Досегашниот кабинет брои ситно. До петок ќе падне влада


Кабинетот на Зоран Заев ја одржа вчера една од последните седници во овој состав, во отсуство на премиерот кој отпатува во Лондон, каде што заедно со вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев учествуваа на Форум за Западен Балкан, во организација на „Фајненшал Тајмс“. До крајот на оваа работна седмица, според најавите, во Собранието треба да …

Досегашниот кабинет брои ситно. До петок ќе падне влада Read More »

ЕУ до октомври ќе се наврати на прашањето за Македонија


Земјите членки на ЕУ ќе се навратат најдоцна во октомври 2019 година на отворањето преговори со Северна Македонија и Албанија, се договорија министрите за надворешни работи на ЕУ, попладнево во Луксембург. Оваа верзија бележи ситни промени, како поздравувањето на договорот од Преспа, на што инсистираа поддржувачите на Северна Македонија во Советот, и елемент кој внесува …

ЕУ до октомври ќе се наврати на прашањето за Македонија Read More »

Заев: Се препознаваме како атрактивна дестинација за инвестиции


Република Северна Македонија, се препознава како атрактивна дестинација за инвестиции и постои голем интерес од реномирани компании за инвестирање, изјавија премиерот Зоран Заев и вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев кои денеска во Лондон учествуваа на Форумот за Западен Балкан „Инвестициски можности во брзорастечкиот регион“ во организација на Фајненшал Тајмс. -Имаме неповторлива можност заедно …

Заев: Се препознаваме како атрактивна дестинација за инвестиции Read More »

Судскиот совет ќе го разрешува Панчевски?


Судијата и поранешниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски со чие име беше врзана аферата за АКМИС системот во Кривичниот суд, односно доделувањето на судски предмети на подобни судии, се најде пред членовите на Судскиот совет. Барањето за утврдување на одговорност на Панчевски ја поднел член на Судскиот совет. Според процедурата, Судскиот совет формира комисија …

Судскиот совет ќе го разрешува Панчевски? Read More »

Наместо кон иднината, пак гледаме кон Делчев


Јавната врева со зовриени емоции за тоа чиј бил Гоце Делчев не престанува. Примитивната кавга, која индикативно започна со изјавата на шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева, дадена по првиот состанок на заедничката меѓувладина комисија, тело кое произлезе од Договорот за добрососедство меѓу двете земји, дека нема компромис со вистината бидејќи Делчев е Бугарин, ги …

Наместо кон иднината, пак гледаме кон Делчев Read More »

Спасовски и Манчевски пак потпретседатели, но ќе останат ли министри?


Следната седмица би можела да се одржи собраниската седница за разрешување на дел од досегашните членови на Владата и за именување нови министри или заменик-министри, откако премиерот Зоран Заев се наврати на идејата за владина реконструкција. Таа одлука Заев ја објави на седница на Централниот одбор на СДСМ во Охрид, отфрлајќи ги другите можни сценарија …

Спасовски и Манчевски пак потпретседатели, но ќе останат ли министри? Read More »

Кипар ќе стави вето на проширување на ЕУ, ако нема заеднички став за Турција


Кипар се заканува дека ќе стави вето на секој договор за проширување на ЕУ, објави Ројтерс пред денешниот почеток на состанокот на министрите за надворешни работи на 28 земји-членки за разговори околу почетокот на преговорите за членство на двете балкански држави – Северна Македонија и Албанија. Според последниот заеднички извештај до кој Ројтерс имал увид, …

Кипар ќе стави вето на проширување на ЕУ, ако нема заеднички став за Турција Read More »

Во гимназиите колони, во стручните кандидатите се бројат на прсти


Првиот ден од уписите во средните училишта покажува дека освен гимназиите, за полуматурантите најпривлечни и годинава се училиштата што нудат медицински насоки, како и оние каде што се изучуваат економските и правните смерови. Дали кампањата на Министерството за образование и наука „Одбери стручно – средно што е вредно“ ќе даде резултат ќе се знае по …

Во гимназиите колони, во стручните кандидатите се бројат на прсти Read More »

Министерката за правда тврди: Никој не го штити Јово Вангеловски


Судскиот совет на денешната седница ќе расправа за извештаите на комисиите за утврдување одговорност на судија и ќе носи одлуки по поднесените барања за утврдување одговорност. Сепак, пред почетокот на расправата немаше информација дали на седницата конечно ќе се најде претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, за кого се води постапка и се утврдува одговорност …

Министерката за правда тврди: Никој не го штити Јово Вангеловски Read More »

Владиниот авион бил на сервис, затоа Заев и Пендаровски летале со редовни линии


Претседателот Стево Пендаровски и премиерот Зоран Заев летаа со редовни авионски линии бидејќи владиниот авион е на сервис, потврдиле од Службата за општи и заеднички работи на Владата за СДК.мк од каде рекле дека авионот „лирџет 60“ е на редовен сервис во Нирнберг, Германија. – Не станува збор за никаков дефект, туку редовен сервис. Авионот …

Владиниот авион бил на сервис, затоа Заев и Пендаровски летале со редовни линии Read More »

Шекеринска: Предлозите за нови министри до петок ќе бидат доставени до Собранието


До петок до пратениците ќе бидат доставени предлозите за новите имиња на министрите за кои ќе се дискутира на пленарна седница во вторник, а истиот ден на владина седница ќе се разговара и за смена на директорските места, најави вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска. – Ветивме промени и во партијата и на државните …

Шекеринска: Предлозите за нови министри до петок ќе бидат доставени до Собранието Read More »

Пендаровски: САД ќе го ратификува протоколот за НАТО во август


Ден за високи гости на вежбата „Одлучен удар“ се реализираше денеска на армискиот полигон Криволак. Се презентираа офанзивни операции на пешадиската баталјонска група на Армијата на Република Северна Македонија, заедно со припадници на Националната гарда на Пенсилванија. Во изјава за медиумите, претседателот Стево Пендаровски рече дека ова беше прилика да се присуствува на најголемата воена …

Пендаровски: САД ќе го ратификува протоколот за НАТО во август Read More »

Заев: Вредело потпишувањето на Договорот од Преспа


Вредело, имајќи ги предвид придобивките, изјави премиерот Зоран Заев по повод една година од Преспанскиот договор, одговарајќи на новинарско прашање при денешната посета на Криволак каде се одржува Ден на високи гости во рамки на вежбата „Одлучен удар“. -Денеска, 17 јуни, една година од Преспа, прво добивме нов пријател. Не дека со Грција имавме некои …

Заев: Вредело потпишувањето на Договорот од Преспа Read More »

Поскапува Еуросупер БС-95, останатите горива по иста цена


Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од ноќеска на полноќ поскапува за половина денар по литар, а цената на останатите горива останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,35 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 67 денари за литар. ЕУРОСУПЕР …

Поскапува Еуросупер БС-95, останатите горива по иста цена Read More »

Изготвени се над 30 нови учебници за средно образование


За над 30 предмети од средното образование се изготвени нови учебници, кои овој период треба да се испечатат, за да бидат дистрибуирани до училиштата до септември. „Имаме изготвено  31 нов учебник за средно образование, одобрени се, треба само да се испечатат. Се надевам дека ќе бидат достапни за учениците до или барем на почетокот на …

Изготвени се над 30 нови учебници за средно образование Read More »

Македонија пак ќе бара Унгарците да го испорачаат Груевски, сега за 27 април


Министерството за правда деновиве ќе испрати барање до Будимпешта за екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски како обвинет за крвавиот упад во Собранието. – Целокупното досие од судот и обвинителството ни стигнаа кон крајот на минатата недела, деновиве тоа ќе биде пратено до Будимпешта – изјави министерката за правда, Рената Дескоска. Интерпол уште ја нема …

Македонија пак ќе бара Унгарците да го испорачаат Груевски, сега за 27 април Read More »

Денеска и утре упис на полуматурантите во средните училишта


Во средните училишта  денеска и утре е првото пријавување за запишување ученици во прва година средно образование во учебната 2019/2020 година. Ранг-листите со резултатите од запишувањето и слободните места од првото пријавување ќе бидат објавени на 19 јуни. Второто пријавување и запишување на учениците е на 24 и 25 јуни, а третото  на 1 јули. Конкурсот на Министерството за образование и наука обезбедува 35.690 ученички места, од кои 24.581 на македонски наставен …

Денеска и утре упис на полуматурантите во средните училишта Read More »

Матка го живее летото


На паркингот пред туристичкиот комплекс Матка е полно уште од претпладневните часови. Се менуваат автобуси со туристи, ги има од Косово, Унгарија, Турција, Германија… Забележуваме и македонски регистрации, комбиња и автобуси од внатрешноста на земјава. Сончевиот ден и летото што е на дофат се предизвик за туристите да уживаат во убавините на кањонот распостелен на …

Матка го живее летото Read More »

Могерини: Се надевам на позитивна одлука за преговори со Северна Македонија и Албанија


Федерика Могерини утрово од Луксембург ја честиташе годишнината на Преспанскиот договор и ги повика земјите членки да донесат позитивна одлука за преговори со Северна Македонија и Албанија. -Денеска е една година од потпишувањето на Преспанскиот договор помеѓу Северна Македонија и Грција и мислам дека треба да се потсетиме на моќта на храброста и лидерството, и …

Могерини: Се надевам на позитивна одлука за преговори со Северна Македонија и Албанија Read More »

Избран новиот состав на Извршниот одбор на СДСМ


Владејачката партија СДСМ на состанокот на поширокото партиско раководство што се одржува во Охрид го избра новиот Извршен одбор на партијата, именуван е нов организациски секретар на партијата, како и новиот секретар за меѓународна соработка и директорот на Центарот за истражување и аналитики на СДСМ. Претседателот на партијата и Зоран Заев најави дека следува уште …

Избран новиот состав на Извршниот одбор на СДСМ Read More »