Филипче: Не планираме рестрикции поради индискиот сој


Откако во Македонија се појавија два случаи со индискиот сој на корона вирус, министерот за здравство Венко Филипче вели дека нема да се воведат дополнителни рестрикции, поради варијантата на вирусот која во Европа се заканува да донесе уште еден бран на пандемијата.

„Не планираме рестрикции и дополнителни мерки поради случајот на индиски сој во земјава, но будно ја следиме ситуацијата и епидемиолошката состојба“, вели министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес-конференција.

Тој додаде дека досега околу 240 илјади граѓани се вакцинирани, а околу 200 илјади се вакцинирани.

„Ако детектираме дека има ризик од заразување во ноќните клубови и локалите, тогаш повторно ќе воведеме посебни мерки“, рече Филипче, додавајќи дека нема прецизни информации за тоа каков е ризикот од заболување со индискиот сој.

„Многу мали се шансите да се заразите ако сте се вакцинирале“, дополни министерот.