Претстои топол бран со температури над 35 степени, в четврток и над 40-тиот степен


Под влијание на топла воздушна маса од југ, од денеска и во следните денови времето ќе биде многу топло со натпросечни температури за овој период од годината. Во следните денови во повеќе места температурите ќе бидат над 35 степени. Најтопло ќе биде в четврток и в петок кога температурата на места ќе го надмине и […]

Нема преговори за Македонија, блокадата на Бугарија сега ќе ја решава словенечкото претседателство


Иако имало „длабока дебата“ за проширувањето на Европската унија и датумот на првите меѓувладини конференции со Македонија и Албанија, не беше постигнат договор, објави попладнево на прес конференција португалската министерка за европски прашања Ана Паола Закаријас. „И покрај сите напори не беше возможно да се постигне договор за отворање на преговарачкиот процес за Македонија и […]

Владата го усвои предлогот за намалување на ДДВ за електрична енергија за домаќинства


Владата го усвои предлогот на Министерството за финансии за намалување на ДДВ за електрична енергија за домаќинства, напиша министерот за финансии Фатмир Бесими во објава на Фејсбук. Како што наведува Бесими, според измените на Законот за данок на додадена вредност, ДДВ-то за електрична енергија се предлага да се намали од 18 на 5 отсто за […]

Деманти од Владата: Заев не разговарал со Ахмети околу знамето, грбот и химната


Извори од кабинетот на премиерот велат дека ниту во Владата, ниту во владејачката партија СДСМ, ниту со Зоран Заев е разговарано за промена на знамето, грбот или химната на државата. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во дебатна емисија на ТВ Клан во понеделникот изјави дека „се разговарало и за химната и за грбот и за […]

Филипче очекува да стекнеме колективен имунитет до крајот на летото


Вакцините од кинескиот производител „Синовак“ се очекува да пристигнат до крајот на месецов, најави министерот за здравство Венко Филипче на заедничката прес-конференција со амбасадорот на Народна Република Кина во земјава, Џанг Ѕуо. Министерот Филипче додаде дека се очекува со новите вакцини бројот на вкупно вакцинирани граѓани во земјава да достигне околу 600 илјади. „Од јули, […]

Денеска паѓа одлука за еколошка такса за бензините и за помал ДДВ за струјата


Владата денеска на седница треба да ги разгледа и да одлучи за двете законски решенија кои се однесуваат на најавеното намалување на ДДВ на електричната енергија и воведувањето еколошка такса на горивата. Министерот за финансии Фатмир Бесими вчера изјави дека Владата ќе оди со предлогот мерките да важат од 1 јули и со очекување дека […]

Фудбалска дипломатија: Марк Руте и Зоран Заев на мечот Холандија – Македонија


Премиерот Зоран Заев е на трибините на стадионот „Јохан Кројф“ во Амстердам за да го проследи мечот Холандија – Македонија, кој е последен на ова Европско првенство за нашите репрезентативци, а и последен за репрезентативниот дрес за капитенот Горан Пандев. Заев на својот Твитер профил објави дека дошол во Амстердам да го следи натпреварот по […]

Стопанска комора: Законот за недела неработен ден ќе предизвика отпуштања


До 30 отсто од работниците може да останат без работа,  реализацијата на капиталните проекти станува неизвесна, може да дојде до застој во производството, повисоки трошоци, намалена продуктивност и несигурен поврат на инвестициите, ќе предизвика законското решение за недела неработен ден кое помина на Влада без да бидат земени предвид забелешките и предлозите на бизнис заедницата, […]

Филипче: Не планираме рестрикции поради индискиот сој


Откако во Македонија се појавија два случаи со индискиот сој на корона вирус, министерот за здравство Венко Филипче вели дека нема да се воведат дополнителни рестрикции, поради варијантата на вирусот која во Европа се заканува да донесе уште еден бран на пандемијата. „Не планираме рестрикции и дополнителни мерки поради случајот на индиски сој во земјава, […]

Во март го пофалија, сега го отповикаа – Бранко Азески повеќе не е почесен конзул на Црна Гора


Во информацијата во весникот „Дан“ се наведува дека разрешувањето на Азески било на предлог на министерот за надворешни работи Ѓорѓе Радуловиќ   Владата на Црна Гора го отповика почесниот конзул во Скопје, Бранко Азески, јавија црногорските медиуми. Владата го објасни потегот со изјава дека отповиканиот конзул се обидел да ги омаловажи и компромитира највисоките власти […]

Интервју со Арбен Таравари: Големата битка ќе се води во Тетово


Победата на локалните избори ни е на дофат, вели генералниот секретар на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, во интервју за „Независен“. Тој тврди дека поставувањето на Артан Груби за прв вицепремиер е негова промоција од страна на Али Ахмети за нов иден лидер на ДУИ   Љупчо Поповски Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, верува дека […]

Град Скопје: Почнува летната градежна офанзива на улиците и булеварите


Град Скопје соопшти дека ја почнува летната градежна офанзива за изградба и реконструкција на градските улици и булевари. Во претстојниот период, како што информираат од Град Скопје, предвидено е да почнат градежни работи на 11 локации низ градот, во неколку скопски општини. Планирана е изградба или проширување на бул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“, на потегот од булеварот […]

Уште еден заболен со индискиот сој во Македонија


Кај уште еден пациент потврден е индискиот сој на корона вирусот, потврди министерот за здравство Венко Филипче, денеска во Битола. Сепак, уверува дека епидемиолошките анкети покажале дека нема поголем ризик и потреба од дополнителни мерки. До сега во Македонија, регистрирани се само двајца граѓани кои се заразиле со индиската мутација, откако првиот заболен беше откриен […]

Измени во протоколот за влез во Грција за македонските државјани


Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните, дека согласно известувањето од грчките гранични служби од Граничниот премин „Евзони“, има измени во протоколот за влез во Грција и од денеска (19.06.2021 година), од 6 часот на ГП Евзони, освен со ПЦР тест не постар од 72 часа, Сертификат за примена вакцина (со поминати 14 дена од […]

Грција, Турција и Албанија најбарани летни дестинации, условите за влез различни


Со намалување на бројот на новозаболени од Ковид-19, поголемиот број на вакцинирани и олеснувањето на условите за патување, полека се зголемува интересот на македонските граѓани за летување. Туристичките агенции кои ги контактираше МИА велат дека интерес има, особено за туристичките места во кои традиционално летуваат македонските граѓани. Атрактивни за летниот период остануваат Грција, Турција и […]

Димитров: Крајно време е ЕУ да го исполни ветувањето кон Северна Македонија


 Крајно време е Европската Унија да испорача кон Северна Македонија, исполнувајќи го сопственото ветување за почеток на преговори откако земјата ги исполни сите услови. Крајно време е за добри вести и прогрес по европскиот пат за целиот регион​, рече вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров кој на покана на австриската министерка Каролине Едштадлер денеска во Виена […]

Заев: Иднината на Европа е со Западен Балкан, а иднината на Западниот Балкан е со Европа


Премирот Зоран Заев, кој денеска учествува на Самитот за Западен Балкан што се одржува во Виена, му се заблагодари на австрискиот канцелар Себастијан Курц за иницијативата и организацијата, порачувајќи дека додека има вакви лидерства посветени на евроинтеграциите еврпската перспектива секогаш ќе биде победник над евроскептицизмот. -Упатувам искрена благодарност до канцеларот на Австрија, Себастијан Курц кој […]

Австрија ќе донира милион вакцини на земјите од Западен Балкан


На панелот за ЗБ во Виена, Курц само што најави дека Австрија ќе донира 1 милион вакцини за земјите од Западен Балкан. Со тоа ќе ја демонстрира европската солидарност особено ако се има предвид фактот дека и самата Австрија се соочува со предизвици во набавката доволен број вакцини, а во исто време подготвува донација.  Самитот […]

Јанев ќе навива за Македонија, но не кажа дали ќе биде тргната блокадата во Унијата


Бугарскиот премиер Стефан Јанев соопшти дека македонската делегација дошла со конкретни предлози и дека нив ќе ги разгледуваат во наредните денови. Заев на прес-конференцијата изјави дека проблемот е билатерален и така треба да се реши   (Од нашиот известувач)                                 […]

Блог во живо – Зоран Заев на разговори во Софија


Македонскиот премиер Зоеран Заев денеска е во Софија каде има интензивна агенда на разговори со официјалните лица на државата и со претставниците на политичките партии во заеднички обид да се најде решение за излез од бугарската блокада за почетокот на преговорите на Македонија со ЕУ. Нашиот новинар, Слободанка Јовановска е во Софија и известува за […]