Животот на Елизабета Втора низ фотографии


 

Со смртта на кралицата Елизабета Втора заврши една долга ера во Велика Британија. Таа владееше со кралството 70 години, повеќе дури и од кралицата Викторија од 19. век. Нејзиниот син Чарлс, поранешниот принц од Велс, сега е крал. Тој веднаш ќе ѝ се обрати на ужалената  нација. Сите нејзини деца побрзаа во замокот Балморал во Шкотска откако лекарите се „загрижија“ за нејзиното здравје. Неколку часа подоцна таа почина, опкружена со своето семејство.

Во 18.30 часот по локално време била констатирана нејзината смрт. Портпаролот на Бакингемската палата рече: „Кралицата умре мирно во Балморал попладнево. Кралот и придружбата на кралицата ќе останат во Балморал оваа вечер и ќе се вратат во Лондон утре“.

Смртта на кралицата ќе доведе до тоа Британија и нејзиното кралство на Комонвелтот да влезат во десетдневен период на жалост. За многумина таа е најголемата Британка во историјата и несомнено најпознатата жена на земјата. За милијарди ширум светот таа беше самото лице на Британците.

Еве ја историјата на оваа извонредна личност низ фотографии.

1930: Војводата и војвотката од Јорк (подоцна крал Џорџ VI and кралица Елизабета) со нивната ќерка, принцезата Елизабета
1937: Кралот Џорџ VI го наследи на тронот неговиот брат Едвард VIII, кој абдицираше за де се ожени во Американката Волис Симпсон, која беше разведена. Со неговото крунисување таа стана наследник на тронот
1947: Принцезата Елизабета се омажи за нејзиниот трет братучед Филип Маунтбатен во Вестминстерската опатија
1953: Елизабета (27) и Филип беа на пат во Кенија кога стигна веста за смртта на нејзиниот татко и таа стана кралица. Церемонијата на крунисувањето беше на 2 јуни 1953
1957: Кралицата Елизабета Втора ги вози своите деца Чарлс и Ана во Виндзор
1961: Кралицата Елизабета Втора во Сиера Леоне
1966: Елизабета Втора му го предава трофејоот на Жил Риме на капитенот на англиската фудбалска репрезентација Боби Мур  по освојувањето а Светското првенство во фудбал
1971: Елизабета Втора на коњ кај нејзиниот имот во Балморал, Шкотска
1981: свадбата на принцот Чарлс и Дијана
1983: Роналд Реган се смее на шегата кажана од Елизабета Втора за лошто време во калифорнија за време на државната вечера одржана во Сан Франциско
1994: Со францускиот претседател Франсоа Митеран го отвораат тунелот под Ламанш
2015: Кралицата на крштевката на принцезата Шарлота, второто дете на Вилијам и Кејт
2021: Елизабета седи сама за време на погребната цеременија за нејзиниот сопруг, принцот Филип, кој умре на 99 години. Тие беа во брак 74 години
2022: Кралицата Елизабета ја чека новата премиерка на Британија, Лиз Трас на аудиенција