Бајден воведе санкции за оние што го загрозуваат Преспанскиот договор


Американскиот претседател Џо Бајден денеска издаде извршна наредба со која го прошири опфатот на санкциите во однос на националната вонредна состојба од 2001 година и врз оние лица или ентитети кои го загрозуваат и Преспанскиот договор и Охридскиот договор. Во наредбата не се поименично наведени лица и ентитети, но многу јасно се оцртува кој подлежи […]

Недела неработен ден стартува од 1 октомври – еве ги исклучоците


Владата денеска го утврди текстот за измените и дополнувањата на законите за работни односи и за трговски друштва, со кои неделата се прогласува за ден за одмор, соопшти денес на прес конференција премиерот Зоран Заев. Оваа долго најавувана новина ќе почне да се применува од 1 октомври, откако законските измени ќе бидат потврдени и од […]

Почетокот на преговори на земјава со ЕУ e сигнал и за регионот – дали европската иднина е опиплива и реална


Подобро е да сме позитивно изненадени отколку повторно разочарани. Во случајот со почетокот на преговорите на земјава со ЕУ не се работи само за наш успех, туку се работи и за голем и важен сигнал за целиот регион – дали европската иднина на регионот е опиплива и реална, важно за сите главни градови и за […]

Македонија е во европскиот врв по бројот на пушачи


Македонија, Црна Гора, Бугарија, Словенија и Грција се на црната „тутунска листа“ во Европа. Сите тие имаат потрошувачка од над 2.350 цигари по лице годишно   Македонија треба сериозно да преземе нова анти-пушачка агенда затоа што се наоѓа во врвот на земјите во Европа според бројот на пушачите. Реномираното медизинско списание „Лансет“ неодамна објави големо […]

Регистриран еден нов случај со Ковид-19, тројца починати, 204 оздравени пациенти


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 1.375 тестирања, а регистриран е еден нов случај со Ковид-19 од Куманово. Пријавени се вкупно тројца починати пациенти од кои по еден од Куманово (55г), Тетово (61г), и Гевгелија (80г). Од пријавените, сите лица се починати во болнички услови. Регистрирани се 204 […]

На болничко лекување 126 ковид пациенти, слободни 500 кревети во ковид центрите


Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје има двајца хоспитализирани нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 51 лице сомнително и потврдено за Ковид 19 се лекува на инфективните одделенија во главниот град, а во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 75 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. – […]

МЗ: Кај пациент кој се вратил од Ирак детектиран „индиски“ сој на Ковид-19


Минатата недела кај еден пациент кој е хоспитализиран во приватна болница, е детектирано присуство на „индиски“ сој на вирусот СарсКов2, соопшти денеска Министерството за здравство. Според епидемиолошката анкета која ја направила болницата, пациентот се вратил од Ирак, каде претходно 10 дена бил болен и хоспитализиран. Кога се вратил во земјава, веднаш со посебно санитетско возило […]

Полицискиот час и мерките да останат да важат до 15 јуни


Министерот за здравство Венко Филипче по предлог на Комисијата за заразни болести денеска на Главниот координативен кризен штаб му предложил полицискиот час и мерките да останат да важат до 15 јуни на територија на цела држава. -Филипче образложи дека овој предлог на Комисијата е поради тоа како би се ограничило дополнително групирање во доцните часови, […]

Заев најави интензивирање на средбите со бугарските власти пред јунскиот Самит на ЕУ


Премиерот Зоран Заев денеска најави интензивирање на средбите со бугарските власти во насока на постигнување решение за спорот со Бугарија, пред јунскиот самит на Европската Унија, за кој постои оптимизам дека ќе биде дадено зелено светло за одржување на првата Меѓувладина конференција. Заев, кој денеска заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и […]

По подолго време под илјада активни случаи на Ковид-19


После подолго време во државава, под 1.000 е бројот на активни случаи позитивни на корона вирусот, но речиси двојно повеќе беше вчерашната бројка на нови случи позитивни на Ковид-19 за разлика од претходниот ден кога беа регистрирани 16 лица. Од направени 3.856 тестирања, вчера беа регистрирани 29 нови случаи позитивни на коронавирусот. На инфективните одделенија […]

„Гардијан“: Елиф Елмас – Македонскиот дијамант создаден во продавница за слатки


Веројатно 21-годишниот Елмас го чека долг пат пред да ги достигне височините на Кристијано Роналдо и Лионел Меси, но ова лето тој ќе има идеална сцена да ги покаже своите квалитети во конкуренција на европската елита, вели британскиот весник Англија- Две децении по воениот конфликт и меѓуетничките тензиите во земјата, македонската фудбалска репрезентација како никој порано ја обедини […]

Објавена листата на компании кои ја злоупотребиле државната помош


Владата ја објави листата на компании на кои им е исплатена државна помош за минимална плата, а тие не ги уплатиле средствата на своите вработени. Целата листа можете да ја погледнете ТУКА! Според информациите на УЈП 181 компанија остварила право на помош, но и покрај тоа, повеќе од 750 работници останале неисплатени за март и […]

Заев: На маса е португалскиот предлог којшто е добра основа за решение


 Премиерот Зоран Заев денеска, одговарајќи на новинарски прашања, повтори дека несериозни изјави, особено од претседателот на најголемата опозициска партија, во врска со прашањето со Бугарија, може да предизвикаат само штетни последици и закочување на процесот на евроинтеграции на Северна Македонија. Повтори и дека ништо не се крие и не се разговара поразлично и оти на маса […]

Дали почна предвремена кампања во јуни за локалните избори во октомври?


На повеќе од четири месеци пред најавениот термин за локалните избори – втората половина на октомври, веќе се познати имињата на дел од кандидати за градоначалници главно од најголемите политички партии, коишто веќе започнаа неформална кампања. Веројатно пописот закажан за септември во комбинација со олабавување на ковид мерките придонесоа за тоа. Нема разлика дали станува […]

(Фото) Заев и Бочварски го сефтосаа новиот пат Штип-Радовиш


Премиерот Зоран Заев и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, денеска го пуштија во употреба експресниот пат Штип-Радовиш, прва фаза, кој е комплетно завршен со должина од 23,56 километри од клучката Штип-југ до Бучим, а потоа и ја „сефтосаа“ оваа современа патна делница. „Изградбата на експресниот пат Штип-Радовиш има исклучително влијание врз развојот на […]

Скандал во Бугарија со трансплантација на органи: Богати плаќале, сиромашни давале


Бугарија ја тресе голем скандал откако Министерството за здравство на Бугарија откри дека во мандатот на поранешната влада на Бојко Борисов државна болница вршела трансплантации на органи од сиромашни живи донатори за богати клиенти што функционирале под лажен идентитет, за што министерството ги има „сите причини да верува дека не се роднини, како што налага […]

Филипче: Се очекува мирно лето, но сепак треба да бидеме претпазливи


Состојбата со коронавирусот во земјава е стабилна и нема никакви знаци дека нешто ја влошува. Претстојните летни месеци, според проценките, епидемиолошката ситација ќе биде мирна, вели министерот за здравство венко Филипче, кој додава дека сепак граѓаните треба да бидат претпазливи, да ги почитуваат мерките оти секогаш може да се јави мутација на вирусот која би […]

Америка го спречува рускиот канал во Бугарија


Бугарските политички лидери ги поздравија санкциите на САД и сега тврдат дека никој од нив немал ништо со озлогласените личности од американската црна листа   Пред десетина дена бугарскиот член на историската комисија, Кирил Топалов, изјави за Македонија: „Ако нереформираната тоталитарно-комунистичка држава се приклучи на ЕУ, тоа ќе биде Тројанскиот коњ на Русија и сите […]

Има 659 неевидентирани лица, а Управата не знае ни колку постапки се во тек


Вкупниот број на неевидентирани лица кои што се внесени во евиденција согласно Законот за неевидентирани лица во матичната книга на родени, според податоците добиени од Управата за водење на матични книги изнесува 659 лица. Од нив се доставени 211 Барања за упис во посебната матична книга, што значи, ако го споредиме со вкупниот број на […]

Тешки оценки на Вашингтон: Бугарија е заглавена во корупција


Американските санкциите за шест бугарски граѓани, од кои три многу важни личности внесоа бура во бугарската јавност не 40 дена пред изборите. Луѓето од листата се обвинети за корупција. Американската амбасадорка во Софија вели дека корупцијата во Бугарија е ендемична    Бугарската јавност денеска е растресена од воведувањето на санкциите од страна на САД за […]