Есенски моден изглед: Каролина знае најдобро


Поп-ѕвездата Каролина Гочева (38) го поднови гардероберот со нова спортска елегантна комбинација во боја на есента, на шпански моден бренд. Елегантен костим во ефектна портокалова боја, искомбиниран со мантилот, чантата и обувките во боја на ќерамида- полн погодок! Каролина денес е препознатлива по својот стил кој значи: тренд, префинетост и мерка, стил кој никогаш не …

Есенски моден изглед: Каролина знае најдобро Read More »

Филипче: За првпат воведена иновативна терапија против рак на дојка


Да се подигне свеста кај жените за навремен преглед со цел да се спасат повеќе животи, да се нагласи важноста на превенцијата и да се зголеми информираноста кај населението за ракот на дојка, се главните пораки испратени од 11-та розова прошетка „Напред розово 2019 – чекори против ракот на дојка“, во организација на Здружението „БОРКА …

Филипче: За првпат воведена иновативна терапија против рак на дојка Read More »

БЕГ ќе ја отвори предвреме грејната сезона – од утре топли радијатори


Грејната сезона за скопјани приклучени на системот на БЕГ почнува утре, поради падот на надворешните температури, соопштија од компанијата. Согласно правилата за снабдување со топлинска енергија, испораката на топлинска енергија на потрошувачите може да започне и пред 15. октомври, но не пред 1 октомври, доколку прогнозираната средна надворешна температура за следниот ден е еднаква или …

БЕГ ќе ја отвори предвреме грејната сезона – од утре топли радијатори Read More »

Герберих : СЈО поттикна процес, неуспехот на поединци не значи дека целиот систем е погрешен


Западен Балкан е регион од стратешко значење за Европската Унија и не смееме да го запоставиме овој регион од наш сопствен интерес. Северна Македонија веќе ги забрза реформите и направи реформски чекори во сите области што се релевантни за започнување на преговорите. Ова во интервју го порача германскиот амбасадор, Томас Герберих, кој истакна дека големо …

Герберих : СЈО поттикна процес, неуспехот на поединци не значи дека целиот систем е погрешен Read More »

Градските власти се откажуваат од јужната обиколница


Јужната обиколница, која требаше да се гради во подножјето на планината Водно и да го растовари сообраќајот во тој дел од градот, нема да влезе во новиот Генерален урбанистички план за Скопје, кој ќе важи од 2022 до 2032 година. Ова го најави  градоначалникот Петре Шилегов, посочувајќи дека Скопје треба да биде зелен град, со …

Градските власти се откажуваат од јужната обиколница Read More »

Ројтерс: Датум за преговори со Македонија, но не за Албанија


Според информациите на Ројтерс Германија предлага одвојување на Македонија и Албанија во обид да постигне компромис помеѓу сите земји членки на ЕУ на 15-ти октомври. -Според планот предложен неделава до министрите на 28-те земји членки кои треба да дискутираат кон средината на октомври е можен компромис помеѓу оние се обидуваат да ги приближат балканските земји …

Ројтерс: Датум за преговори со Македонија, но не за Албанија Read More »

Интервју Петар Богојевски: Тие што не можат да испорачаат успех, се служат со дисквалификации


Господине Богојевски, постои впечаток за вас дека сте во перманентен судир со членовите на ВМРО-ДПМНЕ… -Таков впечаток се добива во јавноста поради злоупотребата на социјалните мрежи за ширење на говор на омраза. Вистината е дека членовите на партијата се разумни луѓе кои сакаат да видат успех. Оние кои не можат да испорачаат таков успех, се …

Интервју Петар Богојевски: Тие што не можат да испорачаат успех, се служат со дисквалификации Read More »

Ако нема брз договор меѓу партиите, пописот ќе се одложи


Работните групи на власта и на опозицијата ниту неделава не се сретнаа за да разговараат за разликите околу пописот. Двете страни потенцираат оти ставовите им се толку различни што засега би било бадијала да седнат на заедничка маса. Тоа значи дека виси и донесувањето на законот за пописот, без кој е невозможно изведувањето на статистичката …

Ако нема брз договор меѓу партиите, пописот ќе се одложи Read More »

Институциите креваат раменици: Никој не знае кој ја компромитира истрагата за „Рекет“


Информацијата дека исказот на второосомничениот за случајот „Рекет“, Зоран Милевски-Кичеец се нуди на продажба фрли нов сомнеж на истрагата која во затвор ја однесе и поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева. Адвокат на еден од осомничените во Обвинителството пријавил дека непознато машко лице од непознат број му го нудел на продажба исказот на Кичеец, што обвинителката …

Институциите креваат раменици: Никој не знае кој ја компромитира истрагата за „Рекет“ Read More »

Чувајте се од Русија и Кина, ни порача Помпео


Продолжување на стратешкото партнерство на САД со Северна Македонија, поддршка за интеграција во НАТО и ЕУ, за зацврстување на правната држава, владеењето на правото, борбата со корупцијата, но и предупредување за обидите за руско и кинеско влијание во регионот. Ова се пораките што ги упати американскиот државен секретар Мајк Помпео по вечрашните разговори во Охрид …

Чувајте се од Русија и Кина, ни порача Помпео Read More »

Помпео ја заврши посетата, од Охрид отпатува за Атина


Државниот секретар на САД Мајк Помпео ја заврши еднодневната официјална посета на земјава и попладнево од Охрид замина за Атина. На охридскиот аеродором „Св. Апосотол павле“ беше испратен од вицепремиерот Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров. Помпео денеска во Охрид имаше средби со претседателот Стево Пендаровски и со премиерот Зоран Заев на …

Помпео ја заврши посетата, од Охрид отпатува за Атина Read More »

Грацијано: Северна Македонија направи се што од неа се побара за ЕУ


Претседавачот на Воениот комитет на Европската Унија, генерал Клаудио Грацијано на став дека Северна Македонија сторила се што од неа е побарано за да добие зелено светло за отпочнување на преговорите со Унијата. Тој се согласува со лидерите на ЕУ, кои рекоа дека Северна Македонија направила се што било побарано од неа, но вели дека …

Грацијано: Северна Македонија направи се што од неа се побара за ЕУ Read More »

Заев-Помпео: Силна поддршка од САД за старт на преговорите со ЕУ


Проекцијата за развој на соработката меѓу Северна Македонија и САД како стратешки партнери, со посебен акцент на потенцијалот за натамошно унапредување на економските односи и за привлекување нови американски инвестиции во земјава, беа доминантана тема на средба доминантна тема билатералната средба на премиерот Зоран Заев со американскиот државен секретар Мајк Помпео. Во состав на делегацијата …

Заев-Помпео: Силна поддршка од САД за старт на преговорите со ЕУ Read More »

Помпео: САД ќе продолжат да бидат партнер на Северна Македонија


Убеден сум дека Северна Севрна Македонија ќе биде силна земја сојузник во НАТО и сигурен сум дека Сенатот на САД оваа есен ќе го одобри Протоколот за членство, со што и формално ќе ви пасакаме добредојде во Алијансата, истакна американскиот државен секретар Мајк Помпео по средбата со премиерот Зоран заев во Охрид. Помпео го поздрави, …

Помпео: САД ќе продолжат да бидат партнер на Северна Македонија Read More »

Апелација одлучува по нова жалба од Катица Јанева


Апелацискиот суд Скопје одлучува по нова жалба за одбиената гаранција на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева за  укинување на притворот или за замена со куќен притвор. На денешниот брифинг со новинарите во Основниот кривичен суд Скопје беше речено дека за Јанева имаше одлука од Кривичен совет дека и се продолжува мерката притвор по предлог …

Апелација одлучува по нова жалба од Катица Јанева Read More »

Полицаецот што учествуваше во убиството на „Тигарот“ вмешан и во „Монструм“?


Полицаец подогло време го предупредувал врвот на Министерството за внатрешни работи дека има униформирана група и дека нешто се подготвува, јавува „Фокус“. Ова се дознава од СМС пораките и транскриптите коишто се читаа во судница, на рочиштето за случајот „Монструм“. „Предупредив дека имам две битни информации. Дека или ќе нападнат полициска станица или вакво нешто“, …

Полицаецот што учествуваше во убиството на „Тигарот“ вмешан и во „Монструм“? Read More »

По ,,бомбата“ на Бузаку реагира ИВЗ: Станува збор за лага и измислица


По изјавата на Скендер Бузаку дека Сулејман Реџепи сторил кривични дела „перење пари“ и „злоупотреба на службена положба и овластување“ реагира ИВЗ. Од таму велат дека станува збор за лага и измислица на Бузаку. ,,Поради невистините што Скендер Бузаку ги шири во јавноста, ИВЗ во РСМ во наредните денови ќе поднесе тужба за клевета против …

По ,,бомбата“ на Бузаку реагира ИВЗ: Станува збор за лага и измислица Read More »

Апелација одлучи – Боки 13 останува во притвор


Aпелацискиот суд Скопје не го прифати барањето на одбраната на осомничениот Бојан Јовановски – Боки 13 во случајот„Рекет“ да му се укине мерката притвор. По разгледувањето на жалбата, Судот одлучил дека се уште постои опасност Боки 13 да побегне, како и да го повтори делото. Јовановски на вчерашната јавна седница во Апелацискиот суд се пожали …

Апелација одлучи – Боки 13 останува во притвор Read More »

Мајк Помпео пристигна во Охрид


Американскиот државен секретар Мајк Помпео попладнево пристигна на охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“, каде беше пречекан од министерот за надворешни работи Никола Димитров. За време на неколкучасовниот престој во Охрид, предвидено е државниот секретар на САД да оствари одделни средби со претседателот Стево Пендаровски и со премиерот Зоран Заев. На средбите во Охрид, како што …

Мајк Помпео пристигна во Охрид Read More »

Ослободителна пресуда за Љубе Бошкоски за случајот „Ровер“


Основниот кривичен суд Скопје денеска донесе ослбодителна пресуда за поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски во случајот „Ровер“. Судот реши дека покрај Бошкоски и Зоран Трајковски, Сашко Јовановски, Ивица Ристиќ, Гоце Митревски и Никола Негриевски не се виновни за убиството на Маријан Тушевски и Киро Јанев во 2001 година. Тројца обвинети српски државјани, Предраг …

Ослободителна пресуда за Љубе Бошкоски за случајот „Ровер“ Read More »