Ѓоковиќ по триумфот во Париз: „Нема да запрам овде“


Српскиот тенисер е само на уште една титула за да се израмни со Надал и федерер по број на грен слемови. Циципас се обидува да дознае што се случило со него по првите два сета

 

Талентиран и жилав, Новак Ѓоковиќ не сакаше да се предаде откако ги испушти првите два сета од финалето на Отвореното првенство на Франција против неговиот помлад, посвеж ривал, Стефанос Циципас.

Ѓоковиќ изгледаше отсутен и и осиромашен на почетокот од мечот. До крајот, тој беше во својата империјална моќ.

Потпомогнат од беспрекорен сервис, Ѓоковиќ дојде до целта и го победи Циципас со 6:7(6), 2:6, 6:3, 6:2, 6:4 за својот втор шампионат на Ролан Гарос и вкупно 19-та грен слем титула.

„Не сакам да застанам тука“, рече Ѓоковиќ, кој ги рашири рацете, па се удри во со градите и клекна да ја допре црвената глина на теренот „Филип Шатрие“ откако го заврши мечот со волеј од скок.

Како што стојат работите, Ѓоковиќ е на само еден голем трофеј од израмнувањето на машкиот рекорд од 20 грен слемови во кариерата, кој го делат Рафаел Надал и Роже Федерер и ќе ја добие првата шанса на Вимблдон, кој започнува за две недели.

Ѓоковиќ стана еден од само тројцата – заедно со Род Лејвер и Рој Емерсон – кој го освоил секој голем турнир барем двапати. И сега, како актуелен шампион на Отвореното првенство на Австралија и Отвореното првенство на Франција, Ѓоковиќ може да се насочи кон уште едно ретко достигнување: Тој е на половина пат да им се придружи на Лејвер (1962 и 1969) и Дон Баџ (1938) како единствените луѓе со четири грен слема во една календарска година.

34-годишниот Ѓоковиќ го елиминираше 13-кратниот шампион на Францускиот опен, Надал – предизвик што Србинот го спореди со искачување на Еверест – во полуфинале кое траеше повеќе од четири часа во петокот навечер.

Тоа беше само трет пораз во кариерата на Надал во 108 натпревари на Ролан Гарос.

Ѓоковиќ исто така го победи Надал во четвртфиналето во Париз 2015 година пред да го загуби финалето во таа година и се чинеше дека истата судбина го чека во неделата.

Тоа е затоа што Ѓoковиќ изгледаше рано исцеден, 22-годишниот Циципас имаше предност за два сета.

„Тоа не беше лесно за мене“, рече Ѓоковиќ, „и физички и ментално“.

На крајот, сепак, тој го извади најдоброто од гем во гем и се врати на патеката и, неверојатно, не се соочи со ниту еден брејк поинт во последните три сета.

Тоа му овозможи на Ѓоковиќ да го заврши шестиот кам-бек во кариерата од два сета во минус – и вториот во изминатата недела.

Меѓународната тениска федерација соопшти дека Ѓоковиќ – кој губеше од 19-годишниот Лоренцо Мусети со два сета во четвртото коло – е првиот човек во професионалната ера што освоил грен слем турнир, откако двапати се соочил со негатива од 2: 0 во сетови.

„Одеднаш само почувствував студ и надвор од играта“, рече Циципас. „Тешко беше да се прилагодам. Се чувствував како некако да ја изгубив играта. Навистина би сакал да можам да разберам зошто се случија и еволуираа ваквите работи“.

Искуството можеше да биде фактор, исто така.

Ова беше прво големо финале за Циципас и 29-то за Ѓоковиќ, кој исто така го освои Отвореното првенство на Франција во 2016 година, со девет титули на Австралија опен, пет на Вимблдон и три на УС Опен.

Големо значење е и фактот дека Ѓоковиќ има резултат во победи во пет сета 35-10 во пет сет – вклучително и рекорднитте 32 победи на гренс слемовите кај маѓите, додека билансот на Циципас е 5-5.

„Она што го научив денес е дека без оглед на сѐ, за да заврши натпреварот, треба да освоиш три сета, а не два“, рече Циципас, кој се обидуваше да стане првиот Грк што освоил голема титула во сингл. „Два сета навистина не значат ништо“.

Ѓоковиќ фрли бела крпа за да го предаде вториот сет.

Обид да се олади? Можеби да се ресетира? Веројатно.

По вториот сет, Ѓоковиќ тргна да ја искористи една од двете можности за секој играч да замине во соблекувалната.

После тоеа мечот не беше ист; Циципас сметаше дека антиципацијата и движењето на Ѓоковиќ се подобруваат.

„Некако се чувствував како тој одеднаш да може да ја прочита мојата игра малку подобро “, рече Циципас. „Добро за него“.

Ова беше уште еден натпревар кој траеше повеќе од четири часа, а Ѓоковиќ повторно беше на висина на задачата.

„Атмосферата беше неверојатна против Рафа и денес против Стефанос“, рече Ѓоковиќ. „Дефинитивно ќе ги паметам овие последни 48 часа до крајот на животот“. (АП)