„Карфур“ доаѓа во Србија
Филијалата на „Карфур“ (Carrefour) во Грција потпишала ексклузивни права за претставување на „Карфур“ и на српскиот пазар, дознава Ретајл Србија. Company Retail & More A.E. планира да го донесе „Карфур“ во Србија, но и на неколку други пазари на Балканот.
Грчката компанија во соработка со партнери во Бугарија неодамна ги отвори првите супермаркети „Карфур“ во Бугарија. Новиот план предвидува во наредниот период отворање на 70 нови капацитети во Грција и Бугарија.
„Карфур“ минатата година ги презеде сите хипермаркети Кора во Романија и најави нови инвестиции. Сите објекти неодамна беа ребрендирани и сега работат под капата на „Карфур“.