Ако возите со возачка без „Северна“ ќе платите казна исто како да не поседувате дозвола

МВР апелира граѓаните да не управуваат возило доколку немаат валидна возачка дозвола со името Република Северна Македонија


Околу возачките дозволи, ги известуваме граѓаните дека од 00 часот на 13 февруари 2024 година ќе важат само возачките дозволи со името Република Северна Македонија, соопшти денес МВР.

Министерството за внатрешни работи ќе постапува согласно закон и затоа апелираме граѓаните да не управуваат возило доколку немаат валидна возачка дозвола со името Република Северна Македонија.

Предупредуваме и дека во случај на настаната штета при евентуална сообраќајна несреќа, поради невалидната возачка дозвола, граѓаните кои немаат валидна возачка дозвола ќе мора да ги сносат последиците околу евентуалната штета, се вели во соопштението на МВР.