Јавните пари се трошат без контроли


Најавите дека до крајот на неделата ќе биде избран новиот главен државен ревизор нема да се остварат. Партиите и натаму не можат да дојдат до компромисно име, а за тоа време Државниот завод за ревизија (ДЗР) е целосно закочен. Ревизорите не можат да излезат во контрола на државните институции, не можат да ги извршат основните […]

Тимоние: Се создаде впечаток дека Преспа е единствениот услов, на прашањето ќе се навратиме во Загреб


Францускиот амбасадор Кристијан Тимоние денеска на прес-конференцијата што ја закажа со цел да одговори на сите прашања на новинарите по француското „не“ за одлука за почеток на преговори со Северна Македонија и Албанија, истакна дека ги пренел во Париз на француските власти силните емоции и разочараноста која се чувствува во земјава по Самитот на ЕУ […]

Прво зачленување во НАТО, па распуштање на парламентот


Премиерот Зоран Заев пресметал дека заокружувањето на процедурата за официјално членство на Северна Македонија во НАТО нема да се наметне како причина за можно пролонгирање на изборниот термин, што партиските лидери го договорија за 12 април следната година. Проценките на Заев се дека Шпанија ќе стигне во текот на декември да го ратификува протоколот за […]

Законот за јазици чека (предизборна) пресуда и од Уставен суд


Договорен по последните парламентарни изборите во 2016 година, Законот за употреба на јазиците повторно крева прашина и во владејачката коалиција и во политичко-правните кругови во земјава пред новите предвремени парламентарни избори, во април следната година. На почетокот на следниот месец, според најави од Уставниот суд, Законот кој беше дел од преткоалицискиот договор меѓу СДСМ и […]

ЕП ќе гласа за Резолуција за почеток на преговорите со Скопје и Тирана


Европскиот Парламент во заедничката резолуција за која ќе се гласа денеска напладне, ги повикува земјите-членки на ЕУ и нивните лидери да покажат одговорност кон Северна Макеоднија и Албанија и едногласно да донесат позитивна одлука за започнување преговори на нивната следна средба, имајќи ги предвид можните последици, јавува дописникот на МИА. Заедничката резолуција на политичките групи на Европскиот парламент-  Групата […]

Судиите го разгневиле Заев: Ова е дрско и безобразно


Исто како и пред изборите, пред да дојде на власт во 2016 година, кога најавуваше дека ќе го распушти судството, премиерот Зоран Заев и пред сегашните избори удри по судиите бидејќи не пресудиле за ниту еден предмет за кој токму тој како опозиционер ги објави индициите за криминал. Заев бил огорчен откако прочитал во медиумите […]

Герберих: Не заслужувате ништо помалку од полноправно членство во ЕУ


Германскиот амбасадор во земјава Томас Герберих во врска со одлуката на Советот на ЕУ да не започне преговори со Северна Македонија, рече дека земјава е дел од Европа и не заслужува ништо помалку од целосно членство во Европската Унија. – Германија ќе продолжи да дава поддршка како што тоа секогаш сме го правеле. Ве молам […]

Заев: Јас ќе ја водам кампањата и ќе бидам кандидат за премиер


Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека на претстојните парламентарни избори во април следната година повторно ќе биде кандидат за премерското место. -Јас ќе ја водам кампањата, јас ќе бидам кандидат за премиер, но за тоа ќе треба да одлучат органите на партијата и коалицијата. Јас сум радосен што ќе и се посветам на партијата. Ќе […]

Заев: Најавата за вонредна резолуција на ЕП ќе ја врати мотивацијата да продолжи по европскиот пат


Премиерот Зоран Заев смета дека најавата за вонредна резолуција на Европскиот парламент со која повторно ќе се побара отворање на пристапните преговори за членство на Северна Македонија и Албанија во ЕУ ќе биде од помош и ја врати мотивацијата кај нашиот народ да продолжи по европскиот пат. – Намерата на ЕП е од помош, нешто […]

Спасовски: По утврдените рокови ќе се знае кој ќе ја предводи техничката влада


Во овој момент сосема е неважно кој ќе ја предводи техничката влада, туку е важно што ќе се случува до 31 декември во однос на подобрувањето на животот на граѓаните, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одговарајќи на новинарското прашање при денешната посета на македонско-бугарскиот граничен премин „Делчево – Лисичково“. Тој посочи дека и […]

Захариева: Историска грешка е непочнувањето на преговори на Северна Македонија со ЕУ


Бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи Екатерина Захариева смета дека одлуката за стопирање на планираниот почеток за претпристапни преговори на Северна Македонија со Европската Унија е груба историска грешка. – Бугарија кажа едно големо „да“ за започнување на преговорите, изјави Захариева, додавајќи дека Северна Македонија заслужува да ги започне преговорите за членство со Унијата. […]

Вучиќ: Одлуката на ЕУ за Северна Македонија е потврда за нашите блиски врски со Русија и Кина


Српскиот претседател Александар Вучиќ оцени дека одбивањето на ЕУ за почеток на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија и покрај нивните реформските напори, е потврда на неговата политика за зајакнување на блиски врски со Кина и Русија. – Мораме сами за себе да се грижиме, тоа е единствен начин, тоа е единствен пристап. Сè […]

Европарламентот со вонредна резолуција за преговори со Македонија


Белгија – Европскиот Парламент денеска на дневен ред на пленарна седница треба да стави вонредна резолуција со која повторно ќе побара отворање на преговорите за членство со ЕУ за Македонија и Албанија. Европскиот Парламент веќе се изјасни дека Скопје и Тирана треба да ги започнат пристапните преговори со Унијата, а вонредната резолуција доаѓа откако ЕУ не […]

Даниела Рангелова: Ќе ме нема на пратеничката листа


Со стари и проверени кадри, но и со многу нови имиња на пратеничките листи, ВМРО-ДПМНЕ ќе се обиде да ја добие довербата на граѓаните и да победи на предвремените парламентарни избори на 12 април в година. Во најголемата опозициска партија велат дека допрва ќе следуваат анкети на која ќе се мери рејтингот на потенцијалните пратеници, […]

Заев: Да бев на местото на Ременски, ќе се повлечев и ќе се вратев како херој


Оставката од општествената функција е личен чин. Ако бев јас на местото на пратеничката Фросина Ременски ќе се повлечев и ќе чекав да го докажам тоа и да се вратам на голема врата како херој, изјави премиерот Зоран Заев во интервју за Телевизија 24. Прашан зошто не побарал оставка од Ременски од пратеничката функција, Заев […]

САД се 25. земја што го ратификува Протоколот за членство во НАТО


Сенатот на САД попладнево го изгласа Протоколот за членство на Македонија во НАТО. Протоколот беше изгласан со 91 глас „за“ и 2 „против“. Со тоа, САД се 25. земја што го ратификувала Протоколот. Претседателот Стево Пендаровски на Фејсбук им се заблагодари на САД. -Благодарност до САД за ратификацијата на Протоколот за нашето членство во #НАТО […]

Спасовски: Не би сакал да шпекулираме за личностите во техничката влада


Имаме уште доста време, заради тоа што во политиката времето е релативна работа и јас сум насочен апсолутно да ги реализирам приоритетите додека сум министер за внатрешни работи, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање дали ќе биде премиер на техничката влада. – За сите прашања што ќе бидат за формирањето […]

Девет години затворска казна за Ѓоко Поповски


Кривичниот суд денеска на повтореното судење ја потврди казната од девет години затвор за поранешниот помошник-министер за внатрешни работи Ѓоко Поповски, кој е обвинет за злоупотреба на службената положба во случајот „Триста“. Судиката Добрила Кацарска, која е на чело на Судечкиот совет, повторно му ја одреди истата пресуда на Поповски. Поповски беше осуден на казна […]

Ципрас: Се надевам ЕУ набрзо ќе сфати дека направи историска грешка


Ирационално е она што го стори Европската Унија и се надевам дека набрзо ќе сфатат оти направија историска грешка, која не треба да стане фатална, изјави лидерот на СИРИЗА и поранешен грчки премиер Алексис Ципрас во интервју за Крит ТВ, говорејќи за европската перспектива на Северна Македонија и Договорот од Преспа, јави дописничката на МИА […]