Техничката влада треба да се избере следниот викенд, отворени неколку опции


Местата кои со закон и следуваат на опозицијата во техничката влада треба да останат празни се додека ВМРО-ДПМНЕ не даде глас за таа влада, сугерира премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски како одговор на најавите на опозициската партија да не гласа за составот на техничката влада, ниту да учествува на нејзините седници.  Од ВМРО-ДПМНЕ […]

(Галерија) Седумнаесетгодишниот Ѓорѓи Николовски го фати осветениот крст во Скопје


 Седумнаесетгодишниот Ѓорѓи Николовски го фати осветениот крст во водите на реката Вардар во Скопје.  – Посакувам здравје, среќа, спокојство на сите. Со Господ напред, сè најдобро на сите, Господ е голем. Сите да имаат единство и да се обедини Македонија и македонскиот народ, изјави Николовски. Годинава, пријавени беа 157 граѓани кои скокнаа во водите на […]

Дали е можно намалување на каматните стапки. Еве од што ќе зависи


Евентуалното намалување на каматните стапки зависи од тековниот развој на настаните на глобално ниво, а на домашен терен од однесувањето на инфлацијата зависно од домашните извори, вели во изјава за МИА универзитетскиот професор Марјан Петрески. Петрески вели дека не може да прецизира кога точно би се случило тоа, но дека според информациите во дадениот момент, […]

Зошто Иран и Пакистан се напаѓаат меѓусебно со ракети и зошто токму сега?


  Пакистан и Иран извршија напади едни на други на териториите во невидена ескалација на непријателствата меѓу соседите, во време кога тензиите нагло се зголемија низ Блискиот Исток и пошироко. Двете земји делат нестабилна граница, која се протега околу 900 километри, со пакистанската провинција Балочистан од едната страна и иранската провинција Систан и Белучестан од […]

За 15,3 отсто повеќе заболени од грип во споредба со претходната недела


  Во текот на втората недела од годинава, поточно од 8 до 14 јануари, во земјава се пријавени 1.182 случаи на заболени од грип или слични заболувања, што претставува зголемување за 15,3 проценти во споредба со претходната недела, покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Бројот на пријавени лица оваа недела, споредено со втората […]

Во последен момент случајот „Ласкарци“ спасен да не почне од почеток


Судскиот совет на денешната итна 474-та седница донесе одлука новоизбраната судијка во скопска Апелација, Александра Ристеска, времено да биде упатена во Основниот кривичен суд Скопје, сѐ до објавувањето на пресудата за случајот „Ласкарци“. Ристеска е член на судечкиот совет за предметот „Ласкарци“, поради што постеше опасност од враќање на предметот кој трае повеќе од четири години […]

Судскиот совет изгласа запирање на постапката против Беса Адеми


Судскиот совет на денешната расправа за утврдување одговорност за претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми, реши да се запре постапката. Одлуката беше изгласана со седум гласа за запирање и четири гласа против. Расправата беше тензична, а на одговорност најмногу инсистираше членот  на Судскиот совет Тања Чачарова – Илиевска.  Дури и претходниот претседател на Судскиот совет, […]

Со грант од Шпанија ќе се прави студија за пловечки фотоволтаици – да не поскапи водата за наводнување


Со грант вреден 765.158 евра од Кралството Шпанија, земјава ќе изготувува студија за поставување пловечки фотоволтаици. Целта е да се намалат трошоците за струја на АД „Водостопанство“ за пумпните станици и да не се дозволи да дојде до поскапување на водата за наводнување што ја користат земјоделците. Договорот за грантот го потпишаа денеска министерот за […]

Духот на Трамп лебди во Давос


ДАВОС, Швајцарија – Светските лидери собрани на швајцарските Алпи оваа недела се нервозни што Доналд Трамп ќе биде уште поантиглобален ако се врати како претседател на САД. И тие имаат добра причина за тоа. Во понеделникот вечерта, токму кога Трамп беше крунисан за победник на републиканските избори во Ајова – првата фаза од прелиминарниот процес за […]

УЈП спречи измама со поврат на ДДВ од 160 милиони денари за нафтени компании


  Компании регистрирани за трговија со нафта и нафтени деривати од липковско-кумановскиот регион се обиделе со лажни фактури  да добијат поврат на ДДВ и исплати по основ на данок на личен доход од УЈП.  Двете првично имале ист сопственик и ист сметководител, но во критичен момент го смениле сопственикот и управителот и сега на тие […]

Петте најбогати луѓе во светот станаа двојно побогати, а сиромашните се посиромашни


  Петте најбогати луѓе во светот го зголемија своето богатство повеќе од двојно на 869 милијарди долари од 2020 година, додека најсиромашните 60% во светот – речиси 5 милијарди луѓе – изгубија пари. Деталите се објавени во извештајот на Оксфам додека најбогатите луѓе во светот се собираат од понеделник во Давос, Швајцарија, на годишниот состанок […]

Дејвид Гир вели дека ЕУ не размислува за промена на преговарачката рамка


  Амбасадорот на ЕУ, Дејвид Гир, изјави дека пристапните преговори на Македонија со Унијата се веќе отворени во јули 2022 и дека сега треба да се направи уште следниот чекор – уставните измени, кои се дел од преговарачката рамка. Во интервју за МИА тој ги отфрли споредбите со „кафето на Орбан“ кога се носеше одлуката […]

Варадкар: Евроинтеграцијата не е партиска, туку национална работа


  Премиерот на Ирска, Лео Варадкар, порача денес од Скопје дека приклучувањето на ЕУ треба да биде национална амбиција, а не партиска или политичка  работа и дека тоа треба да се забрза. Премиерот Димитар Ковачевски возврати дека ако некоја земја се развила значајно по приемот во ЕУ, нема подобар пример за тоа од Ирска. Тој […]

Зошто САД и Британија ги нападнаа Хутите токму сега?


  Кога американските и британските воени бродови и авиони лансираа бранови ракети врз бунтовниците Хути во Јемен поддржани од Иран во петокот рано во петокот во Сана, тоа беше врвот на неколкунеделните предупредувања до групата да ги прекине нападите со беспилотни летала и ракетни напади врз комерцијални бродови во Црвеното Море или ќе се соочат […]

Американските „црни листи“ за две недели треба да станат македонски


  Министерот за надворешни работи Бујар Османи денес ги претстави измените на Законот за рестриктивни мерки со кои црните листи на САД ќе станат дел и од законодавството на нашата земја. Поконкретно, законските измени за кои Владата ќе решава идниот вторник, а треба да се најдат на гласање една недела подоцна, покрај другите дела за […]

Почна судењето на Израел за геноцид во Хаг по тужбата на Јужна Африка


  ХАГ – Од  континент далеку од борбите меѓу Израел и Хамас, Јужна Африка им рече на судиите во највисокиот суд на Обединетите нации во четвртокот дека Израел изврши геноцид во Газа и побара судот итно да му нареди на Израел да ја запре својата воена операција. Израел жестоко ги отфрли ваквите аргументи. Јужноафриканските адвокати […]

Изјавата на холандскиот амбасадор за Османи не е критика, туку судир на концепти


  Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, ја релативизираше денес критиката на холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп упатена до лидерот на ДУИ, Али Ахмети, дека посветеноста на Северна Македонија за членство во ЕУ е загрозена од постојаниот пад во владеењето на правото и дека Холандија ќе реагира. Тоа што беше директна критика на мешањето на […]

Пред Нова година на трасата Кичево – Охрид цели ридови паднале врз новоизграден автопат


  Не се знае судбината на автопатот Кичево – Охрид, ниту кога ќе биде завршен, ниту, пак дали за неговата доизградба ќе бидат потребни дополнителни средства. Оваа делница која што се гради веќе речиси десет години и натаму е предмет на дебати и меѓусебни обвинувања на политичките партии. Во меѓувреме, цената за автопатот од првичните […]

Ковачевски: М-НАВ станала семејна фирма, треба посериозно да се позанимаваме со неа


  Премиерот Димитар Ковачевски изјави денес дека М-НАВ е станата како семејна фирма и дека Еуроконтрол и домашните институции треба посериозно да се позанимаваат со неа. Според него, таму од исти семејства има вработувања до трето колено, а како пример го наведе вработувањето на претседателот на Синдикатот на контролори на летање, Александар Тасевски, неговиот татко […]

Хекуран Асани е нов предлог на Владата за директор на М-НАВ, Мехмеди не исполнува услови


 Хекуран Асани е нов предлог на Владата за претседател на Управниот одбор на давателот на воздухопловни услуги М – НАВ. Од Владата информираат дека ја смениле првичната одлука од денешната седница со која до надзорниот одбор на М-НАВ дадоа насоки нов претседател на УО да биде Илир Мехмеди затоа што не ги исполнувал условите за […]