Целата македонска политичка елита, плус Вучиќ, на Светосавската академија


  Претседателот Стево Пендаровски, премиерот во оставка Димитар Ковачевски, српскиот претседател Александар Вучиќ, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, беа меѓу многуте гости на вечерашнава Светосавска академија во објектот на МНТ со каде се одбележуваше денот на српската заедница во Македонија – 27 јануари. На академијата се обратија и Пендаровски и Ковачевски и Вучиќ. „Добрососедството, втемелено […]

Борис Надеждин создаде неочекувана дилема за Кремљ


  Тие се наредени во илјадници низ Русија во последните денови, стоејќи на жестокиот студ за шанса да потпишат петиции за поддршка на неверојатниот предизвикувач на претседателот Владимир Путин. Борис Надеждин стана дилема за Кремљ додека се обидува да се кандидира на претседателските избори на 17 март. Сега се поставува прашањето дали руските власти ќе […]

Џафери го доби мандатот да ја формира техничката влада


  Претседателот Стево Пендаровски денеска му го врачи мандатот на Талат Џафери за состав на преодната влада која ќе функционира до изборот на новиот кабинет кој ќе се формира по парламентарните избори на 8 мај.   Со тоа работите за формирањето на техничката влада одат мазно, без никакви проблеми, иако претходниве два месеци се создаваше […]

Меѓународниот суд на правдата му нареди на Израел да го спречи геноцидот во Газа


  Врвниот суд на Обединетите нации во петок ќе донесе одлука за повикот до Израел да ја запре својата воена офанзива во Газа, кога ќе донесе прелиминарна одлука во случајот со кој се обвинува Израел за геноцид во малата крајбрежна енклава. Џоан Донахју, претседателка на Меѓународниот суд на правдата, ја отвори седницата за да ја […]

Aнализа: Ако сегашната владејачка коалиција стане предизборна, ВМРО-ДПМНЕ има само 4 отсто шанса за победа


  Ако се одржат сега избори во Македонија и ако владејачката коалиција на СДСМ настапи со една листа, а ВМРО-ДПМНЕ со актуелната коалиција, речиси нема сценарио во кое опозициската партија ќе победи на изборите за парламентот, сугерира анализата на Преспа институтот направена преку алатката за истражување и аналитика ЕлектоМетар. Според истата анализа, која се заснова […]

Собранието ги констатираше оставките на Ковачевски и Џафери (во живо)


Собранието денеска ја почна 139. седница на која беа констатирани оставките на премиерот Димитар Ковачевски и на претседателот на Собранието Талат Џафери.  Премиерот Ковачевски и претседателот на Собранието не ги образложија оставките.  Се очекува на седницата да биде избран новиот претседател на законодавниот дом Јован Митрески, актуелен координатор на пратеничката група на СДСМ. Ковачевски и […]

Спасовски: Криминална група набавувала кокаин од Латинска Америка, извршила и три убиства


  Голема злосторничка афера откри министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски попладнево, при што кажа дека криминална група од село Грчец, вршела транспорт на кокаин од Латинска Америка, до европски земји, како и во Македонија. Истите се осомничени и за четири убиства, во последните години, меѓу кои и на двајца албански државјани во близина на […]

Ковачевски лично ја однесе оставката во Собранието


  Нестандардно за македонски прилики, премиерот Димитар Ковачевски претпладнево лично ја достави својата оставка во Собранието. Со тој негов чекор во оставка е целата Влада до изборот на техничката влада во недела на 28 јануари.  Премиерот Ковачевски имаше куса изјава за медиумите пред Собранието во која рече дека државата и за време на техничкиот премиер […]

Пресуда за Ласкарци – за возачот 14 години, за сопственикот на „Дурмо турс“ четири


  Пет години по ужасната несреќа кај скопското село Ласкарци процесот за одговорноста зошто се случи оваа трагедија денеска резултираше со судски пресуди, а најголема казна од 14 години доби возачот на автобусот Маноил Трифуновски. На затворски казни беа осудени и сопственикот на компанијата „Дурмо турс“, одговорниот за транспорт во фирмата, како и вработените во […]

„Лидл“ стави временска капсула во темелите на логистичкиот центар во Кумановско


  „Лидл“ денеска ја претстави својата најголема инвестиција во Северна Македонија, логистичкиот центар во близина на Куманово. Ова досега е највредна инвестиција на „Лидл“ во земјава со вкупна вредност од 80 милиони евра, којашто ќе отвори повеќе од 150 работни места. Според планот на компанијата изградбата на логистичкиот центар да започне во следниот период, додека […]

Орбан во небрано, остана сам против приемот на Шведска во НАТО


  Виктор Орбан рече дека ќе го повика унгарскиот парламент да ја завери кандидатурата на Шведска за НАТО „во првата можна можност“, откако дипломатите рекоа дека сојузниците на Унгарија се „огорчени“ од влечењето на земјата. Шведска поднесе барање за приклучување кон НАТО во мај 2022 година, но нејзиниот пристап беше одложен бидејќи Турција и Унгарија […]

Петровска: Да не бевме во НАТО кога почна војната во Украина не ќе можевме да кажеме дека земјата е безбедна


Најбрз и највидлив пример од нашето зачленување во НАТО е трансформацијата на нашата Армија, се она што е направено и долгорочните планови што се донесени, но и нивната успешна реализација, рече министерката за одбрана Славјанка Петровска на панелот „Северна Македонија – безбедна членка на нато со европска иднина“ во рамките на конференцијата „Година на европски […]

На Џафери не му е гајле дали ВМРО-ДПМНЕ ќе го гласа


На 28 јануари ќе биде закажана седницата за избор на техничката влада, а потоа и втора седница за избор на дополнителните заменици министри, како и за верификација на мандат на пратеник. Претседателот на Владата Димитар Ковачевски и претседателот на Собранието Талат Џафери, кој е мандатар на техничката влада, оставки ќе поднесат утре, со што почнуваат […]

Единаесет задолжителни мерки за М-НАВ, прекршочни платни налози… АЦВ подготви прелиминален извештај


Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ) го подготви прелиминалниот извештај од вонредниот надзор по инцидентот во националниот оператор за воздухопловна навигација во делот на обезбедувањето. Изготвен е конечен записник, врз основа на кој од 14 утврдени наоди изготвено е решение со наредба за преземање 11 задолжителни  мерки и активности со различен рок на реализација, што ќе […]

Џафери ќе ги соопшти датумите на седниците за оставките и за изборот на техничката влада


Претседателот на Собранието Талат Џафери, денеска ќе одржи ад хок координација, на која, како што информираа од Собранието, ќе се утврдат точните датуми на седниците за оставките и за изборот на техничката влада. Потоа Џафери ќе има неформална средба со претставници на медиумите, на која, како што е најавено, ќе се разговара за тековните и […]

Годинава ќе бидеме независни во снабдувањето со енергија од источните земји


Оваа година е многу важна за нас зашто, од осамостојувањето на државата до денес, прв пат ќе бидеме целосно независни од источниот дел во однос на снабдувањето со енергенси, посебно во делот на природен гас, рече денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Во дискусијата на панелот „Инвестиции во енергетска транзиција и инфраструктура за здрава животна […]

Курти: Самоопределување не учествува и не се меша во изборите во Македонија


Косовскиот премиер Албин Курти вчера во Скопје изјави дека обвинувањата против движењето Самоопределување за мешање во изборите во Северна Македонија се неосновани и посочи дека неговата партија не е ниту регистрирана како политички субјект во нашата земја, пренесува „Телеграфи“. Тој истакна дека движењето Самоопределување нема да учествува на изборите во Северна Македонија. „Самоопределувањето не е […]

До 29 февруари продолжени замрзнатите цени


Владата одлучи ограничувањето на цените на основните прехрамбени производи да го продолжи до крајот на февруари. Според последната одлука, тоа требаше да заврши на крајот на овој месец.  Повеќе мерки донесе Владата синоќа на 222-та владина седница: Продолжено е ограничувањето на цените на основните прехранбени производи, вода и одредени видови пијалоци до 29 февруари; Утврдени […]

Градски превоз ќе има! Со аплауз дочекана одлуката на Советот


Со 25 гласови „за“, Советот на повторената вонредна седница денеска донесе одлука да се исплатат субвенции на ЈСП „Скопје“. Гостите, кои присуствуваа на седницата, со аплауз ја дочекаа одлуката. Скопјани може да здивнат. Утре ќе има автобуси и секој ќе може да стигне на работа, на училиште, на лекар.  Пред да се гласа за доделување […]

О’Брајaн: Планот за раст ќе овозможи побрз пристап до единствениот пазар на ЕУ


Планот за раст на ЕУ не е како никој друг план досега, бидејќи не треба да правите реформи за да бидете оценувани подоцна, туку тие ќе овозможат побрз пристап до заедничкиот европски пазар. Секоја влада од шесте земји од Западен Балкан се согласи дека ќе работат заедно за луѓето од регионот да добијат вистински можности […]