Уште еден заболен со индискиот сој во Македонија


Фото: Б. Грданоски

Кај уште еден пациент потврден е индискиот сој на корона вирусот, потврди министерот за здравство Венко Филипче, денеска во Битола.

Сепак, уверува дека епидемиолошките анкети покажале дека нема поголем ризик и потреба од дополнителни мерки.

До сега во Македонија, регистрирани се само двајца граѓани кои се заразиле со индиската мутација, откако првиот заболен беше откриен во јуни, а претходно престојувал во Ирак.

„Има уште еден ист таков случај кој се лекуваше во една од приватните болници. Пред два дена имавме состанок во рамките на Берлинскиот процес со германскиот министер за здравство и сите министри од регионот од Западен Балкан. Стравување од индискиот сој или некоја нова форма на мутација која може да виде позаразна од сегашните актуелни постои насекаде. Но, битно е дека сите вакцини штитат од тешка форма на бoлеста или од смртен исход, дури и од таква мутирана форма на вирусот. Досега епидемиолошките анкети кои се направени покажаа дека некаков ризик, а со тоа и дополнителни мерки не треба да се прават“, рече министерот Филипче денеска во Битола.

Вториот случај на пациент заразен од индискиот сој не е битолски случај.