Skip to content
28/10/2026
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
Независен Весник
  • Политика
  • Македонија
    • Скопје
  • Економија
  • Свет
    • Балкан
  • Колумни
  • Фељтон
  • Култура
  • Сцена
    • Лајфстајл
  • Спорт
  • Хроника
  • Занимливости
    • Технологија
Search
Независен Весник
Search
  • Политика
  • Македонија
    • Скопје
  • Економија
  • Свет
    • Балкан
  • Колумни
  • Фељтон
  • Култура
  • Сцена
    • Лајфстајл
  • Спорт
  • Хроника
  • Занимливости
    • Технологија

Сасоли утре во посета на Македонија: Француското вето е само мала пречка која ќе се надмине во наредните месеци

03/11/2019 08:48

Новоизбраниот претседател на Европскиот парламент Давид Сасоли утре ќе ја посети Македонија. Пред неговата посета на земјава, во интервју вели дека блокадата на преговорите во ЕУ ја освести европската јавност за важноста на ова прашање. Смета дека француското вето на последниот самит е само мала пречка на патот која ќе се надмине во наредните месеци.

– Одлучив првата посета надвор од ЕУ да биде во Северна Македонија, а потоа Албанија затоа што верувам дека овие две земји направија огромни напори да станат членки на ЕУ, и ние треба тоа да го признаеме и да им помогнеме на нивниот пат кон успехот. Нема да се откажеме. Најдоброто нешто, освен тоа што има мала пауза во процедурите сега е што владите, парламентите и јавното мнение во ЕУ поддржува отворање на пристапните преговори со овие земји. Ова е точно и на север, и на југ и на исток, и на запад на ЕУ. Како во секој демократски процес, се разбира, мораме да постигнеме одлука со консензус. Имаше минорни противења во овој случај, но верувам дека многу скоро ќе можеме да ја надминеме оваа пречка. Северна Македонија и нејзиниот народ тргна на пат кон многу важни реформи и тоа го сторија затоа што веруваа дека тоа ќе ги отвори вратите за членство. Ние ги вреднуваме овие резултати како крајно позитивни. Ова е вистина и во Европскиот Парламент и Европската Комисија, но и во огромното мнозинство влади на земјите членки. Имаме заедничка судбина, рече Сасоли. 

Сасоли во интервјуто посочува дека наредните шест месеци ќе бидат многу важни, како и Самитот во Загреб. 

– Мислам дека треба да стигнеме на Самитот во Загреб со консензус од европска страна. Тоа што ќе го стори новата Европската Комисија ќе биде одлучно. Веруваме дека новата Комисија ќе го следи истиот пат како и Комисијата на Јункер, дека ќе продолжи со овие напори и ќе ги трансформира во нешто солидно. Не губиме време и наредните шест месеци нема да бидат изгубени. Ова ќе биде исто така можност да ја истакнеме нашата одлучност. Има само една пауза на еден долг пат, но последниот збор сѐ уште не е кажан. Друга работа која за нас е импресивна е тонот на јавната дебата во Северна Македонија: секако дека луѓето се разочарани, тоа е природно, но има силен сигнал на надеж, ова е многу позитивно и мораме да градиме врз тоа, вели Сасоли. 

Новиот претседател на Европскиот парламент потсетува дека имало серија барања од Северна Македонија и Албанија и додава дека сега мора да им се даде сигнал дека се на прав пат и тие да продолжат со напорите. 

Според Сасоли, Северна Македонија покажала интерес и за други прашања, како на пример евроатлантскиот систем на одбрана, што за него е навистина доказ дека има волја за приближување кон европското семејство. 

ReplyForward

 


Поврзани содржини

Мицкоски и Јаневска денеска ќе разговараат со студентите за нивните проблеми, меѓу кои и за оброкот
28/10/2026 13:10
Јаневска: Во моментов нема пријави за корупција во образованието
28/10/2026 12:10
Јаневска: Неопходно е да им покажеме на младите дека корупцијата не се исплати
28/10/2026 12:10
Вардариште ќе се деконтаминира со пари од Владата, но може да биде опасно за неиселените жители на диво
28/10/2026 12:10

Воведувањето вињетки драстично ќе го поскапи патувањето, вели Николоски
28/10/2026 12:10
АД ЕСМ ќе спроведе редовна годишна ревизија на енергетската инфаструктура во ХЕЦ Шпилје, неколку часа без струја Дебар, Центар Жупа и Маврово-Ростуше
28/10/2026 12:10
Ѓорѓиевски: Околу 30.000 граѓани покажаа дека Скопје се сака со дела
28/10/2026 12:10
Се запалил бојлер во барака на „Стив Наумов“, студентите биле евакуирани
28/10/2026 12:10

Најчитани


  • Вучиќ призна пораз: „Овие избори ги изгубивме“
    25/10/2026 21:45
  • Никола Груевски пак снимен во елитен ресторан во Будимпешта
    22/10/2026 11:17
  • Македонската Воена академија прими шест босански питомци и 34 македонски
    22/10/2026 13:48
  • Олигарх многу близок до Виктор Орбан ќе го гради автопатот Букојчани – Кичево
    22/10/2026 12:30
  • Радев предлага само еден учебник по историја. Историчарите тоа го нарекоа „чекор кон авторитаризам“
    22/10/2026 16:12
  • Кои се луѓето што го победија Вучиќ?
    26/10/2026 12:42

© Независен Весник  2019 -2026

  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење