Тевдовски заминува, Заев нов министер за финансии


Премиерот Зоран Заев најави дека ќе достави предлог до Собранието за избор на Трајан Димковски за нов министер за земјоделство, Насер Нуредини за животна средина и просторно планирање, Хусни Исмаили за култура, Горан Милевски за локална самоуправа и Садула Дураки за политички систем и односи меѓу заедниците. Обврската Министер за финансии ќе ја преземе лично […]

Николовски: Ако СДСМ се откаже од затворање на ВМРО-ДПМНЕ и уште утре ќе се договориме за СЈО


Битката за Специјалното јавно обвинителство се води околу тоа дали нелегалните активности за затворање на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги легализираме или не, изјави потпретседателот на партијата Александар Николовски во интервју за телевизијата Алсат М. Според Николовски, доколку власта сака да постигне консензус за СЈО природно е да прифати дел и од позициите на опозицијата, односно на […]

Казнети над 200 возачи во Скопје за пречекорена брзина и возење под дејство на алкохол


Откриени и санкционирани повеќе од 200 возачи кои ја пречекориле брзината на движење или возеле под дејство на алкохол, во акциска контрола во текот на изминатата ноќ во периодот од 22:00 до 04:00 часот на Одделението за безбедност на сообраќајот при Секторот за внатрешни работи Скопје. Како што информира МВР, притоа санкционирани се 55 возачи […]

Притвор за камионџијата за сообраќајката на обиколница


Скопското обвинителство побара, а судија на претходна постапка му одреди осумдневен притвор на возачот на камионот и го сомнични дека ја предизвикал сообраќајката во која загина сопатник во автомобил „БМВ“ и еден полицаец. Камионџијата се гони за кривично дело тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Според обвинителството, вчера попладне кога се […]

Анѓушев: Стандардот расте, но не може преку ноќ да бидеме Швајцарија


Економијата во последната години, особено во последните шест месеци ја донесовме до една реална сфера. Бројките покажуваат раст на инвестициите, раст на БДП, раст на извозот, раст на платите, раст на бројот на вработени. Со нив не може да манимулираме, ниту да додаваме, ниту да одземаме. Ова го порача вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо […]

Медицински отпад фрлен во контејнери на „Јужен булевар“


Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје во текот на вчерашната ноќ и денеска регистрирале два случаја на незаконско одлагање медицински отпад во контејнерите поставени на булеварот „Македонија“, поранешен „Јужен булевар“. Еко-патролата заедно со комуналните редари на Град Скопје и Државниот санитарен инспекторат, ги отстраниле садовите врз коишто било извршено темелно чистење и дезинфекција. ЈП […]

Убиениот струмичанец бил продавач на девизи, со себе носел 26.000 евра


Педесет и двегодишен жител на струмичкото село Добрејци е осомничен за убиството на Ристо Илјашев (57) од Струмица, кој од 7-ми минатиот месец се водеше како исчезнат, а неговото тело беше најдено завчера во метално буре во близина на браната „Турија“. Хризантема Рендевска, портапролка на СВР Струмица на денешната прес-конференција информираше дека по извршената обдукција […]

СДСМ бара одговорност, Дудуш тврди дека снимката била монтирана


Во јавноста вчера беше пласирана аудио снимка за која, медиумот што ја објави тврди дека се слуша гласот на градоначалникот на скопската општина, Шуто Оризари, Курто Дудуш како наводно затвора едно лице во канцеларија и го тепа. Снимката ја објави порталот Лидер со тврдење дека им ја пратил „свиркач“. Градоначалникот Дудуш најави пријава поради објавената […]

Повеќе од 8.200 полуматуранти останаа незапишани во средно училиште


Во првиот упис во средните училишта успеаја да се запишат 11.860 полуматуранти од пријавените 16.676. Меѓутоа, 8.204 деветтоодделенци останаа надвор од образовниот процес, имајќи предвид дека основно образование завршија 20.030 полуматуранти. Законот е јасен – средното образование е задолжително веќе единаесетта година, односно од учебната 2008/2009 година, а родителите чии деца нема да се запишат […]

Кој останува, а кој заминува од „Илинденска“? Најдолгиот викенд за министрите


Министрите во Владата добија уште еден викенд неизвесност откако се одложи за вчера најавеното соопштување на новиот владин кабинет. Премиерот Зоран Заев сега вели дека имињата на новите министри ќе ги објави в недела попладне, објаснувајќи оти претстои важен банкарски собир во земјава, поради што фокусот е свртен кон тоа поле. Тој не сакаше да […]

Пендаровски поддржува меѓународна помош за „Диво насеље“


Претседателот Стево Пендаровски смета дека судскиот процес за случајот „Диво насеље“ не ги опфаќа клучните актери кои учествувале во подготовката на кумановските настани. Во емисијата „360 Степени“ Пендаровски немаше дилеми дека тоа е договорен настан. „Зафатени се воглавно луѓето кои оперативно излегоа на терен и ги направија тие безбедносни проблеми во предградието на Куманово. Колку […]

Заев: Во недела ќе се поздравиме со некои министри


Претседателот на Владата Зоран Заев денеска не ги соопшти имињата на министрите кои ќе бидат сменети, во долгонајавуваната реконструкција на владата. Тој рече дека во недела ќе ги соопшти имињата на министерите што ќе ги смени, како и на функционерите од пониските ешалони, односно директорските позиции, кога и ќе го достави списокот со нови предлози […]

Најголемиот страв на „Мариовска“: Само да не заврне


Еден куп камења вдолж целата улицата, купишта смет, ѓубре и кал, огромни кратери среде асфалтот, тротоари што ги препознавате само по логика, работници што треба да ги санираат дефектите и дополнително го усложнуваат и забавуваат движењето… Ваква е сликата што ја затекнавме вчераутро на улицата „Мариовска“ во скопската населба Кисела Вода, неколку часа по дождот […]

Алсат: Хисни Исмаили нов министер за култура


Хисни Исмаили, професор на тетовскиот универзитет ќе биде новиот министер за култура, јавува Алсат повикувајќи се на извори од Владата. Пред еден месец од министерството за култура оставка си даде Асав Адеми. Тој тогаш рече дека одлуката ја донеле заедно со лидерот на неговата матична партија „Алтернатива“, Африм Гаши. Појаснуви дека на 22 април побарал […]

Отворените листи поважни од бројот на изборни единици


Ќе се загуби ли повторно на политичкиот хоризонт силниот глас што доаѓа од партиските џинови за квалитативна промена на изборниот модел? Експертите не се убедени дека големите партии се подготвени да создадат услови за еднакви изборни шанси за сите, односно да ја изгубат својата монополска улога. Во изминативе години, јасно е дека изборниот систем им […]

За МКЦ ќе пресече Шилегов, културните работници против Шакири да биде директор


Кој ќе застане на чело на една од ретките институции од областа на културата која во изминатава декада и повеќе во континуитет редеше успеси и внимателно ја негуваше независната културна сцена? Младинскиот културен центар е едно од омилените прибежишта од политизираните секојдневија на илјадници љубители на уметноста од различни генерации. Град Скопје, под чија капа […]

МОН попушти под притисокот на родителите, сите учиници ќе се запишат без дополнителни тестови


Министерството за образование и наука донесе одлука и во средното стручно училиште „Димитар Влахов“ во Струмица кандидатите кои конкурирале за упис во училиштето да не полагаат приемен испит, велат за „Независен весник“ од МОН. Ваквата одлука Министерството ја донесе доцна синоќа, околу 21 часот, а со таа одлука 38 кандидати ќе бидат запишани во постоечката […]

Само Мицкоски не отиде кај новиот претседател


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, е можеби единствениот порелевантен лик на политичката сцена во земјава кој еден и пол месец по инаугурацијата на новиот претседател Стево Пендаровски не стапнал сè уште во неговиот кабинет. Откако Пендаровски уште во инаугуративниот говор остави широко отворени врати за соработка со опозицијата, низ претседателската резиденција во изминатиот период продефилираа […]

ЕУ носи одлуки против своите вредности


Поделбите во Европа и интересите на државите што ја основаа ЕУ се главната причина за новото одложување на датумот за преговори со Македонија и Албанија. Ова е генералната оценка на многу дипломати во главните европски престолнини, вклучувајќи и функционери во Европската Унија за (не)очекуваниот студен туш испорачан од министрите на нивниот состанок во вторникот во […]

Герберих и Тимоние: Прашањето не е дали, туку кога ќе почнат преговорите, дотогаш фокусот да биде на реформите


Северна Македонија испиша успешна приказна на Западен Балкан. Советот на ЕУ во Брисел денеска нема да донесе одлука за датумот бидејќи се уште нема одлука од германскиот Бундестаг. Затоа одлуката за датум се помести за октомври. Лично сум убеден дека уште оваа година ќе може да има само една одлука, а тоа е да се […]