата. Премиерот Заев, […]

Вонреден инспекциски надзор за фрлен медицински отпад во Скопје


При вонреден инспекциски надзор по пријава на граѓани Инспекторатот на град Скопје и Државниот санитарен и здравствен инспекторат, на 20 и 21 овој месец во два наврати евидентирале поголеми количини на медицински отпад одложен во контејнери наменети за комунален отпад во сопственост на ЈП Комунална хигиена поставени на булеварот „Македонија“, во непосредна близина на ПЗУ […]

Заев: Останува да го зголемиме економскиот стандард и раст на платите и пензиите


Откако ги решивме сите големи политички прашања на нашата земја останува да го зголемиме економскиот стандард и главна задача е раст на платите, пензиите и капиталните инвестиции за подиректна осетлива благосостојба за сите граѓани во Република Северна Македонија, изјави премиерот Зоран Заев, откако денеска најави дека одреден период ќе раководи и со функцијата министер за […]