Во Тетово ќе се произведуваат електричните автомобили e.GO


Во Македонија ќе се произведуваат електричните возила e.GO. Мултимилионска инвестиција од НЕКСТ.Е.ГО МОБИЛЕ СЕ, Ахен, Германија во ТИРЗ Тетово, ќе отвори 3-4.000 нови работни места, се вели во соопштението од денешната седница на Владата. Ова е за првпат во автомобилската индустрија кај нас да се продуцира целосен автомобил и се разбира за првпат ќе се […]

Косово и Северна Македонија преговараат за размена на јаглен и струја


Извршниот директор на Косовската енергетска корпорација (КЕК), Нагип Красниќи најави дека наскоро ќе биде објавен тендер за продажба на јаглен, а дека меѓу оние што пројавиле интерес за купување е енергетската корпорација на Северна Македонија – ЕСМ, јави дописникот на МИА од Приштина. Во синоќешното интервју за приштинската КТВ, Красниќи изјави дека и досега постоеле […]

МНР: Немаме информации дека македонски државјани се борат во Украина


Министертво за надворешни работи на Северна Македонија нема информации за евентуално учество на македонски државјани во војната во Украина, по објавата на руското Министерство за одбрана дека меѓу странските платеници кои се борат на украинска страна имало и 72 наши граѓани. – Министерството за надворешни работи не располага со релевантни информации поврзано со евентуалното учество […]

Плочата од „Прохор Пчињски“ не издржа ни колку Крушевската Република


Плочата за АСНОМ во манастирот „Св. Прохор Пчињски“, поставена пред осум дена, за време на чествувањето на Илинден, при што делегација на чело со претседателот Стево Пендаровски се поклонија пред неа, повторно е отстранета. Од Кабинетот на Пендаровски велат дека плочата поставена за Илинден, била со времен карактер. – Плочата којашто беше поставена во манастирот […]

Огласи за вработување на 520 образовни асистенти за работа со ученици со попречености


Министерството за образование и наука објави огласи за вработување образовни асистенти на определено време за три основни училишта со ресурсни центри, кои во учебната 2022/2023 година ќе работат со ученици со попречености во редовна настава во повеќе општини. Двесте асистенти во огласот за ОУРЦ „Златан Сремец“-Скопје ќе бидат ангажирани во основни училишта во општините: Јегуновце, Тетово, Теарце, […]

Центар за граѓански комуникации: Високи ризици од корупција во набавките за КОВИД


Центарот за граѓански комуникации денеска го објави Извештајот за јавните набавки за заштита од КОВИД-19, изработен врз основа на длабински мониторинг на постапките за јавни набавки на стоки, услуги и работи чии договори се склучени во второто полугодие од 2021 година. Мониторингот детектираше дека јавните набавки поврзани со КОВИД-19 и во второто полугодие од 2021 […]

Какви даноци ќе плаќаме – се вжештува дебатата за даночните измени


Министерството за финасии подготви предлог-концепт за даночната реформа којашто се планира да почне од следната година. Во тек е дебатата со сите засегнати страни, но веќе има реакции од бизнис-секторот, кој смета дека во време на енергетска и економска криза не е вистинскиот момент за вакви реформи. Министерот за финансии Фатмир Бесими уверува дека даночната […]

Во голем дел од Европа вода се пие само од камиони, сушата најтешка досега


Најтешката суша во Европа во последните децении ги погодува домовите, фабриките, земјоделците и товарите ширум континентот, а експертите предупредуваат дека посувите зими и жестоките лета поттикнати од глобалното загревање значат дека недостигот на вода ќе стане –  „новата нормала“. Европската опсерваторија за суша на ЕУ пресмета дека 45% од територијата на блокот била под предупредување […]

МНР негира дека Бугарија подготвува нови услови за Македонија


Министерството за надворешни работи, во врска со појавени шпекулации во јавноста за нови взаемни документи меѓу Северна Македонија и Бугарија, информира дека со внимание го следи процесот на формирање на бугарска Службена влада и развојот на внатрешните и надворешните политики, при што, наведува, дека охрабрува значајниот фокус што се придава на нашите билатерални односи како […]

За минималната кошница не се доволни ниту една минимална и една просечна плата


Минималните трошоци на едно семејство за јули изнесуваат 47.042 денари, покажуваат пресметките на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ). Според Синдикатот, оваа сума не е доволна ниту за семејства каде има двајца вработени кои имаат примања од една просечна и една минимална плата. – Истовремено, имајќи во предвид дека инфлацијата од 16 проценти ја обезвреднува […]

Какви документи Трамп фрлал во тоалетната школка?


  Новооткриени фотографии откриваат две прилики во кои поранешниот претседател на САД Доналд Трамп наводно фрлал документи во тоалетна школка. Меги Хаберман, новинарка на „Њујрк тајмс“ и соработничка на Си-ен-ен, ги објави овие фотографии, кои порано ги објави Аксиос. Си-ен-ен претходно извести дека Трамп ги исфрлил претседателските закони за водење евиденција и често ги кинел […]

Македонските банкноти откриваат исклучителни вредности: Интервју со Катерина Христовска, раководителка на Музејот на НБ


  Македонската национална валута денарот, покрај тоа што секојдневно се користи како средство за плаќање, а поради неговата стабилност е сигурен чувар на стандардот и на заштедите, претставува и вистински промотор на културното и историското наследство на нашата земја. Уникатни по многу обележја, секоја од банкнотите носи своја приказна, која во себе ткае дел од […]

Почина великанот на македонската архитектура Петар Муличкоски, автор на оргиналната зграда на Владата


Еден од великаните на македонската архитектура Петар Муличкоски, почина на 93-годишна возраст. Тој е автор на многу значајни проекти, меѓу кој е и оригиналната зграда на Владата, изградена во 1970 година. Неговите урбанистички проекти, се вреднувани и наградувани на јавни конкурси, се однесуваат на значајни и разновидни градски содржини во различни географски, историски и урбани […]

Безобѕирното возење во предложениот Кривичен законик се смета за кривично дело


  Ако возите под дејство на алкохол со концентрација од најмалку 1,50 г/промили во крвта, или возите под дејство на дроги, психотропни супстанции или прекурзори, или возите во забранет правец, претекнувате колона возила на непрегледно место или возите со брзина која надминува 70 километри на час над дозволената, согласно новиот член 403 во предлог текстот […]

Почина жената претепана од неготинецот со кој била во вонбрачна заедница


Делото што го сторил неготинец кој деновиве ја претепал жената со којашто живеел во вонбрачна заедница, ќе се преквалификува во потешко кривично дело, согласно новите околности, бидејќи во меѓувреме жената починала. Ова попладнево го потврдија за МИА од Јавно обвинителство Кавадарци.   -Постапката против него е во тек. Тој останува во притвор. Отворена е истрага […]

Работа за граѓаните на земјите од Отворен Балкан без визи и работни дозволи


    Србија –  Граѓаните на Србија, Северна Македонија и Албанија, благодарение на поврзувањето на националните електронски системи на овие земји во рамките на иницијативата „Отворен Балкан“, по првпат ќе можат слободно да пристапат до единствениот пазар на трудот, изјави денеска директорот на Канцеларијата на Владата на Србија за ИТ и е-Управа Михаило Јовановиќ. Како […]

Полјаците што загинаа во Хрватска оделе на аџилак во Меѓугорје


  Автобус со полски регистерски таблички излетал од патот на автопатот А4 во правец кон Загреб и според првичните информации има неколку загинати и повредени, јавуваат хрватските медиуми. Несреќата се случила меѓу Јарек Бишашки и Подворец, пренесува „Вечерњи лист“. Ангажирани се неколку екипи на брза помош од Вараждинската жупанија и од Загреб. „Јутарњи лист“ пишува […]

Светските цени на храната почнаа да се намалуваат откако стигнаа до рекордни височини


  Глобалните цени на храната се намалија во јули, но сепак се многу повисоки од ова време минатата година, објави во петокот Организацијата за храна и земјоделство на ОН. Иако цените остануваат високи, тие сега се намалуваат петти месец по ред, паѓајќи за 8,6% во јули во споредба со јуни, според индексот на цените на […]

Нема нови рестриктивни мерки, одлучи Комисијата за заразни болести


  На денешниот состанок Комисијата за заразни болести ја разгледа епидемиолошката состојба во земјата. Во изминатата недела се забележува благ пораст на бројот на нови случаи (8,5%), што е значително понизок пораст споредено со претходната недела (55,7%) и е во согласност со намалувањето на репродукцискиот број (Р0). Република Северна Македонија е во фаза на широка […]

Анџела Прајс Агелер потврдена за нова амбасадорка на САД во Скопје


  Анџела Прајс Агелер е потврдена за нова амбасадорка на САД во Северна Македонија, објави на Твитер демократското мнозинство во Сенатот. Таа доаѓа на местото на Кејт Мари Брнз, која ја извршува функцијата амбасадорка на САД во Скопје од 2019 година. Минатата недела, Сенатската комисија за надворешни работи имаше сослушување за нејзината номинација, на кое […]