Каспаров откри дали се плаши за својот живот: Има земји во Европа кои не би ги посетил


Шаховскиот велемајстор и руски опозиционер Гари Каспаров зборуваше за актуелната геополитичка ситуација и се осврна на фактот дека во Русија е прогласен за терорист.

Во интервју за полски Онет, Каспаров ја коментираше одлуката на Кремљ да го стави на листата на терорист.

„Не ја признавам одлуката на режимот. Сметам дека рускиот режим е незаконски и криминален. Да ме нарекуваат терорист? За мене тоа е чест, а според законот на Путин морам да бидам терорист бидејќи сакам слободнa Русија. Путин е непријател не само на Украина, туку и на слободниот свет. Самиот тој, како и секој диктатор, се бори против борците за слобода. Моето име што се појавува на оваа листа е признание дека правам нешто многу важно“, рече Каспаров.

Тој се осврна и на тоа во кои делови од светот смее да патува.

„Живеам во Њујорк без заштита. Веќе не патувам толку често. Има малку земји каде што се чувствувам безбедно. Полска е една од нив. Ќе одам и во Романија. Тоа е исто така земја во која верувам дека владата прави сè што може за да ги заштити луѓето како мене. Надвор од Европа, можам да се чувствувам безбедно во Австралија, Нов Зеланд, а можеби и во Јужна Кореја, има земји што не би ги посетил, како Унгарија.

На крајот од интервјуто Каспаров ја коментираше и ситуацијата во Украина и рече дека Полска води во земјите кои и помагаат на Украина, но дека тоа не е доволно.

„Проблемот е што Полска не е најголемата сила во НАТО. Треба да ги погледнеме Вашингтон, Берлин и Париз. Има сè поголема неизвесност. Крајот на војната мора да вклучува целосно обновување на украинскиот суверенитет на сите територии, вклучувајќи го и Крим, репарации и изведување на воените злосторници пред лицето на правдата. Сè додека Европа и Америка прифаќаат полумерки, Полска и нејзините соседи ќе мора да се плашат за својата безбедност“, заклучи Каспаров.