(Галерија) 45 илјади литри вода во минута и скала од 45 метри: ова е новото повеќенаменско противпожарно возило


Град Скопје доби нова противпожарна скала од 45 метри. Станува збор за повеќенаменско возило кое има пумпа за вода со капацитет од 45 илјади литри во минута, а може да се користи и како кран за подигнување на тежина до четири тона. Противпожарната бригада на Град Скопје, заедно со припадниците на специјалната антитерористичка единица „Тигар“, […]

Бајден и Путин: Прагматична средба без пријателство


Средбата во Женева траеше помалку од очекуваното. Путин ја нарече „многу ефикасна“. Најголем дел од времето бил потрошен на разговори за контрола на вооружувањето и сајбер безбедноста   Претседателот на САД, Џо Бајден и рускиот претседател Владимир Путин, на „прагматичниот“ прв самит одлучија да одржат разговори за контрола на вооружувањето и сајбер безбедноста и да […]

Германската фирма „Впд“ ќе вложи 500 милиони евра за изградба на ветерни електрани во Македонија


Паркот на ветерни електрани треба да се гради во месноста Вирови кај Куманово и треба да има моќност од дури 400 мегавати. „Впд“ поднесла барање до владата за одобрување на статус на стратешки проект   Германската фирма „Впд“ (Wpd) планира да изгради парк со ветерници со моќност од дури 400 мегавати во Македонија што би […]

ЕУ ќе ги олесни ограничувањата за патувања од САД и седум други земји, меѓу кои и за Северна Македонија


Европската унија треба постепено да ги олесни корона ограничувањата за влез за патниците од САД и седум други земји по договорот од средата меѓу 27-те земји-членки, јави ДПА. Патниците од САД, Албанија, Хонг Конг, Либан, Макао, Македонија, Србија и Тајван треба полесно да влегуваат во Унијата, изјави португалското претседателство со ЕУ за германската агенција. Меѓутоа, […]

Олеснети ковид мерките, прославите со неограничен број гости, а ќе се организираат и концерти и забави


Од денеска целосно се укина полицискиот час, угостителските објекти нема да имаат ограничување во работното време, свадбите ќе може да се организираат со повеќе од 100 гости, а дозволени се настани, концерти и забави во клубовите и локали само на отворено, со капацитет до максимум 50 отсто од објектот и не повеќе од 1000 лица. […]

Заев се сомнева дека до 22 јуни ќе има решение со Бугарија


Премиерот Зоран Заев се сомнева дека до 22 јуни, кога ќе се одржи самитот на ЕУ, ќе биде решен спорот на Македонија со Бугарија. „Имам чувство дека во 22 јуни нема да се реши проблемот, но не е невозможно“, изјави денес Заев. Тој рече дека го кажува ова за да не ги крене очекувањата кај […]

Пристигна донацијата од 20.000 вакцини „Астра Зенека“ од Грција


Министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил објави дека пристигна донацијата од 20.000 дози вакцини „Астра Зенека“ од Грција. – Денеска од нашите пријатели од Владата на Република Грција ја примивме донацијата од 20.000 дози вакцини „Астра Зенека“. Оваа поддршка од грчката Влада, амбасадорот на Република Грција, Русос Кундурос и грчкиот народ се […]

Заев се сретна со Бајден на самитот на НАТО, го поканил во Македонија


Премиерот Зоран Заев за МИА откри дека попладнево на маргините на самитот на НАТО се сретна со американскиот претседател, Џозеф Бајден, за кого ова беше прва лидерска средба во Алијансата откако стапи на оваа функција. Зоран Заев го поканил Бајден во Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Брисел. Во интервју за МИА, кое ќе […]

Заев и Радев на средба за да го отплеткаат јазолот


Зоран Заев овие денови ќе патува во Софија на разговори пред средбата на европските министри следниот вторник   Македонскиот премиер Зоран Заев и бугарскиот претседател Румен Радев се сретнаа денеска во Брисел на крајот од Самитот на НАТО во обид во последен момент да се најде решение за тргање на блокадата на Македонија од кое […]

Заев на Самитот на НАТО: „Одлично е да се биде тука“


Премиерот Зоран Заев пред почетокот на денешниот самит на НАТО во Брисел изјави дека ова е историски момент за Македонија затоа што  тоа прв пат нашата земја да присуствува на нависокиот собир на Алијансата. Заедно со Зсев на Самитот се и министерот за надворешни работи Бујар Османи и министерката за одбрана Радмила Шекеринска. Еве ја […]

Кризниот штаб прифати укинување на полицискиот час


Главниот координативен КОВИД-19 кризен штаб ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести за олабавување на мерките, почнувајќи од 16 јуни 2021 година и ги предлага на конечно усвојување на утрешната владина седница: – укинување на ограничувањето на движењето; – сите настани кои ќе се организираат на отворено, може да се организираат со капацитет до […]

Ѓоковиќ по триумфот во Париз: „Нема да запрам овде“


Српскиот тенисер е само на уште една титула за да се израмни со Надал и федерер по број на грен слемови. Циципас се обидува да дознае што се случило со него по првите два сета   Талентиран и жилав, Новак Ѓоковиќ не сакаше да се предаде откако ги испушти првите два сета од финалето на […]

Нема починат од Ковид-19, прв пат по 10 месеци


За прв пат по 10 месеци нема регаистрирано починат од корона вирусот, соопштува Министерството за здравство. Тоа е е еден од најважните податоци во неколкунеделното намалување на бројот на инфицирани од Ковид-19. Има само осум новозаразени од 3.068 тестирања, што е само 0,2 отсто од сите примероци. „Првпат по 2 септември 2020, денеска не бележиме […]

Интервју со Боријан Борозанов, „Џонсон Мети“: Стабилноста и предвидливоста на бизнис климата е еден од клучните фактори за доброто функционирање на странските инвестиции


Најголемиот недостаток на Македонија е истовремено и нејзината најголема предност. Тоа што сме мали и по територија и по население би требало да овозможи да бидеме најбрзи, најфлексибилни, најотворени, најгладни за нови знаења и за успех, вели во екслузивното интервју за „Независен“, Боријан Борозанов, управител на „Џонсон Мети“ во Северна Македонија   Мирче Јовановски Изминатата […]

Германија ja отстрани Македонија од списокот на ризични ковид земји


Денес Германија ја отстрани Северна Македонија , како и другите земји од Западен Балкан, од „црвената листа“ на земји во ризик за патувања поради корона вирусот. Поради намалувањето на бројот на нови случаи на инфекци со корона вирус, Институтот Роберт Кох (РКИ) отстрани неколку земји од списокот на ризични земји, вклучувајќи ги Австрија, САД, Канада, […]

Нов директор на аеродромот во Црна Гора ќе биде Македонец – Горан Јандреоски


Горан Јандреоски, кандидат од Македонија, е избран за нов извршен директор на Аеродромот во Црна Гора, поради, како што соопшти компанијата, богато работно искуство во воздухопловството. „Комисијата, што се состоеше од членови на Управниот одбор на аеродромот и претставник на Министерството за капитални инвестиции, го избра Јандреоски по конкурс и интервјуто, врз основа на неговата […]

Макрон: Заслужувате преговори без одложување (Видео)


Премиерот Зоран Заев е во Париз на работна вечера со претседателот на Франција Емануел Макрон. Пред вечерата тој и францускиот лидер дадоа изјави, при што Макрон порача дека нашата земја заслужува да ги почне преговорите со ЕУ без одложување. Притоа тој му се обрати директно на премиерот Заев оценувајќи дека со потпишувањето на Преспанскиот договор […]

(Фото) Делумното затемнување на Сонцето маѓепса многумина


Додека во земјите од регионот затемнувањето на Сонцето беше само делумно и речиси незабележливо, во другите делови на светот беа снимени спектакуларни фотографии. Така, во Лондон, набљудувањето на делумното затемнување на Сонцето беше попречено од облаци, така што набљудувачите можеа само повремено да ја видат претставата што се одвива на небото. Од другата страна на […]

Заврши скусената школска година, сите сакаат од септември училишта полни со ученици


За основците и средношколците денеска е последниот училиштен ден во учебната 2020/2021 година. Според изменетиот Календар за организација на работата на училиштата (основни и средни) почетокот беше одложен за 1 октомври, а бројот на наставни денови намален од 180 на 159. Учебната година почна еден месец подоцна поради потребата антиковид-протоколите за реализација на различни начини […]

Долгата рака на Нуланд стигна на Балканот


Наредбата на Бајден треба да ги замисли сите лидери на политички партии во Македонија кои во своите изборни програми напишаа дека ќе го спорат Преспанскиот договор, а и сите кои ја користат политиката за да ја скријат корупцијата   Слободанка Јовановска  Претседателот на САД, Џо Бајден, доцна синоќа ги стресе политичките елити на Балканот, вклучувајќи […]