По ,,бомбата“ на Бузаку реагира ИВЗ: Станува збор за лага и измислица


По изјавата на Скендер Бузаку дека Сулејман Реџепи сторил кривични дела „перење пари“ и „злоупотреба на службена положба и овластување“ реагира ИВЗ. Од таму велат дека станува збор за лага и измислица на Бузаку.

,,Поради невистините што Скендер Бузаку ги шири во јавноста, ИВЗ во РСМ во наредните денови ќе поднесе тужба за клевета против споменатото лице”, велат од ИВЗ за ,,Независен Весник”.

Бузаку му даде ултиматум на Реџепи да се повлече од ИВЗ, но тој не го сфати сериозно ултиматумот на Бузаку, наракувајќи го геј. По истекувањето на времето од 72 часа, денеска Скендер Бузаку ја објави првата ,,бомба“. Тој тврди дека Реџепи перел пари преку приватна фирма и со тоа противправно земал 700 илјади евра од ИВЗ.

– Доказите кои ги доставив до ОЈО укажуваат на фактот дека осомниченото лице има сторено кривично дело со кое е нанесена штета од големи размери, присвојување на парични средства во износ од над 700 илјади евра, уплатени оваа година. Има фактура од 2019 година, трансфер на средства и докази. Утврдената штета е 700 илјади евра. За престој во Саудиска Арабија, ИВЗ платило 650 илјади денари на приватна фирма. Таксата за престој е утврдена во износ од 510 евра и парите треба да се уплатат директно во Министерството за аџилак, вели Бузаку. (А.М.)