Филипче очекува да стекнеме колективен имунитет до крајот на летото


Вакцините од кинескиот производител „Синовак“ се очекува да пристигнат до крајот на месецов, најави министерот за здравство Венко Филипче на заедничката прес-конференција со амбасадорот на Народна Република Кина во земјава, Џанг Ѕуо.

Министерот Филипче додаде дека се очекува со новите вакцини бројот на вкупно вакцинирани граѓани во земјава да достигне околу 600 илјади.

„Од јули, третиот и четвртиот квартал, најавени се сите други поголеми количини на вакцини…се очекува, како што е првично највено, да стигнат 350 илјади од вакцините на Фајзер и преку КОВАКС системот“, рече Филипче.

„Сметам дека до крајот на летото ќе постигнеме процент на имунизирани за кој ќе можеме да кажеме дека е колективен имунитет“, додаде Филипче.

До крајот на летото во земјава ќе биде постигнат колективен имунитет, бидејќи досега се вакцинирани нешто помалку од 300.000 граѓани, а во следниот период, со помош на донираните кинески вакцини, ќе се имунизира уште поголем број од населението.

„Досега се вакцинирани под 300.000 граѓани, а планирано е во следниот период да се вакцинираат уште 300.000 луѓе. Сметам дека до крајот на летото ќе постигнеме процент на имунизирани за кој ќе можеме да кажеме дека е колективен имунитет. Секако, не знаеме како ќе влијаат мутациите на коронавирусот, но искуствата од другите држави, вклучувајќи ја и Кина, покажуваат дека вакцините се многу важен фактор во борбата против пандемијата“, Филипче.(Б.Б.)