Нема починат од Ковид-19, прв пат по 10 месеци


Фото: Б. Грданоски

За прв пат по 10 месеци нема регаистрирано починат од корона вирусот, соопштува Министерството за здравство. Тоа е е еден од најважните податоци во неколкунеделното намалување на бројот на инфицирани од Ковид-19.

Има само осум новозаразени од 3.068 тестирања, што е само 0,2 отсто од сите примероци.

„Првпат по 2 септември 2020, денеска не бележиме ниту еден починат од Ковид-19. Вирусот е далеку од победен, но оваа мала победа ни влева надеж дека сме се поблиску до ставање крај на агонијата. Сепак, мерките мора да продолжиме да ги почитуваме, а единствен начин да го намалиме бројот на жртви е масовно да се вакцинираме“, велат од Министерството за здравство.

Тројца од новозаразените се од Скопје, двајца од Тетово и по еден од Велес, Кичево и Охрид.

Регистрирани се девет оздравени пациенти од: Скопје – 3, Куманово, Тетово, Велес, Гостивар, Свети Николе и Ресен – по 1.

Од 3.068 тестови рапид тестови се 708.

Досега во земјата се направени вкупно 834.099 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на починати е 5.471, а бројот на активни случаи изнесува 437. Во осум градови во моментов нема активни случаи.

Дистрибуција по градови според заболени и активни активни случаи.

Скопје 68.611, активни 189
Куманово 8.868, активни 52
Прилеп 8.318, активни 33
Тетово 7.232, активни 28
Битола 6.304, активни 18
Велес 5.471, активни 3
Гостивар 5.180, активни 14
Кавадарци 5.153, активни 0
Охрид 5.011, активни 19
Штип 4.959, активни 2
Струмица 4.113, активни 6
Струга 2.981, активни 4
Кочани 2.791, активни 4
Кичево 2.578, активни 26
Гевгелија 2.195, активни 3
Неготино 2.184, активни 4
Свети Николе 1.523, активни 1
Ресен 1.234, активни 0
Крива Паланка 1.222, активни 2
Радовиш 1.161, активни 7
Берово 1.029, активни 0
Делчево 972, активни 4
Дебар 941, активни 2
Виница 886, активни 5
Пробиштип 789, активни 0
Валандово 666, активни 1
Богданци 494, активни 0
Крушево 490, активни 1
Демир Хисар 400, активни 3
Демир Капија 396, активни 0
Кратово 376, активни 3
Македонски Брод 359, активни 1
Пехчево 268, активни 0
Македонска Каменица 249, активни 2
Дојран 132, активни 0